Генерална Конференција
Привилегиран од Господа во Сите Мои Дни
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Привилегиран од Господа во Сите Мои Дни

Како реагираме на нашите невољи? Дали чувствуваме благодарност затоа што сме повеќе фокусирани на нашите благослови отколку на нашите проблеми?

Пандемијата Ковид-19 беше едно од многуте искушенија и предизвици со коишто се соочуваа Божјите деца низ историјата на светот. На почетокот на оваа година, јас и моето сакано семејство преживеавме мрачни денови. Пандемијата и други причини донесоа смрт и болка во нашето семејство преку смртта на неколку наши сакани. И покрај медицинскиот нега, постот и молитвата за нецели пет недели мојот брат Чарли, мојата сестра Сузи, и мојот девер Џими преминаа на другата страна на превезот.

Од време на време се прашував зошто Спасителот плачеше кога виде дека Марија ја мачи смртта на нејзиниот брат Лазар, иако Тој знаеше дека ја има моќта да го воздигне Лазар и дека многу наскоро Тој ќе ја искористи оваа моќ да го спаси Неговиот пријател од смрт.1 Вчудоневиден сум од Спасителовото сочуство и емпатија за Марија; Тој ја свати неописливата болка што Марија ја почувствува при смртта на нејзиниот брат, Лазар.

Ние ја чувствуваме истата интензивна болка кога ја доживуваме привремената разделба од саканите. Спасителот има совршено сочувство за нас. Тој не нѐ обвинува за нашата кратковидост, ниту пак за ограниченоста при визуелизацијата на нашето вечно патување. Наместо тоа, Тој има сочувство за нашата тага и страдање.

Небесниот Отец и Неговиот Син, Исус Христос, сакаат да имаме радост.2 Претседателот Расел М. Нелсон поучува: „Радоста што ја чувствуваме има малку врска со околностите од нашите животи таа има врска со сѐ што е поврзано со фокусот во нашите животи. Кога фокусот во нашиот живот е на Божјиот план за спасение, … можеме да ја почувствуваме радоста без разлика на тоа што се случува—или не се случува—во нашите животи.“3

Се сеќавам кога бев млад мисионер, кога еден прекрасен мисионер на кого му се восхитував доби катастрофални вести. Неговата мајка и неговиот помлад брат починаа во трагична несреќа. Претседателот на мисионерите му понуди на овој старешина да се врати дома за погребот. Меѓутоа, откако разговарал со својот татко по телефон, мисионерот одлучил да остане и да ја заврши својата мисија.

Посета на мисионер во болницата

Кратко време подоцна, кога служевме во истата зона, мојот содружник и јас примивме итен повик; некои крадци го беа украле велосипедот кој му припаѓаше на истиот мисионер и го беа повредиле со нож. Тој и неговиот придружник морале да отпешачат до најблиската болница, каде што јас и мојот придружник ги сретнавме. На пат до болница, јас тагував за овој мисионер. Замислував дека неговиот дух ќе биде слаб и дека сега сигурно ќе сака да се врати дома, по ова трауматично искуство.

Сепак, кога пристигнавме во болницата, видов како овој мисионер лежи на својот кревет, чекајќи да биде однесен на операција—а тој се смееше. Помислив, „Како може тој да биде насмеан во вакво време?“ Додека се опоравуваше во болницата, со огромен ентузијазам им делеше памфлети и копии на Книгата на Мормон на докторите, сестрите и на другите пациенти. Дури и со овие искушенија, тој не сакаше да замине дома. Наместо тоа, тој служеше со вера, енергија, сила и ентузијазам до последниот ден од својата мисија.

