Личен Мир во Предизвикувачки Времиња
Никогаш не било поважно да се бара личен мир.
Неодамна добив задача да (п)осветам дел од историското Наву. Како дел од задачата, имав можност да го посетам затворот Либерти во Мисури. Додека го гледав затворот, размислував за настаните што го прават толку значаен дел од црковната историја. Животите на Светците биле загрозени како резултат на наредбата за истребување издадена од гувернерот на Мисури. Дополнително, Пророкот Џозеф и неколку избрани соработници беа неправедно затворени во Затворот Либерти. Една од причините за насилно спротивставување кон нашите членови била што најголемиот број од нив се спротивставувале на ропството.1 Ова жестоко прогонување на Џозеф Смит и неговите следбеници претставува екстремен пример на неправедно вежбање на правото на избор што може да има влијание врз праведните луѓе. Времето што Џозеф го минал во затворот Либерти покажува дека невољите не се доказ за Господовата немилост ниту пак се доказ за лишување од Неговите благослови.
Бев длабоко трогнат кога прочитав што Пророкот Џозеф Смит изјавил додека бил затворен во Затворот Либерти: „О Боже, каде си? И каде е павилјонот што го покрива твоето скривалиште?”2 Џозеф се прашуваше колку долго Господовиот народ ќе ги “трпи овие неправди и незаконски угнетувања.”3
Додека стоев во Затворот Либерти, бев длабоко трогнат додека го читав Господовиот одговор: „Сине мој, мир во твојата душа. Твоите невољи и твоите маки ќе бидат само за кратко; а потоа, ако добро издржиш, Бог ќе те возвиши на високо.“4 Јасно е дека спротивставувањето може да нѐ оплемени за вечна, небесна судбина.5
Скапоцените зборови на Спасителот „Сине мој, нека мир завладее во твојата душа“6 одекнуваат лично кај мене и имаат големо значење за наше време. Ме потсетуваат на Неговите учења за Неговите следбеници за време на Неговата земна служба.
Пред христовото страдање во Гетсеманската градина и на крстот, Тој им заповеда на Неговите Апостоли „сакајте се едни со други; како што јас ве сакав“7 и последователно им давал утеха со овие зборови: „Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам, но не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да страхува.“8
Една од најценетите титули на нашиот Господ и Спасител, Исус Христос, е „Принцот на Мирот.“9 На крајот ќе се воспостави Неговото царство вклучувајќи мир и љубов.10 Се радуваме на милениумското владеење на Месијата.
И покрај оваа визија на милениумско владеење, знаеме дека зборот мир и хармонија не преовладуваат во денешно време.11 Во текот на целиот мој живот, не сум видел поголем недостаток на цивилизираност. Бомбардирани сме со лут, спорен јазик и провокативни, разорни дејствија што го уништуваат мирот и тишината.
Мир во светот не е ветен или обезбеден сѐ до Второто Доаѓање на Исус Христос. Спасителот ги упати Своите Апостоли дека Неговата земна мисија нема да постигне универзален мир. Тој почуваше, „Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата.“12 Универзалниот мир не беше дел од првичната земна служба на Спасителот. Универзален мир не постои денес.
Сепак, личен мир може да биде постигнат и покрај гневот, кавгите и поделбите што го разоруваат и корумпираат нашиот свет денес. Никогаш не било поважно да се бара личен мир. Убава и многу сакана химна, напишана за денешните млади од Брат Ник Деј, насловена како „Мир во Христос“ прогласува: „Кога нема мир на земјата, има мир во Христос.“13 Благословени сме што ја добивме оваа химна непосредно пред светската Ковид-19 пандемија.
Оваа химна убаво се одразува на стремежот за мир и соодветно нагласува дека мирот е закотвен во животот и мисијата на Исус Христос. Претседателот Џозеф Ф. Смит изјави, „Тој дух на мир и љубов никогаш не би можел да дојде на свет … сѐ додека човештвото не ја прими Божјата вистина и Божјата порака …, и не ја признае неговата моќ и овластување што е божествено.“14
Иако ние никогаш нема да се повлечеме од обидите да постигнеме универзален мир, добивме уверување дека може да имаме личен мир, како што Христос поучува. Овој принцип е поставен во Учење и завети: „Но знајте дека тој што прави праведни дела ќе ја прими својата награда, и тоа мир на овој свет, и вечен живот во светот што доаѓа.“15
Што се некои од „делата на праведност“ што ќе ни помогнат да се справиме со решавање на расправите и намалување на кавгите и пронаоѓање на мир во овој свет? Сите Христови учења покажуваат во оваа насока. Ќе спомнам само неколку што верувам дека се особено важни.
Прво: Да го Сакаме Бога, Да ги Живееме Неговите Заповеди и да Им Простуваме на Сите
Претседателот Џорџ Алберт Смит стана Претседател на Црквата во 1945. Во времето додека беше Апостол тој беше познат како мирољубив водач. Во претходните 15 години пред да стане Претседател, предизвиците и искушенијата на огромната светска депресија, проследена со смрт и деструкции од II Сетска Војна, беа далеку од мирни.
