Генерална Конференција
Додете кај Христос и не Доаѓајте сами
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Додете кај Христос и не Доаѓајте сами

Најдобриот начин да го подобрите светот е да го подготвите за Христос повикувајќи ги сите да го следат Него.

Неодамна примив писмо од една претерано љубопитна млада жена. Таа напиша, „Ја сум заглавена. … Не сум сигурна која сум, но чувствувам дека сум тука за нешто големо.“

Дали некогаш сте го имале тоа чувство дека барате нешто, прашувајќи се дали Небесниот отец знае кои сте и дали Тој има потреба од вас? Почитувана мои млади, јас сведочам за сите, одговорот е да! Господ има план за вас. Ве подготви за овој ден, токму сега, да бидете јаки и силни за секогаш во Неговото моќно дело. Ние имаме потреба од вас! Тоа едноставно нема да биде толку грандиозно без вас!

Под свети околности, нашиот сакан пророк, Претседателот Расел М. Нелсон, еднаш ме потсети на две едноставни вистини што се темел на вашето големо и славно дело.

Додека седев на каучот со мојот сопруг, нашиот пророк ја привлече столицата, скоро колено до колено со нас, и ме погледна со своите продорни сини очи. Не бев сигурна дали срцето ќе ми излезе или пак сосема ќе престане да чука кога тој ме повика да служам како Генерален Претседател на Млади Жени. Тој постави прашање што сѐ уште одекнува во моето срце, „Бони, што е најважното нешто што [младите] треба да го знаат?“

Размислив за момент и кажав, „Тие треба да знаат кои се.“

„ДА!“ извикна тој, „и тие треба да ја знаат нивната цел.“

Нашиот Божествен идентитет

Вие сте скапоцено, сакано дете на Небесниот Отец. Тој ве сака толку совршено што го испрати Својот Син, Исус Христос, да се искупи за вас и за мене.1 Спасителовата љубов за нас е беспрекорна—дури и кога не успеваме! Кој ќе не одвои од љубовта кон Христос?2 Сеќавањето на оваа љубов може да ви помогне да ја отфрлите збунетоста на светот што се обидува да ја ослаби вашата доверба во вашиот божествен идентитет и да ве заслепи од сопствениот потенцијал.

На FSY конференцијата, запознав две млади жени кои се бореа со проблеми. Двете девојки спомнаа дека се свртеле кон своите патријахални благослови—за повторно да ја откријат Господовата љубов и водство кон нив лично. Пронајдете го вашиот патријахален благослов, кренете ја прашината ако морате, но проучувајте го често. Ако немате, обезбедете—што поскоро. Не одложувајте да дознаете што Господ сака да ви каже сега за тоа кои сте.

Нашата Вечна Цел

Втората вистина на Претседателот Нелсон што ни ја кажа тој ден е да ја знаеме нашата цел. Ова е нашата голема и благородна одговорност.

Пред многу години, Мојот син Танер имаше околу пет години кога ја одигра својата прва фудбалска утакмица. Беше воодушевен!

Кога пристигнавме на утакмицата, свативме дека неговиот тим користи фудбалски гол со регуларна величина—ама не некој мал привремен гол туку многу голема мрежа што изгледаше преголема за пет годишни момчиња.

Играта доби митски размери кога го видов Танер како ја завзема голманската позиција. Бев изненадена. Дали тој навистина ја сваи неговата цел да ја чува мрежата?

Свирчето свирна, и ние толку се внесовме во играта што заборавивме се за Танер. Одненадеж еден од членовите на противничкиот тим ја доби топката и брзо ја издрибла кон него. Погледнав во насока накај Танер за да се уверам дека е подготвен да застане на своето место и да го одбрани голот. Видов нешто што не го очекував.

Момче како игра голман

Во одреден момент од играта, Танер стана расеан и започна да меандрира со својата лева рака низ различни дупки во мрежата. Потоа го направи истото со својата десна рака. Следно, неговото лево стапало. На крај, десното стапало. Танер беше целосно заплеткан во мрежата. Тој ја беше заборавил својата цел и она што му беше доверено да го направи.

Момче заплеткано во мрежа

Иако Танеровата фудбалска кариера не траеше долго, лекцијата што тој ми ја даде дента никогаш нема да избледее. На сите нас повремено ни се одвлекува вниманието од причината поради која сме тука и ги насочува нашите енергии некаде на друго место. Едно од најмоќните оружја на Сатаната е да ни го одвлече вниманието со добри и подобри каузи што, во време на потреба, може да нѐ заслепат и да нѐ одделат од најдобрата кауза—самото дело за кое што сме повикани на овој свет.3

Нашата вечна цел е да дојдеме при Христа и активно да му се приклучиме Него и на Неговото големо дело. Тоа е толку едноставно колку што е едноставно да се направи она за што Претседателот Нелсон поучуваше: „Секогаш кога правиме нешто што му помага на некому … да склопи и да ги одржи своите завети со Бога, ние помагаме да се собере Израел.“4 И кога го вршиме Неговото дело заедно со Него, го запознаваме и го сакаме сѐ повеќе.