На почетокот на Книгата на Мормон, Нефи вели, „Сум видел многу невољи во текот на моите денови, но сепак бев многу привилегиран од Господа во текот на сите мои денови.“4

Размислувам за бројните искушенија што Нефи ги беше доживеал, многу од нив се вклучени во неговиот запис. Неговите искушенија ни помагаат да разбереме дека сите ние имаме наши сопствени црни денови. Едно од овие искушенија се случи кога на Нефи му беше наредено да се врати во Ерусалим за да ги добие месинганите плочи што Лабан ги чуваше како своја сопственост. Неколку од Нефиевите браќа беа луѓе со слаба вера, па дури и го удрија Нефи со стап. Нефи доживеа уште едно искушение кога го скрши лакот и не можеше да обезбеди храна за своето семејство. Подоцна, кога на Нефи му беше наредено да изгради брод, неговите браќа го исмеваа и одбиваа да му помогнат. И покрај овие и многу други искушенија во текот на неговиот живот, Нефи секогаш ја препознаваше Божјата добрина.

Нефи окован за бродот

Додека неговото семејство го преминуваше океанот на пат кон ветената земја, дел од нефиевото семејство „започнаа да се развеселуваат,“ да зборуваат грубо и да забораваат дека токму Господовата сила е таа што ги сочува. Кога Нефи ги казни, тие беа навредени и го врзаа со јажиња за да не може да се движи. Книгата на Мормон наведува дека неговите браќа „навистина се однесуваа кон него со многу грубост“; неговите зглобови и глуждови „беа многу отечени, и голема беше неговата болка.“5 Нефи беше растажен од тврдоста на срцата на браќата негови и на моменти се чувствуваше совладан од тагата.6 „Сепак,“ изјави тој, „јас се свртев кон Бога, и го фалев цел ден; и не мумлав против Господ поради моите невољи.“7

Почитувани мои браќа и сестри, како ние реагираме на нашите невољи? Дали ние не мумламе пред Господа поради нив?“ Или пак, како Нефи и како мојот поранешен пријател мисионер, дали чувствуваме благодарност во зборот, мислата и на дело бидејќи сме повеќе фокусирани на нашите благослови отколку на нашите проблеми?

Нашиот Спасител, Исус Христос ни постави пример за време на Неговата земна мисија. Во моменти на тешкотија и искушение, постојат малку работи што ни носат повеќе мир и задоволство отколку да им служиме на оние околу нас. Книгата на Матеј раскажува што се случило кога Спасителот дознал дека Неговиот роднина Јован Крстителот бил обезглавен од Кралот Ирод за да и угоди на ќерката Иродиајада:

„И неговите следбеници дојдоа, го зедоа телото, го погребаа, и отидоа да му кажат на Исус.

„Штом го чу тоа Исус, замина оттаму со кораб во пусто место, насамо: а народот штом слушна за тоа, тргна по Него пеш од градовите.

„И кога излезе Исус , виде многу народ; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни.

„А на стемнување Му пријдоа учениците Негови и рекоа: „Местово е пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“

„Но Исус им рече,Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“8

Исус Христос ни покажа дека во текот времиња на искушение и невољи можеме да ги препознаеме тешкотиите на другите. Поттикнати од сочувството, можеме да им подадеме рака и да ги возвишиме. И додека го правиме тоа, ние исто така се чувствуваме возвишено преку нашата Христолика служба. Претседателот Гордон Б. Хинкли нагласи:„Најдобриот противотров што го знам против грижата е работата. Најдобриот лек за очајот е службата. Најдобриот лек за заморот е предизвикот да му се помогне некому кој се чувствува уште поуморно.“9

Во оваа, Црквата на Исус Христос, имав многу можности да им помагам и да им служам на мои блиски. Токму во тие времиња чувствував дека Небесниот отец го олеснува мојот товар. Претседателот Расел М. Нелсон е пророкот на Бога на земјата; тој е одличен пример за тоа како треба да им служиме на другите за време на тешки искушенија. Го обединувам моето сведоштво со оние на многу други Свети дека Бог е нашиот сакан Небесен Отец. Лично ја почувствував Неговата бескрајна љубов за време на моите мрачни денови. Нашиот Спасител, Исус Христос, ги разбира нашите болки и страдања. Тој сака да ги олесни нашите страдања и да нѐ утеши. Мора да го следиме неговиот пример служејќи им и помагајќи им на оние кои имаат поголеми тешкотии од нашите. Во името на Исус Христос, амин.