Генерална Конференција
Ословување на Менталното Здравје
Oктомври 2021 Генерална Конференција


Ословување на Менталното Здравје

Дозволете ми да споделам неколку опсервации што ги направив додека моето семејство минуваше низ искушенија.

Иако нашето семејство уживаше во изобилство благослови додека радосно чекоревме по заветниот пат, ние исто така се соочуваме со невообичаено високи планини. Би сакал да споделам некои многу лични искуства во поглед на менталните болести. Тие вклучуваат клиничка депресија, тешка вознемиреност, биполарно растројство, АДХД (пореметување поради недостаток на внимание)—а понекогаш комбинација на сите нив заедно. Јас ги споделувам овие омекнати искуства со одобрение на оние кои се вклучени.

За време на мојата служба, се сретнав со стотици поединци и семејства со слични искуства. Понекогаш се прашувам дали „пустошната болест“ што ја покрива земјата, како што е споменато во светото писмо би можело да вклучува и ментални заболувања.1 Таа е низ целиот свет, покривајќи го секој континент и култура, погаѓајќи ги сите—и млади, и стари, и богати и сиромашни. Членовите на Црквата не се исклучени.

Во исто време, нашата доктрина нѐ поучува да се стремиме да наликуваме на Исус Христос и да бидеме совршени преку Него. Нашите деца пеат, „Се обидувам да бидам како Исус.“2 Копнееме да бидеме совршени, како што се совршени нашиот Небесен Отец и Исус Христос.3 Многу често, бидејќи менталната болест може да ја попречи нашата перцепција за совршенство, таа останува табу. Како последица на тоа, постои премногу игнорирање, премногу тивко страдање и премногу очај. Многумина, кои се чувствуваат презаситено бидејќи не ги исполнуваат воочените стандарди, по грешка веруваат дека не им е местото во Црквата.

За борба против таквата измама, важно е да запамтите дека „Спасителот го сака секое дете на Неговиот Отец. Тој наполно сочувствува со болката и борбата што многумина ја доживуваат додека живеат со различни менатални предизвици. Тој претрпе ‘болки и невољи и искушенија од секаков вид; … [превземајќи] ги врз себе болките и болестите на својот народ’ (Алма 7:11; додаден акцент; види исто така Евреите 4:15–16; 2 Нефи 9:21). Разбирајќи ги сите невољи, Тој знае како да ги ‘исцелува скршените срца’ (Лука 4:18; види исто така Исаија 49:13–16).”4 Предизвиците често укажуваат на потребата од дополнителни алатки и поддршка и не се карактерен недостаток.

Дозволете ми да споделам неколку опсервации што ги направив додека моето семејство минуваше низ искушенија.

Прво, многумина ќе тагуваат со нас; нема да нѐ осудуваат. Поради тешки напади на паника, анксиозност и депресија нашиот син се врати дома од неговата мисија после само четири недели. Како негови родители, тешко се справивме со разочарувањето и тагата бидејќи толку многу се молевме за неговиот успех. Како и сите родители, ние сакаме нашите деца да напредуваат и да бидат среќни. Мисијата требаше да биде важна пресвртница за нашиот син. Ние исто така се прашувавме што другите луѓе ќе помислат.

Незабележано од нас, враќањето на нашиот син беше бескрајно поразително за него. Имајте на ум дека тој го сакаше Господ и сакаше да служи, а сепак поради одредени за него неразбирливи причини, тој не можеше да го стори тоа. Тој наскоро се најде во точка на целосна безнадежност, борејќи се со длабока вина. Повеќе не се чувствуваше прифатено туку духовно затупено. Беше преплавен со мисли за смрт кои повторно периодично се враќаа.

Додека беше во оваа нерационална состојба, нашиот син веруваше дека единственото нешто што му преостанува е да си го одземе животот. Ни беше потребен Светиот Дух и цело мноштво на ангели од двете страни на превезот за да го спасат.

Додека се бореше за својот живот во текот на ова неизмерно тешко време, нашето семејство, водачите на одделот, членовите, и пријателите се трудеа да нѐ поддржат и да ни служат.

Никогаш не сум почувствувал таков излив на љубов. Никогаш не сум почувствувал помоќно и на толку личен начин што значи да се утешат оние кои имаат потреба од утеха. Нашето семејство ќе биде засекогаш благодарно за тој излив.

Не би можел да ги опишам безбројните чуда што ги придружуваа овие настани. За среќа, нашиот син преживеа, но му требаше долг период и значителна медицинска, терапевска и духовна грижа за да се излечи и прифати дека тој е сакан, ценет и потребен.

Признавам дека не сите вакви непријатни случки завршуваат како нашата. Тагувам со сите оние кои ги изгубиле саканите прерано и сега останаа со чувство на тага и неодговорени прашања.

Мојата следна забелешка е дека иако може да биде тешко за радителите да ги идентификуваат борбите на нивните деца, тие мора да се образуваат. Како да ја препознаеме разликата помеѓу потешкотии поврзани со нормалниот развој и знаци на болест? Како родители имаме света обврска да им помагаме на нашите деца да управуваат со животните предизвици; иако малкумина од нас се експерти за ментално здравје. Сепак ние мора да се грижиме за нашите деца помагајќи им да научат да бидат задоволни со нивните искрени напори додека се трудат да ги исполнат соодветните очекувања. Секој од нас знае од нашите лични недостатоци дека духовниот развој е непрекинат процес.

