Генерална Конференција
Чиста Вистина, Чисто Учење, и Чисто Откровение
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Чиста Вистина, Чисто Учење, и Чисто Откровение

Ве молам направете ја оваа конференција време за насладување со пораките од Господ преку Неговите слуги.

Почитувани мои Браќа и Сестри, добредојдовте на генералната конференција! Каква радост е да се биде со вас! Членовите на оваа Црква се во моите мисли скоро постојано во текот на последните шест месеци. Се молев во врска со вас и за вас. Во текот на изминатите недели се молев со намера да оваа конференција биде време за откровение и размислување за сите што ги бараат овие благослови.

Ни претставува задоволство што уште еднаш ќе ви говориме од Конференцискиот Центар. Повеќето места остануваат празни, но присутвото на некои членови на Хорот „Табернакул“ е прекрасен чекор напред. Ви посакуваме добредојде на сите на оваа воглавно виртуелна конференција, каде и да сте.

Сѐ уште се справуваме со пустошењето на Ковид-19 и неговите варијации. Ви благодариме за следењето на нашиот совет и советите на медицинските експерти и владините претставници во вашите сопствени заедници.

Ја свикуваме секоја генерална конференција како што нѐ упатува Господ.1 Форматот варираше со текот на годините. Кога бев многу помлад, конференцијата траеше три или четири дена. Подоцна, таа се намали на два дена. Секоја порака—тогаш и сега—е резултат на најискрена молитва и на многу духовна подготовка.

Генералните Власти и Генералните Службеници на Црквата кои говорат ќе ги фокусираат своите пораки на нашиот Спасител, Исус Христос, Неговата милост, и Неговата бесконечна откупна моќ. Никогаш во историјата на светот не постоело време кога знаењето за нашиот Спасител е лично побитно и порелевантно за секоја човечка душа. Замислете колку брзо разорните конфликти ширум светот ќе се разрешат —и оние во нашиот индивидуален животи—ако сите избереме да го следиме Исус Христос и обрнеме внимание на Неговите учења.

Во тој дух, ги повикувам сите да ги слушнат трите нешта за време на оваа конференција: чиста вистина, чисто учење и чисто откровение. Спротивно на нечии сомнежи, навистина постои такво нешто како добро и лошо. Навистина постои апсолутна вистина—вечна вистина. Една од несреќите од денешно време е што премалку луѓе знаат каде да се обратат за вистина.2 Ве уверувам дека она што ќе го слушнете денес и утре претставува чиста вистина.

Чистото учење за Христос е моќно. Го менува животот на секој кој го разбира и бара да го примени во својот живот. Учењето за Христос ни помага да го пронајдеме и да останеме на заветниот пат. Останувањето на тој тесен но добро дефиниран пат на крајот ќе не квалификува да го примиме сето она што го има Бог.3 Ништо не би можело да биде повредно од сето она што нашиот Отец го има!

На крај, чисто откровение за прашањата во вашето срце ќе ја направат оваа конференција пријатна и незаборавна. Ако се уште не сте побарале служба од Светиот Дух за да ви помогне да го слушнете она што Господ би сакал да го слушнете во текот на овие два дена, ве поканувам да го сторите тоа. Ве молам направете сѐ што е во ваша моќ за да оваа конференција биде време за насладување со пораките од Господ преку Неговите слуги. Научете како да ги воведете во вашиот живот.

Ова е Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните-дни. Ние сме Неговиот заветен народ. Господ изјавил дека Тој би ја забрзал Неговата работа во од него одредено време,4 и Тој го прави тоа постојано со растечко темпо. Привилегирани сме што учествуваме во Неговото свето дело.

Се повикувам на благослов врз сите кои бараат поголема светлина, знаење и вистина. Ја изразувам мојата љубов за секој од вас, во светото има на Исус Христос, амин.