Генерална Конференција
„Тогаш Ќе Направам Слабите Нешта Да Станат Јаки“
Април 2022 генерална конференција


„Тогаш Ќе Направам Слабите Нешта Да Станат Јаки“

Кога се покоруваме и покажуваме вера во Исус Христос, тогаш Неговата благодат и помирувачка жртва ќе ни овозможат да се смениме.

Претседател Томас С. Монсон еднаш јасподели приказната за затворскиот управник Клинтон Дафи. „Во текот на 1940-тите и 1950-тите, [Управникот Дафи] беше добро познат по неговите напори да ги рехабилитира мажите во неговиот затвор. Кажа еден критичар, ‘Треба да знаете дека леопардите не ги менуваат своите точки!’ !

„Одговори Управникот Дафи, ‘Треба да знаете дека јас не работам со леопради. Работам со луѓе, а луѓето се менуваат секој ден.’”1

Една од најголемите лаги на Сатаната е дека мажите и жените не можат да се сменат. Оваа невистината се кажува и прераскажува на многу различни начини додека светот вели дека ние едноставно не можеме да се промениме—или уште полошо, дека не треба да се менуваме . Научени сме дека нашите околности нѐ дефинираат. Треба да „прифатиме кои сме навистина ,“ светот вели, „и да бидеме автентични на нашето вистинско јас.“

Можеме Да Се Менуваме

Иако е нависитна добро да се биде автентичен, треба да сме автентични за нас самите, како синови и ќерки на Бога со божествена природа и судбина за да станеме како Него.2 Доколку наша цел е да бидеме автентични за оваа божествената природа и судбина, тогаш сите ќе треба да се менуваме. Библискиот збор за менување е покајание. „Премногу луѓе,“ Претседател Расел М. Нелсон поучува, „сметајте го покајанието како казна—нешто што треба да се избегнува освен во најтешките околности. … Кога Исус ќе побара од мене и од вас да се ‘покаеме,’ Тој бара од нас да се менуваме.“3

Божјите Услови

Компјутерските програмери користат условни реченици за да им кажат на компјутерите што да прават. Овие понекогаш се нарекуваат ако–тогаш реченици. Како во, ако x е вистина, тогаш направи y.

Господ исто така дејствува преку услови: услови на вера, услови на праведност, услови на покајание. Постојат многу примери на условни изјави од Бога како што се:

Ако ги одржувате моите заповеди и издржите до крај [тогаш] ќе имате вечен живот, кој е најголем од сите Божји дарови.“4

Или „ако прашате со искрено срце, со вистинска намера, имајќи вера во Христос, [тогаш] Тој ќе ви ја прикаже вистината за прашаното, преку моќта на Светиот Дух.“5

Дури и Божјата љубов, иако бесконечна и совршена, е исто така условена6 На пример:

Ако ги запазите моите заповеди, [тогаш] ќе останете во љубовта моја; како што јас ги запазив заповедите на мојот Отец, и останувам во љубовта Негова.“7

Старешина Д. Тод Кристоферсон дополнително објасни за оваа евангелска вистина кога поучуваше: „Некои нема да кажат, ‘Спасителот ме љуби таков каков што сум,’ и тоа е секако точно. Но Тој не може да земе никого од нас во Своето Царство онакви какви што сме, ‘зашто ништо нечисто не смее да живее таму, или да живее во неговото присуство ’ [Мојсеј 6:57]. Нашите гревови мора прво да се разрешат.”8

Слабите Нешта Можат Да Станат Силни

Благословот од примањето на Божјата сила за да ни помогне да се менуваме е исто така условен. Спасителот, зборувајќи преку пророкот Морони во Книгата на Мормон, поучуваше: „Ако луѓето дојдат кај мене Јас ќе им ја покажам нивната слабост.“ Им давам на луѓето слабост за да бидат понизни; и мојата благодат е доволна за сите луѓе што се понизни пред мене;; зошто ако се понизат пред мене, и имаат вера во мене, тогаш ќе им ги направам слабите страни јаки.“9

Гледајќи повнимателно на она што Господ нѐ учи овде, приметуваме дека Тој прво вели дека им дава на мажите и жените слабост, еднина, што е дел од нашето смртно искуство како отпаднати или телесни суштества. Станавме телесни мажи и жени поради падот на Адам. Но преку Помирувањето на Исус Христос, можеме да ги надминеме нашите слаби страни, или нашата отпадната природа.

Тој потоа вели дека Неговата благодат е доволна и дека ако ќе се понизиме и имаме вера во Него, тогаш Тој ќе „ги направи слабите нешта [множина] да ни станат силни [нам].“ Со други зборови, ако прво ја промениме нашата отпадната природа, нашата слабост, ќе можеме да го промениме нашето однесување, нашите слабости.

Барања за Менување

Ајде да ги прегледаме барањата за менување според Господовиот модел:

Најпрвин, мораме да се понизиме. Господовиот услов за менување е понизност. „Ако тие се понизат пред мене,“10 вели Тој. Спротивно на понизноста е гордоста. Гордоста постои кога мислиме дека знаеме подобро—кога она што ние го мислиме или чувствуваме има приоритет над она што Бог мисли или чувствува.

