Дневно Обновување
Потребно ни е постојано, дневно долевање на небесна светлина. Ни требаат „времиња на освежување.“ Времиња на лично обновување.
Се собравме ова убаво Сабат-но утро да зборуваме за Христос, да се радуваме на Неговото евангелие, и да се поддржуваме и одржуваме еден со друг додека чекориме „по патот“ на нашиот Спасител.1
Како членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните дни, се собираме за оваа цел секој Сабат-ен ден, во текот на целата година. Ако не сте член на Црквата, ви посакуваме топло добредојде и ви благодариме што ни се придруживте да му служиме на Спасителот и да учиме за Него. Како и вие, и ние се стремиме—иако несовршено—да станеме подобри пријатели, соседи, човечки суштества,2 и ние бараме да го правиме тоа следејќи го нашиот Пример, Исус Христос.
Се надеваме дека може да ја почувствувате искреноста на нашите сведоштва. Исус Христос живее! Тој е Синот на живиот Бог, и Тој ги води пророците на земјата денес. Ги каниме сите да дојдат, да го слушнат зборот Божји и да земат учество во Неговата добрина! Јас го давам своето лично сведоштво дека Бог е помеѓу нас и дека Тој сигурно ќе се приближи до сите кои се приближуваат до Него.3
Сметаме дека е чест да одиме со вас по Господаровиот прав и тесен пат на ученост.
Уметноста на Пешачење по Права Линија
Постои често повторувана теорија дека луѓето кои се изгубени чекорат во кругови. Не така одамна, научниците од Макс Планк Институтот за Биолошка Кибернетика ја тестираа оваа теорија. Тие ги однесоа учесниците во густа шума и им дадоа едноставни упатства: „Одете по права линија.“ Немаше видливи знаци за орјентација. Испитаниците требаше да се потпрат само на нивното чувство за насока.
Што мислите, како им успеа тоа?
Научниците заклучиле, „Луѓето навистина [да] пешачат во кругови кога немаат веродостојни знаци што ќе го насочат нивното движење.“4 Кога беа запрашани подоцна, некои учесници самоуверено тврдеа дека не отстапиле ни најмалку. И покрај нивната голема самодоверба, податоците од GPS уредот покажале дека тие пешачеле во јамка затеганата 20 метри во дијаметар.
Зошто ни е толку тешко да пешачиме по права линија? Некои од истражувачите тврдат дека мали, прилично незначајни девијации на теренот може да направат промена. Други пак го наведуваат фактот дека сите ние имаме една нога што е за нијанса појака од другата. Меѓутоа, „многу веројатно,“ ние имаме тешкотии да пешачиме право“ [поради] зголемената неизвесност за тоа каде е директно напред.“5
Која и да е причината, тоа е човековата природа: без сигурни знаци за орјентација, ние се оддалечуваме од курсот.
Застранување од Патот
Зарем не е интересно што малите, на изглед незначајни фактори можат да напрват голема ралика во нашите животи?
Го знам тоа од своето лично искуство како пилот. Секогаш кога ќе започнев да пристапувам кон аеродромот, знаев дека голем дел од работата што ми преостанува ќе се состои од правење на постојани помали исправки на курсот за безбедно да се насочи авионот кон нашата посакувана писта за слетување.
Можеби сте имале слично искуство додека сте возеле автомобил. Ветрот, неправилностите на патот, несовршеното усогласување на тркалата, невниманието—да не ги спомнувам дејствијата на другите возачи—сето тоа може да ве исфрли од вашиот предвиден пат. Доколку не успеете да обрнете внимание на овие фактори може да завршите со лош ден.6
Ова се одразува на нас физички.
Ова се одразува на нас и духовно.
Најголемиот број на промени во нашиот духовен живот—и позитивни и негативни—се случуваат постепено, чекор по чекор. Како и учесниците во студијата на Макс Планк, можеби нема да сватиме кога ќе скршнеме од курсот. Всушност, можеме да бидеме многу сигурни дека одиме по права линија. Но, факт е дека без помошта на знаците за ориентација што ќе не водат, ние неизбежно отстапуваме од курсот и завршуваме на места за кои никогаш не сме мислеле дека ќе бидеме.
Ова е вистина за некои. Тоа е исто така вистина за општествата и нациите. Светите писма се исполнети со примери.
Книгата Судии Израилеви бележи дека откако Синот Навинов умрел, „таму настана по нив друг род … кој не Го знаеше Господа, ниту за делата Негови, какви што му беше направил на Израил.“7
И покрај вчудоневидените небесни интервенции, посетите, спасувањата и чудесните победи за кои Израеловите деца сведочеа за време на Мојсеј и Исус Навин, следната генерација на луѓе го напушти Патот и започна да чекори според своите сопствени желби. И секако, не требаше долго време за тие да ја платат цената за ваквото однесување.
Понекогаш ова паѓање трае со генерации. Понекогаш се потребни само неколку години па дури и месеци.8 Но сите сме подложни. Без разлика колку силни биле нашите духовни доживувања во минатото, како човечки суштества ние тежнееме да лутаме. Ова беше моделот од времињата на Адам па сѐ досега.
Еве ги добрите вести
Но не е сѐ загубено. За разлика од испитаниците кои бесцелно талкаа, ние имаме доверливи, видливи знаци за орјентација што може да ги користиме за оценка на нашиот курс.