Ние сега разбираме дека „не постои едноставен лек за емоционална и ментална добросостојба. Ќе доживееме стрес и превирања бидејќи живееме во отпаднат свет со отпаднато тело. Освен тоа, многу дополнителни фактори може да доведат до дијагноза на ментално заболување. Без разлика на нашата ментална или емоционална добросостојба, фокусирањето кон развој е поздраво отколку опседнатоста со нашите недостатоци.“5

За мојата соруга и за мене, едно нешто што секогаш нѝ помагаше беше да се остане колку што е можно поблиску до Господ. Гледајќи наназад, сега сваќаме дека Господ трпеливо нѐ подучуваше во времињата на голема неизвесност. Неговата светлина нѐ водеше чекор по чекор низ најмрачните часови. Господ ни помогна да видиме дека достојноста на секоја поединечна душа во вечниот план е многу поважна од било која земна задача или постигнување.

Повторно, сопственото образование за менталните болести не подготвува да си помогнеме самите на себе и на другите кои можеби се борат. Отворени и искрени меѓусебни дискусии ќе помогнат ова важно поглавје да го добие заслуженото внимание. Впрочем, информацијата и претходи на инспирацијата и на откровението. Овие сите-премногу често невидливи предизвици може да погодат секого, и кога се соочуваме со нив, тие изгледаат несовладливи.

Една од првите работи што треба да ја научиме е дека секако ние не сме сами. Ве поканувам да ја проучите темата за ментално здравје во делот Помош за Животот од апл Евангелска Библиотека. Проучувањето ќе ве одведе до поголемо разбирање, поголемо прифаќање, поголемо сочувство и повеќе љубов. Може да ја намали трагедијата додека ни помага во развивањето и управувањето на здрави очекувања и интеракции.

Мојата последна забелешка: треба постојано да се грижиме едни за други. Мора да се сакаме едни со други и да бидема помалку критични—особено ако нашите очекувања не се исполнат веднаш. Треба да им помагаме на нашите деца и млади да ја почувствуваат љубовта на Исус Христос во својот живот, дури и тогаш кога имаат потешкотии лично да ја почувствуваат љубовта. Старешина Орсон Ф. Витни, кој служеше како член на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, ги советуваше родителите како да им помогнат на борбените потомци: „Молете се за вашите … деца; држете за нив во својата вера.”6

Јас често размислував што значи да се држиме за нив со вера. Верувам дека тоа вклучува едноставни дела на љубов, кротост, љубезност и почит. Тоа значи давање дозвола да се развиваат со сопствено темпо и давање сопствено сведоштво што ќе им помогне да ја почувствуваат љубовта на нашиот Спасител. Од нас бара да мислиме повеќе за нив, а помалку за нас или за другите. Тоа вообичаено значи помалку да зборуваме а многу, многу повеќе да слушаме. Ние мора да ги сакаме, да ги зајакнуваме и често ги фалиме нивните напори да успеат и да му бидат верни на Бога. И конечно, треба да направиме сѐ што е во наша моќ да останеме блиски до нив—исто како што остануваме блиски до Бога.

За сите кои се лично погодени од ментална болест, држете се цврсто до вашите завети, иако можеби не ја чувствувате Божјата љубов во ова време. Направете сѐ што е во ваша моќ а потоа „останете мирни … за да го видите Божјото спасение, и за да ви се обелодени неговата рака.“7

Јас сведочам дека Исус Христос е нашиот Спасител Тој нѐ познава. Тој нè сака, и Тој ќе чека на нас. За време на нашите семејни искушенија, дојдов до сознание колку е Тој блиску. Неговите ветувања се вистина:

Не плашете, зашто Јас сум со вас; о не бидете запрепастени,

Зашто Јас сум вашиот Бог и сѐ уште ќе ви помагам.

Ќе ве зајакнам, ќе ви помагам, и ќе направам да издржите,

Поддржан од мојата праведна, семоќна рака.

Знаејќи колку цврста е нашата основа, дали можеме радосно да изјавиме:

Душата што на Исус се потпира за одмор

Јас нема, не можам, да ја препуштам на нејзините непријатели;

Таа душа иако целиот пекол би требло да се потруди за да ја раздрма, …

Јас нема никогаш, не никогаш, не никогаш да ја напуштам!8

Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Doctrine and Covenants 45:31.

  2. “I’m Trying to Be like Jesus,” Children’s Songbook, 78–79.

  3. Види 3 Нефи 12:48.

  4. Like a Broken Vessel,” Mental Health: General Principles, ChurchofJesusChrist.org.

  5. Шелдон Мартин, “Strive to Be—a Pattern for Growth and Mental and Emotional Wellness,” Liahona, авг. 2021, 14.

  6. Орсон Ф. Витни, во Conference Report, апр. 1929, 110.

  7. Doctrine and Covenants 123:17.

  8. “How Firm a Foundation,” Hymns, бр. 85.