Цар Бенјамин, поучуваше дека „телесниот човек е непријател на Бог … и ќе биде, засекогаш, и секогаш, освен ако тој … не го одложи телесниот човек и стане светец преку помирувањето на Христос Господ, и стане како дете, покорен, питом, понизен.”11

Со цел да се промениме, мораме да го одложиме телесниот човек и да станеме понизни и покорни. Мораме да бидеме доволно понизни за да следиме еден жив пророк. Доволно понизни за да склопуваме и одржуваме храмски завети. Доволно понизни за секојдневно да се каеме. Мораме да бидеме доволно понизни за да сакаме да се менуваме, да “ги предадеме нашите срца на Бога.“12

Второ, мора да имаме верба во Исус Христос. Повторно, зборовите на Спасителот: „Ако се понизат пред мене, и имаат верба во мене,”13 Тој ќе ни даде моќ да ги надминеме нашите слабости. Смирението, заедно со верата во Исус Христос, ќе ни дозволат да пристапиме до овозможувачката сила на Неговата благодат и полнотата на благословите достапни поради Неговото Помирување.

Претседателот Нелсон поучуваше дека „ вистинско покајание започна со верба дека Исус Христос ја има моќта да нѐ прочисти, исцелува, и да нѐ зајакне. … Нашата вера е таа што ја отвора Божјата моќ во нашите животи.“14

Трето, преку Неговата благодат Тој може да направи слабите нешта да станат јаки. Ако се понизме себе си и имаме вера во Исус Христос, тогаш Негвоата благодат ќе ни овозможи да се менуваме. Со други зборови, Тој ќе не зајакне за да се менуваме. Ова е возмжно зашто, како што вели Тој,„мојата благодат е доволна за сите луѓе.“15 Неговата зајакнувачка, овозможувачка благодат ни дава моќ да ги надминеме сите пречки, сите предизвици, и сите слабости ако одлучиме да се менуваме.

Нашите најголеми слабости можат да станат наша најголема сила. Можеме да бидеме променети и да „се создаде новото создание.“16 Слабите нешта буквално можат „да станат силни кај [нас].”17

Спасителот го разработи Неговото бесконечно и вечно Помирување за всушност да можеме да се менуваме, да се кеаеме и да стануваме подобри. Всушност можеме повторно да се родиме. Можеме да ги надминеме навиките, зависностите, и дури „склоноста да се прави зло.“18 Како синови и ќерки на прекрасен Отец на Небесата, ја имаме моќта во нас да се менуваме.

Примери за Менување

Светите писма се полни со примери на мажи и жени кои се менуваат.

Савле, Фарисеј и активен прогонител на рано Христијанската црква,19 стана Павле, еден од Апостолите на Господ Исус Христос.

Алма беше свештеник во дворот на злобниот Цар Ное. Тој ги слушна зборовите на Абинади, наполно се покаја, и стана еден од мисионерите на Книгата на Мормон.

Неговиот син Алма ја поминал својата младост обидувајќи се да ја уништи Црквата. Тој беше еден од „најгрдите грешници“20 додека не дојде до промена на срцето и самиот стана моќен мисионер.

Мојсеј беше посвоен во семејството на Фараонот и израснат во луксуз како египетски принц. Но кога сватил кој е тој навистина и дознал за неговата божествената судбина, тој се променил и станал големиот законодавен пророк од Стариот Завет.21

Дедото на мојата сопруга, Џејмс Б. Кејсор, секогаш ме импресионирал со сопствената моќна промена на срцето.22 Роден во долината Солт Лејк Сити во 1906 година, од верни пионери претци на Светците од подоцнежните дни, ја изгуби мајката на млада возраст и се борел во текот на младоста. Неговите тинејџерски и млади години беа поминати надвор од Црквата, за кое време стекнал многу лоши навики. Сепак, запознал и се оженил со жена верник,и заедно одгледале пет деца.

Во 1943, после тешките години на Големата Депресија за време на Втората Светска Војна, Бад, како што беше повкуван од пријатели и семејство, ја остави Јута и си замина во Лос Анџелес, Калифорнија, да бара вработување. Во овој период надвор од дома,, живееше со неговата сестра и нејзиниот сопруг, кој служеше како епископ на нивниот оддел.

Со љубовта и влијанието на неговата сестра и зет, тој започна да го оживува неговиот интерес во Црквата и повторно започна да ја чита Книгата на Мормон секоја ноќ пред да заспие.

Една ноќ, додека читаше во Алма глава 34, неговото срце беше допрено кога ги прочита следните зборови:

„Да, посакувам да истапите и да престанете да ги стврднувате вашите срца . … “

„Зашто ете, за луѓето овој живот е подготовка за средба со Бога; да, ете денот на овој живот е ден за луѓето да ги извршат своите дела.“23

Додека тој ги читаше овие стихови, го обзеде моќно чувство и тој знаеше дека мора да се промени, да се покае, и знаеше што треба да направи. Тој стана од својот кревет клекна и започна да се моли, молејќи го Господа да му прости и да му ја даде силата што му беше потребна да направи промени во својот живот. Неговата молитва беше услишена, и оттогаш, тој никогаш не погледна назад. Бад продолжи да служи во Црквата и остана верен, посветен Светец од Подоцнежните Дни до крајот на животот Тој беше променет во секој поглед. Неговиот ум, неговвото срце, неговите дејствија, целото негово битие се променија.

Браќа и сестри, нашата божествена судбина и цел е на крајот да станеме како нашиот Небесен Отец и Спасителот, Исус Христос Ова го правиме додека се менуваме или се каеме. Го примаме Спасителовиот „лик во [нашите] лица.“24 Стануваме нови, чисти, различни, и едноставно продолжуваме да работиме на тоа секој ден. Понекогаш може да се чини како два чекори напред и еден чекор наназад, но ние продолжуваме понизно да одиме напред со вера.

И додека сме понизни и имаме вера во Исус Христос, тогаш благодатта Христова и Неговата бесконечна помирувачка жртва овозможуваат промена.

Јас сум сведок и сведочам дека Исус Христос е наш Спасител и Откупител во реалноста. Неговата милост е навистина доволна. Изјавувам дека Тој е патот, вистината, и животот.“25 Во името на Исус Христос, амин.