Генерална Конференција
Најголемото Поседување
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Најголемото поседување

Секој од нас треба да дојде при Христа со бескомпромисна посветеност кон Неговото евангелие.

Светите писма раскажуваат за богат млад владетел кој, трчајќи кон Исус, клекнал на Неговите стапала, и со очигледна искреност, го прашал Господарот, „Што треба да направам за може да наследам вечен живот?“ Откако го прегледал долгиот список на заповеди што овој ученик верно ги одржувал, Исус му кажал на човекот да го продаде целиот свој имот, да им ги даде приносите на сиромашните, да кога ќе го земе крстот, го следи Него. Смелоста на оваа наредба го натерала младиот владетел—и покрај неговите скапи сандали—да му се смрзнат нозете, и заминал тагувајќи бидејќи, светите писма велат, „имаше големо богатство.“1

Очигледно, ова е важна предупредувачка приказна за употребата на богатството и потребите на сиромашните. На крајот на краиштата тоа е приказна за сесрдна безрезервна посветеност кон божествената одговорност. Со или без богатства, секој од нас може да дојде до Христа со истата безкомпромисна посветеност на Неговото евангелие што се очекуваше од овој млад човек. На народниот јазик на денешната младина, ние треба да се изјасниме „сите во“2

Со оваа карактеристично постојана проза, Ц. С. Луис го замислува Господ како ни вели вака: “Јас не го сакам … вашето време … [ниту] вашите пари … [или] вашата работа [колку што] јас [едноставно] ве сакам Вас. [Тоа дрво што го поткаструвате.] Не сакам да отсечам гранка овде и гранка таму, Јас сакам … целото [тоа] да го отсечам. [И тој заб] Јас не сакам да [го]дупчам, крунисам или [пополнувам]. [Јас сакам] да го извадам. [Всушност, јас сакам да] ми го предадете [мене вашето] цело природно јас. … [И] ќе ви дадам ново јас, наместо тоа. Всушност, јас ќе ви се предадам: мојата… воља ќе стане [ваша воља].”3

Сите кои зборуваат на оваа генерална конференција, сите на еден или друг начин, ќе го кажат она што Христос му го рекол на овој богат млад маж: „Додете кај вашиот Спасител. Дојдете со цело срце и со сето свое срце. Па дојди и врви по Мене, кога ќе го земеш крстот, колку и да е тежок.“4 Тие ќе го кажат сето ова затоа што знаат дека нема полувреме, ниту почеток ниту прекин, ниту враќање назад во Царството Божјо. За оние што бараат дозвола да погребаат починат родител или барем да се збогуваат со другите членови на семејството, одговорот на Исус бараше многу и беше недвосмислен. „Оставете го тоа на другите,“ рече Тој. „Никој што ја ставил раката своја на ралото и погледнува назад, не е достоен за царството Божјо.“5 Кога тешки нешта се бараат од нас, нешта што се во спротивност на копнежите на нашето срце, запамтете дека лојалноста што ја ветуваме кон Христовата кауза ќе биде врвна посветеност на нашите животи. Иако Исаија нѐ уверува дека е достапно “без пари и без плаќање,”6—и е—ние мора да бидеме подготвени, користејќи ред од Т.С.Елиот, да нѐ чини „не помалку од сѐ.“7

Се разбира, сите ние имаме навики или недостатоци или лична историја што може да нѐ спречи од целосно духовно задлабочување во ова дело. Но Бог е нашиот Отец и е исклучително добар во простување и заборавање на гревовите што ги напуштивме, можеби затоа што му даваме многу пракса во правење на тоа. Во секој случај, постои божествена помош за секој од нас во било кој час кога ќе почувствуваме дека треба да направиме промена во нашето однесување. Бог му даде на Саул „друго срце.“8 Езекил го повикал целиот древен Израел да го отфрли своето минато и „да си направи … ново срце и нов дух.”9 Алма повика на „моќна промена“10 што би предизвикало проширување на душата, а самиот Исус поучи дека „ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо“11 Јасно можноста за промена и живеењето на повисоко ниво секогаш била едно од Божјите дарови на оние што ја бараат.

