Наградена Потрага по Верата
Ве повикувам сите постојано да ја зголемувате вашата вера во Христа, кој продолжува да ги менува животите на сите кои го бараат Него.
Започнувајќи од 1846, илјадници пионери мажи, жени и деца тргнаа кон запад до Сион. Нивната голема вера ја разбуди нивната безгранична храброст. За некои, тој пат беше незавршен зашто починаа попат. Другите пак, соочувајќи се со големи маки, тераа напред во вера.
Поради нив, генерации подоцна, моето семејство уживаше во благословите на вистинското евангелие на Исус Христос.
Многу слично како и друг млад човек, кого ќе го споменам подоцна, имав 14 години кога почнав да ја преиспитувам религијата и својата вера. Посетував црква од друга деноминација близу до мојата куќа, но почувствував желба да посетам многу различни цркви.
Едно попладне, забележав двајца млади мажи во темни костими и бели кошули како влегуваат во куќата на мојот сосед. Овие млади мажи изгледаа—посебно.
Следниот ден ја сретнав мојата сосетка, Леонор Лопез, и ја прашав за овие двајца мажи. Леонор објасни дека тоа се мисионерите од Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Радосно ми кажа дека нејзиното семејство беше крстено во Црквата една година претходно. Забележувајќи го мојот интерес, Леонор ме покани да се запознаам со мисионерите и да дознаам за Црквата.
Два дена подоцна, јас се придружив на семејството на Лопез за да ги запознаам мисионерите. Тие се претставија како Старешина Џон Месерли од Орегон, Јута и Старешина Кристофер Осарио од Волнат Крик, Калифорнија. Нема никогаш да ги заборавам.
Бидејќи имав само 14 години, Старешина Месерли инсистираше да одиме до дома и да ѝ кажеме на мојата мајка дека тие ме поучуваат. Таму, тие љубезно објаснија дека се тука за да ја споделат пораката за Исус Христос и побараа нејзина дозвола за да ме поучуваат. Мајка ми се согласи и дури ни се придружи додека тие ме поучуваа.
Мисионерите најнапред побараа од Леонор да каже молитва. Ова длабоко ме погоди затоа што нејзината молитва не беше само повторување на запамтени зборови туку објавување на нејзините најискрени чувства. Почувствув дека таа навистина зборува со Небесниот Отец.
Мисионерите потоа нѐ поучуваа за Исус Христос. Тие ни покажаа Негова слика што ме импресионира зашто тоа беше слика на воскреснатиот, живиот Христос.
Продолжија, учејќи нѐ како Исус ја воспоставил Неговата Црква во древните времиња, со него на чело придружуван од дванаесет Апостоли. Нѐ поучуваа за Отпадништвото—како вистината и Христовата власт биле одземени од земјата откако починале Апостолите.
Ни кажаа за младиот 14-годишник Џозеф Смит кој, за време на раните 1800 тини, посети различни цркви барајќи ја вистината. Како што минуваше времето, Џозеф стануваше сѐ позбунет. Откако прочита во Библијата дека можеме да „побараме од Бога“1 мудрост, Џозеф, делувајќи според верата, се повлече во малата шума за да се моли и запраша на која црква да и се приклучи.
Еден од мисионерите го прочита Џозефовиот запис за тоа што се случило додека се молел:
„Видов столб од светлина точно врз мојата глава, посилен од светлината на сонцето, кој постепено се спушташе додека не ме прекри.
Кога светлината беше врз мене, видов две Лица чија сјај и слава му пркосат на секаков опис, како стојат над мене во воздухот. Едниот од нив ми прозборе, повикувајќи ме по име и рече, покажувајќи кон другиот—Ова е Мојот Сакан Син. Него Послушај го!”2
За време на таа лекција, Духот ми потврди неколку вистини.
Прво, Бог ги слуша молитвите на сите Негови деца, а небото е отворено за сите—не само за неколку.
Второ, Бог Отецот, Исус Христос и Светиот Дух се три одделни суштества, обединети во својата цел „да се реализира бесмртноста и вечниот живот за луѓето.“3
Трето, создадени сме според ликот на Бога. Нашиот Небесен Отец и Неговиот Син, Исус Христос, имаат тела од месо и коски како нас, но Тие се прославени и совршени, а Светиот Дух е личност на духот.4
Четврто, преку Џозеф Смит, Исус Христос го обнови Своето евангелие и вистинската Црква на земјата. Свештенско овластување што им беше доделено на Христовите Апостоли пред 2,000 години е истото свештенство што им е доделено на Џозеф Смит и Оливер Каудери од Петар, Јаков и Јован.5
На крај, дознавме за уште едно сведоштво за Исус Христос: Книгата на Мормон. Напишана од древните пророци, зборува за луѓето кои живееле во Америка пред, за време и по раѓањето на Христос. Од неа дознаваме како тие знаеле за, го сакале и му служеле на Христос, кој им се појавил како воскреснатиот Спасител.
Духот длабоко ме трогна кога дознав за Спасителовата изјава дадена на нив: „Видете, јас сум тој Исус Христос, за кого пророците сведочеа дека ќе дојде на светот.“6
Мисионерите ни дадоа примерок од Книгата на Мормон. Ја прочитавме и ја прифативме поканата која може да се најде на крајот од Кигата на Мормон, која чита:
„А кога ќе ги примите овие работи, ве опоменувам да го прашате Бога, Вечниот Отец, во името на Исус Христос, дали овие нешта се вистина; а доколку прашате со искрено срце, со вистинска намера, имајќи вера во Христос, тој со помош на Светиот Дух ќе ви ја објави вистината за тоа.
„А преку моќта на Светиот Дух можете да ја дознаете вистината за сите нешта.“7
Поминаа речиси 45 години откако мојата мајка и јас за прв пат слушнавме за радоста и моќта да се има вера во Христос. Поради верата на семејството на Лопез во Христос тие ја споделија новата вера со мене . Поради верата во Христос овие два мисионери ги напуштија своите домови во Соединетите Држави за да ме пронајдат мене и мојата мајка. Поради верата на сите овие драги пријатели што засадија синапово семе на вера во нас, тоа израсна во моќно дрво на вечни благослови.
Во текот на овие благословени години, ние сознавме, како што Претседателот Нелсон изјави: „Сѐ добро во животот—секој потенцијален благослов од вечно значење—започнува со вера. Дозволата Бог да надвладее во нашите животи започнува со вера дека тој е спремен да не води. Вистинското покајание започнува со вера дека Исус Христос ја има моќта да не прочисти, исцелува, и да нѐ зајакне.“8
Ве повикувам сите непрекинато да ја зголемувате вашата вера во Христос, кој ги промени животот на мојата сакана мајка и мојот и продолжува да ги менува животите на сите кои го бараат Него. Јас знам дека Џозеф Смит е Пророкот на Обновувањето, дека Претседателот Нелсон е нашиот пророк денес, дека Исус е живиот Христос и нашиот Откупител и дека Небесниот Отец живее и одговара на молитвите на сите Негови деца. Јас сведочам за овие вистини во светото име на Исус Христос, амин.