Постојано бараме да се приближиме до Спасителот преку вера, многу грижливо покајание, и одржување на заповедите. Додека се врзуваме со Него преку завети и обреди, нашите животи се исполнети со самодоверба.5 заштита,6 и длабока и трајна радост.7

Додека доаѓаме кај Него, ги гледаме другите преку Неговите очи.8 Дојдете при Христа. Дојдете сега, но не доаѓајте сами!9

Евангелието на Исус Христос не е само убаво; тоа е суштинско за сите. „Не постои друг начин или начин на кој [ние] може да се спасиме, тоа е само во и преку Христос.“10 Нам ни треба Исус Христос! На светот му треба Исус Христос.11

Запомнете, најдобриот начин за вие да го подобрите светот е да го подготвите за Христос повикувајќи ги сите да го следат Него.

Во Книгата на Мормон има приказна што моќно зборува за воскреснатиот Христос како поминува време со Нефитите. Можете ли да замислите како тоа би изгледало?

Кога Христос објавил дека мора да се врати кај Отецот, “тој завртел со очите повторно наоколу.”12 Гледајќи солзи во очите на народот, знаел дека тие копнеат за Тој да се задржи

Спасителот ги повикува Нефитите за да бидат исцелувани

Запрашал: „Имате ли некој кој е болен меѓу вас? Донесете го овде. Има ли некој што е куц, или слеп, … глув, или нешто друго го мачи? Донесете ги овде и јас ќе ги исцелувам.“13

Имајќи големо сожалување, Тој не постави граница и ги повика сите „што нешто ги мачи.“ Ми се допаѓа тоа што ништо не е премногу големо или премногу мало за Исус Христос да го исцелува.

Тој ги знае нашите страдања и повикува Донесете ги вознемирените и депресивните, уморните, гордите и несигурните, неразбраните, осамените, или оние „или пак нешто друго ве мачи.“

Спасителот како исцелува

И сите “истапија нанапред … ; и тој навистина ги исцелува секој еден. …

“… И сите тие, и оние кои беа исцелувани, и оние кои беа здрави, [се] наведнаа до Неговите нозе и му се поклонија”14

Секогаш кога го читам ова, се прашувам: Кого јас ќе донесам при Христа? Кого вие ќе донесете?

Можеме ли да се свртиме наоколу повторно, како Исус што направил, за да бидеме сигурни дека никој не недостасува и сите се поканети да дојдат при Него?

Дозволете ми да споделам пример за колку едноставно тоа може да биде. Мојата 15-годишна, пријателка Пејтон имаше цел да прочита пет стиха од Светото писмо секој ден за време на појадокот, но таа не го правеше тоа сама. Кога повторно погледна, Пејтон ги повика нејзините родители и браќата и сестрите, па дури и нејзиниот пет-годишен-брат. Ова на изглед мало дело е она што Христос го поучуваше кога Тој повика, „Донесете ги овде.“

Оваа покана од Господ сѐ уште важи и денес. Млади жени и млади мажи, започнете сега, во вашиот сопствен дом. Дали ќе се молите и ќе го запрашате Небесниот Отец како вие може да ги поддржите вашите родители додека продолжуваат да доаѓаат кај Христа? Тие имаат потреба од вас исто колку што вие имате потреба од нив.

Потоа погледнете повторно во вашите браќа и сестри, пријателите, и соседите. Кого вие ќе донесете при Христа?

Нашиот Спасител изјави, „Видете јас сум светлината; ви дадов пример.“15 Ќе ја почувствуваме љубовта и мирот на Спасителот кога му се придружуваме Него во спасување на Божјото семејство, зашто Тој вети, „Кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината на животот.“16

Какви славно време да се биде вклучен во каузата на Христос!

Да вие сте тука за нешто големо. Се придружувам со Претседателот Нелсон, кој рече, „На Господ му требате за да го промени светот. Кога ќе ја прифатите и послушате Неговата воља за вас, ќе откриете дека ќе го постигнете невозможното!“17

Смело сведочам дека Господ ве познава и ве сака! Заедно, ќе ја унапредиме Неговата цел сѐ до оној голем ден кога Христос Самиот не се врати на оваа земја и не нѐ повика секој еден од нас да дојдеме „овде“. Ние радосно ќе се собереме заедно, зашто ние сме оние кои доаѓаат при Христа, и не доаѓаме сами. Во името на Исус Христос, амин.