Пријатели, во нашиот сегашен момент ние наоѓаме секаков вид на поделби и подподелби, множества и подмножества, дигитални племиња и политички идентитети, со повеќе од доволно непријателство за да го заобиколиме. Можеби ќе се запарашаме дали „повисок и посвет“12 живот, да ја искористам фразата на Претседателот Расел М. Нелсон, е нешто што би можеле да го бараме? Кога го правиме тоа, би било добро да се сетиме на тој запрапастувачки период во Книгата на Мормон во кој тие луѓе прашуваа и добија одговор на тоа прашање толку потврдно:

„И се случи да немаше расправии меѓу сиот народ, во сета земја … поради љубовта на Божја што живееше во срцата на народот.

„И немаше завист, ниту пак кавги, ниту превирања, ниту блуд, и со сигурност, не би можело да постои посреќен народ помеѓу сите народи кои беа создадени од раката на Бог“

„Немаше грабежи, ниту убиства, ниту имаше Ламанити, ниту било каков вид на -ци, туку тие беа едно, децата на Христос, и наследници на царството на Бог.

И колку само беа благословени!13

Што е клучот за овој чекор напред во задоволен и среќен живот? Вградено е таму во текстот на една реченица: „Љубовта на Бога … живее во срцата на народот.”14 Кога љубовта Божја го оставува тонот во нашите сопствени животи, во нашите меѓусебни односи и на крај нашите чувства за целото човештво, тогаш старите разлики, ограничувачките етикетирања, и вештачките поделби почнуваат да минуваат, и мирот се зголемува. Тоа е она што точно се случи со нашата Книга на Мормон на пример. Повеќе не постоеја Ламанити, ниту Јакобити, ниту Џозефити, ниту Зорамити. Не постоеја „-ци“ воопшто. Луѓето превзедоа само еден трансцедентен идентитет. Сите тие, така да се каже, беа познати како „децата на Христос.“15

Секако, зборуваме тука за големата прва голема заповед дадена на човековото семејство—да се сака Бог со сето срце, безрезервно и безкомпромисно, што значи, со сето наше срце, моќ, ум и снага.16 Оваа љубов Божја е првата голема заповед во универзумот. Но првата голема вистина во универзумот е дека Бог нѐ сака токму на тој начин—со сето срце, безрезервно или бескомпромисно, со сето Негово срце, моќ, ум, и сила. И кога тие величествени сили од Неговото срце и нашето се сретнат без ограничување, доаѓа до вистинска експлозија на духовна и морална сила. Потоа, како што Телхард де Шардин запиша, „по [втор] пат во историјата на светот, човекот ќе го открие огнот.“17

Тогаш и навистина само тогаш, можеме ефективно да ја одржиме втората голема заповед на начини кои не се површни ниту тривијални. Ако го сакаме Бог доволно за да му бидеме целосно верни, Тој ќе ни даде способност, капацитет и воља, и начинот да го сакаме својот сосед и самите себе. Можеби тогаш ќе можеме уште еднаш да кажеме, „Не може да има посреќен народ меѓу сите народи што беа создадени од раката Божја.“18

Браќа и Сестри, се молам за да успееме онаму каде што тој млад богат човек не успеал, да го земеме Христовиот крст, колку и да е тежок, без оглед на исходот и без оглед на цената. Сведочам дека кога се обврзуваме да го следиме Него, патот, на овој или на оној начин, ќе поминува покрај круна од трње и вистински Римски крст. Без разлика колку богат нашиот млад владетел беше, тој не беше доволно богат да си го купи излезот од рандевуата со овие симболи, а не можеме ниту ние. Бидејќи за благословот за примање на најголемото од сите поседувања—дарот на вечниот живот—доволно е малку да се бара од нас да останеме на курсот во следење на Високиот Свештеник на нашата Професија, нашата дневна Ѕвезда, Застапник и Цар. Јас сведочам со нејасниот Амалеки од дамнина дека секој од нас треба „да му ја принесе [нашата] цела душа како жртва за Него.“19 Со таква одлучна, цврста посветеност, ние пееме:

Пофалете ја планината; На која цврсто стојам:

Планина на твојата откупна љубов. …

Еве го моето срце, О земи го и запечати го;

Запечати го за твоите судови горе.20

Во светото име на Исус Христос, амин.