А кои се тие знаци за орјентација?
Секако дека тие вклучуваат дневна молитва, размислување за светото писмо и користење на инспиративни алатки како што е прирачникот Come, Follow Me. Секој ден, можеме да му пристапиме на тронот Божји во понизност и чесност. Може да размислуваме за нашите дејствија и да ги преиспитаме моментите од наше време—размислувајќи за нашата подготвеност и желби во светлината на Неговите. Ако сме залутале, ние пледираме со Бога за да нѐ врати, и се посветуваме да работиме подобро.
Ова време на преиспитување е можност за повторна калибрација. Тоа е медитативна градина каде ние можеме да чекориме со Господа и да бидеме упатени, изградени и прочистени од напишаниот преку-дух објавен збор на нашиот Небесен Отец. Тоа е свето време кога ние се сеќаваме на нашите свечени завети да го следиме нежниот Христос, кога го проценуваме сопствениот напредок и се усогласуваме со духовните знаци за орјентација што Бог ги обезбеди за Неговите деца.
Сватете го тоа како ваше лично, дневно обновување. На патот кон славата, знаеме колку е лесно да се отпадне. Но како што малите отстапувања можат да нѐ оддалечат од Спасителовиот пат, исто така можат малите и едноставни дела на престројување да нѐ вратат назад. Кога темнината се вовлекува во нашите животи, како што често се случува, нашето дневно обновување ги отвора нашите срца до небесната светлина, што ја осветлува нашата душа, бркајќи ги сеништата, стравовите и сомнежите.
Мало Кормило, Големи Бродови
Ако го бараме , сигурно „Бог ќе ни даде [нам] знаење преку Светиот Дух, да, преку неискажливиот дар на Светиот Дух.“9 Колку често и да побараме, Тој ќе не поучи на Начинот и ќе ни помогне да го следиме.
Ова, секако, бара постојан напор од наша страна. Ние не можеме да бидеме задоволни со духовните доживувања од минатото. Потребен ние е постојан тек.
Не можеме засекогаш да се потпреме на туѓите сведоштва. Мора да создадеме сопствени.
Потребно ни е постојано, дневно долевање на небесна светлина.
Потребни ни се „периоди на освежување“.10 Времиња на лично обновување.
„Валавните води“ не можат долго „да останат нечисти.“11 За да се одржат мислите и дејствијата чисти, ние треба да продолжиме да тркаламе!
Впрочем, Обновувањето на евангелието и Црквата не е нешто што се случува еднаш и завршува. Тоа е непрекинат процес—ден по ден, срце по срце.
Како што минуваат деновите, така минуваат и нашите животи. Еден автор вели вака: „Еден ден е како цел живот. Започнувате со извршување на една работа, но завршувате правејќи нешто друго, планирате да извршите некоја задача, но никогаш не стигнувате до таму. … И на крајот од животот, целото ваше постоење го има, истиот случаен квалитет. Целиот ваш живот го има истиот облик како еден ден.“12
Дали сакате да го смените обликот на вашиот живот?
Променете го обликот на вашиот ден.
Дали сакате да го смените вашиот ден?
Сменете го овој час.
Променете го начинот на размислување, чувствата и направете го ова токму овој момент.
Мало кормило може да управува голем брод.13
Мали цигли можат да станат величенствени вили.
Мали семиња можат да станат високи секвои (вид дрво).
Добро поминати минути и часови се главните елементи на добро поминат живот. Тие може да инспирираат на добрина, да нѐ возвишат од ропството на несовршености, и да не одведат повисоко кон откупниот пат на простување и осветување.
Богот на Новите Почетоци
Со вас, го кревам срцето во знак на благодарност за прекрасниот подарок на нова можност, нов живот, нова надеж.
Ги креваме нашите гласови во слава кон нашиот дарежлив и подготвен за прошка Бог. Зашто сигурно Тој е Бог на новите почетоци. Сублимниот крај на целиот Негов труд е да ни помогне нам, Неговите деца, да успееме во нашата потрага по бесмртност и вечен живот.14
Можеме да станеме нови суштества во Христос, зашто Бог вети, „И онолку пати колку што мојот народ ќе се покае јас ќе му ги простам неговите престапи против мене“15 и „нема да ги спомнувам повеќе.“16
Почитувани Браќа и Сестри, почитувани пријатели, сите ние се залетуваме одвреме навреме.
Но може да се вратиме на вистинскиот курс. Можеме да пловиме по темнината и искушенијата од овој живот и да го пронајдеме патот назад кон нашиот сакан Небесен Отец, кога ги бараме и прифаќаме духовните знаци за орјентација што Тој ни ги обезбедил, да прифатиме лично oткровение, и да се стремиме за, дневно обновување. Ова е начинот на кој ние можеме да станеме вистински следбеници на саканиот Спасител, Исус Христос.
Кога го правиме тоа, Бог ќе ни се насмевне. „Господ ќе … ве благослови во земјата во која Господ вашиот Бог ви ја дал. Господ ќе ве постави за Свој свет народ.“17
За да бараме секојдневно обновување и постојано да се стремиме да чекориме на Патот на Исус Христос е мојата молитва. Во името на Исус Христос, амин.