На крајот на II Светска Војна, за време на неговата прва генерална конференција како Претседател во октомври 1945, Претседателот Смит ги потсети Светите на Спасителовата покана да се сакаат своите соседи и да им се прости на непријателите а потоа поучи, „Тоа е духот што сите Светци од Подоцнежните-дни би требало да бараат за да го имаат доколку се надеваат дека еден ден ќе застанат во негово присуство и ќе примат од неговите раце едно славно добредојде дома.“16
Второ: Барајте ги Плодовите на Духот
Апостолот Павле, во неговото Послание до Галатјаните, ја поставува дихотомијата помеѓу делата на праведност што нѐ квалификуваат да го наследиме царството Божје и делата што можат, без покајание, да нѐ дисквалификуваат. Помеѓу оние што нѐ квалификуваат се плодовите на Духот: „љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, [и] воздржливост.”17 Исто така, Павле вклучува и да ги носиме товарите еден на друг и да не се измориме од правење добрини.18 Помеѓу оние дела што не се праведни тој ги вклучува ревнување, гнев, и раздори.19
Една од најголемите лекции од периодот на Стариот Завет се поврзува со Таткото Авраам. Авраам и Лот, неговиот внук, биле богати но откриле дека не можат да живеат заедно. За да ги решат споровите, Авраам дозволил Лот да одбере која земја ја сака. Лот ја избрал рамнината Јордан, што била добро навлажнета и убава. Авраам ја избрал помалку плодната рамнина Мамре. Светите писма велат дека Авраам потоа го поставил својот шатор и изградил „олтар за Господ.“20 Лот, од друга страна, „го поставил својот шатор кон Содом.“21 За да се имаат мирни односи, лекцијата е јасна: Треба да бидеме спремни на компромис и решавање на спорови за прашања што не вклучуваат праведност. Како што поучуваше царот Бенџамин, „И нема да имате намера да се повредувате едни со други, туку да живеете мирољубиво.“22 Но во поглед на праведноста и доктринарните императиви, ние треба да останеме цврсти и постојани.
Доколку сакаме да имаме мир што е награда за делата на праведност, ние нема да ги подигнеме нашите шатори кон светот. Ние ќе ги подигнеме нашите шатори кон храмот.
Трето: Практикувајте Слобода на Избор за да Одберете Праведност
Мирот и слободата на избор се испреплетени како основни елемнти на планот за спасение. Како што е опишано во натписот од Евангелското Поглавје „Слобода на Избор и Одговорност,“ „Слобода на Избор е способност и привилегија што Бог ни ја дава за да избереме и дејствуваме сами за себе.“23 Така, слободата на избор е во срцето на личниот развој и искуство што нѐ благословува додека го следиме Спасителот.24
Слободата на избор беше главна тема на претсмртниот Совет на Небото и конфликтот помеѓу оние што избраа да го следат Христос и следбениците на Сатаната.25 Напуштањето на гордоста и контролата и избирање на Спасителот би ни дозволило да ја имаме Неговата светлина и Неговиот мир. Но личниот мир ќе биде охрабрен кога луѓето ја практикуваат својата слобода на избор на штетни и убиствени начини.
Јас сум убеден дека мирното уверување што го чувствуваме во нашите срца беше зајакнато со знаењето што го имаме за тоа што Спасителот на светот ќе направи за нас. Ова е убаво поставено во Проповедај го Моето Евангелие: „Како што се потпираме на Помирувањето на Исус Христос, Тој може да ни помогне да ги издржиме нашите искушенија, болести и болка. Можеме да бидеме исполнети со радост, мир, и утеха. Сѐ што е неправедно за животот може да се исправи преку Помирувањето на Исус Христос.“26
Четврто: Изградете го Сион во Нашите Срца и Домови
Ние сме децата на Бог и сме дел од Неговото семејство. Ние исто така сме дел од семејството во кое сме родени. Семејството како институција е основа и за среќа и за мир. Претседателот Расел М. Нелсон нѐ поучуваше— а и во текот на пандемијата научивме— дека насочениот кон домот, црковно-поддржан религиозен обред, може да „ја ослободи моќта на семејствата … да го претворат [нашиот] дом[ови] во светилиште на верата.“27 Кога ќе го имаме ова верско празнување во нашите домови, ќе го имаме и мирот на Спасителот.28 Свесни сме дека многумина од вас го немаат благословот на праведни домови и редовно се борат со оние кои избираат неправда. Спасителот може да обезбеди заштита и мир за да конечно ве одведат кон безбедност и засолниште од животните бури.
Ве уверувам дека радоста, љубовта и исполнетоста што може да се доживеат во почитувани праведни семејства создава и мир и среќа. Љубовта и љубезноста се централни за да го имаме Сион во нашите срца и во домовите.29
Петто: Да се Следат Тековните Предупредувања од Нашиот Пророк
Нашиот мир многу зајакнува кога го следиме Господовиот Пророк, Претседателот Расел М. Нелсон. За кратко ќе ја имаме можноста да го слушнеме. Тој е подготвен од основањето на светот за овој повик. Неговите лична подготовка беше највпечатлива.30
Тој нѐ поучуваше дека можеме „да почувствуваме траен мир и радост, дури и во трубулентни времиња,“ додека се трудиме да наликуваме на Спасителот, Исус Христос.31 Нѐ советуваше да „се покаеме секој ден“ за да го добиеме Господовото „прочистување, исцелување и зајакнувачка сила.“32 Јас сум личен сведок дека нашиот сакан пророк примил и продолжува да прима откровенија од небото.
Додека го уважуваме и поддржуваме како наш пророк, му служиме на Небесниот Отец и на нашиот Спасител, Исус Христос. Нам ни служи Светиот Дух.
Јас сведочам и давам мое лично Апостолско сведоштво дека Исус Христос, Спасителот и Откупителот на светот, ја води и управува со Неговата обновена Црква. Неговиот живот и мисија за помирување се вистински извор на мир. Тој е Прицот на Мирот. Јас го давам своето уверливо и свечено сведоштво дека Тој живее. Во името на Исус Христос, амин.