Генерална Конференција
Подготовка за за Второто доаѓање на Исус Христос
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Подготвување за Второто доаѓање на Исус Христос

Повеќе од било кога порано, од нас се бара да се соочиме со реалноста дека се доближуваме уште поблиску до Второто Доаѓање на Исус Христос.

Како што е запишано во Книгата на Мормон, шест години пред раѓањето на Исус Христос, Самоил, праведен Ламанит, му претскажал на Нефи -скиот народ, кои до тогаш во најголем број биле отпаднати,1 за знаците што би го придружувале Спасителовото раѓање. Трагично, повеќето Нефити ги одбиле тие знаци бидејќи не беше „разумно дека такво битие како Христос [треба] да дојде.“2

За жал, според библискиот запис, многу Евреи, на сличен начин, не можеле да прифатат дека човек по име Исус, од запоставената провинција Галилеја, е всушност долго очекуваниот Месија.3 Исус, кој всушност дојде да ги исполни многуте пророштва на Хебрејските пророци, беше отфрлен, па дури и распнат бидејќи како што пророкот Јаков поучуваше во Книгата на Мормон, Евреите „гледаа над знакот.“ Следствено, Јаков сведочеше дека „Бог им ја одзеде едноставноста, и им даде многу нешта што не можат да ги разберат, затоа што го сакаа тоа. И бидејќи тие посакуваа Бог го беше направил тоа, за тие да се тркалаат.“4

Чудно како што можеби звучи, ниту едно учење, ниту едно чудо, и ниту еден изглед па дури и на небесен ангел, како што е посведочено од Ламан и Ламуел,5 се чини дека немале убедувачка моќ за да убедат неколку поединци да го променат нивниот курс, изглед, или верување дека нешто е вистина. Тоа е особено случај кога учењата или чудата не се согласуваат со однапред смислени каприци, желби или идеи на поединци.

Споредете ги за момент следните два стиха, првиот од Апостолот Павле кој зборува за подоцнежните денови, опишувајќи ги начините на човекот, а вториот од пророкот Алма кој прикажува како Бог го извршува своето дело меѓу човештвото. Прво од Павле:

„Ова исто знајте го, дека во последните денови опасни времиња ќе дојдат.

„Зашто луѓето ќе бидат заљубени во самите себеси, блудни, фалбаџии, горди, богохулци, непослушни на родителите, неблагодарни, несвети,“

„Без природна приврзаност, растурачи на мир, лажни обвинувачи, непостојани, жестоки, презирачи на оние кои се добри,

„Предавници, тврдоглави, преценети, љубители на задоволства повеќе од љубители на Бог; …

„Секогаш учат, и никогаш не можат да стигнат до знаењето за вистината.“6

А сега од Алма, цитирајќи го основниот принцип на евангелисто на Исус Христос: „ Но ете ви велам, дека преку мали и едноставни нешта се случуваат големи;и со помош на мали средства во многу случаеви ги срамат мудрите.“7

Ние живееме во модерен свет исполнет со големо знаење и многу способности. Сепак, овие нешта често ги камуфлираат непостојаните основи врз кои тие се изградени. Потоа, тие не водат до бистинска вистина и кон Бог и до моќта да се прими откровение, да се стекне духовно знаење, и да се развие вера во Исус Христос која води до спасение.8

Ние сме смислено подсетени на зборовите на нашиот Господар упатени кон Тома и другите Апостоли ноќта спроти Неговата помирувачка жртва: „И Исус му рече, Јас сум патот, вистината, и животот: никој не доаѓа кај Отецот, освен преку мене.“9

За оние со очи за гледање, уши за слушање и срца за да почувствуваат, повеќе од кога и да е мораме да се соочиме со реалноста дека сме се поблиску и поблиску до Второто Доаѓање на Исус Христос. Вистина, големи тешкотии се уште чекаат на земјата за Неговото враќање, но на овој начин, на верните не им треба страв.

Сега цитирам за момент од Црковните Евангелски Теми под насловот „Второто доаѓање на Исус Христос“:

„Кога Спаистелот доаѓа повторно, тој ќе дојде со моќ и слава да ја земе земјата како Негово Царство.“ Неговото Второ Доаѓање ќе го означи почетокот на Милениумот.

„Второто Доаѓање се биде страшно, оплакувачко време за пакосните, но ќе биде ден за мир за праведните. Господ објави:

„Дека тие се мудри и ја беа примиле верата и вистината, и го земале Светиот Дух за нивен водич, и не биле измамени—вистина ви велам на вас, нема да бидат исечени и фрлени во огнот туку ќе се одржуваат на денот.

„И земјата ќе им биде дадена на нив за наследство; и тие ќе се размножуваат и ќе се зацврстат, и нивните деца ќе пораснат без грев во спасение.

„Зашто Бог ќе биде во нивната магла, и славата ќе биде врз нив, и тој ќе им бидекрал и законодавач.“(Учење и Завети 45:57-59).”10

При нашето подготвување за Второто Доаѓање на Исус Христос, јас обезбедувам основна, утешувачка забелешка за верните превземена од Стариот Завет од пророкот Амос: „Секако Господ Бог нема да направи ништо, додека не ја открие неговата тајна на неговите слуги пророците.“11

Со овој Дух денешниот пророко на Господ во светот, Претседателот Расел М. Нелсон, ни го даде овој неодамнешен совет: Евангелието на Исус Христос е евангелие за покајание. Поради Спасителовото Покајание, Неговото евангелие ве повикува да продолжите да се менувате, да растете и да станете почисти. Тоа е евангелие на надежта, на исцелувањето и на напредокот. Значи, евангелието е порака на радоста! Нашите духови се радуваат на секој наш мал чекор напред.12

Јас безрезервно сведочам и тврдам за реалноста на Бог и неговите чуда во секојдневниот живот на безбројн луѓе од ниските и високите станици на животот. Вистина, многу свети искуства се ретко зборувани главно поради нивната божествена природа и веројатната можност за потсмев од некои кои не знаат подобро.

Во овој поглед, последната Книга на Мормон пророцитем Морони не поучуваат:

„И повторно ви зборувам на вас кои ги негираат откровенијатана Бог, и велат дека се завршени, и дека нема откровенија, ниту пророштва, ниту дарови, ниту исцелување, ниту зборување со јазици, и толкување на јазици;

„Ете ви велам, тој што ги негирал овие нешта не го знае евангелието на Исус Христос; да, тој не ги прочитал светите писма; ако е така, тој не ги разбира.

„Не читаме ли, имено, дека Бог е истиот вчера, денес, и засекогаш, и во него нема колебливост ниту навестување за промени?“13

Јас ги заклучувам моите коментари со една навистина инспирирачка пророкувачка објава од Пророкот Џозеф Смит, дадена при крајот на неговата служба додека гледаше кон Второто Доаѓање на Исус Христос:„Зарем нема да продолжиме во толку голема цел? Одете напред а не назад. Храброст, браќа [и, можам да додадам сестри, сестри]; и така натаму, кон победа! Нека вашите срца се радуваат, и нека им биде мило.“14 На што јас го додавам моето сведоштво, во името на Исус Христос, амин.