„Модел на Единство во Исус Христос“, Лиахона, окт. 2024.
Месечна порака на Лиахона за октомври 2024
Модел на Единство во Исус Христос
Додека имаме слога во Исус Христос како и народот во 4 Нефи, желбата да бидеме сложни ги надминува нашите разлики и води до среќа.
Живееме во време кога напливот на раздор и расправии се шири низ светот. Потпомогнати од технологијата и поттикнати од луѓе чии срца се оладени, овие сили на раздор се закануваат дека ќе ни ги исполнат срцата со презир и ќе ја расипат нашата комуникација со расправии. Врските со заедницата се прекинуваат. Војни се водат насилно.
Во овој контекст, вистинските следбеници на Исус Христос копнеат по мир и ја користат секоја прилика да изградат поинаков вид на општество - кое е засновано на учењата на Исус Христос. За таа цел, Господ нè задолжил да “бидете едно; и ако не сте едно, не сте Мои.” (Учењата и заветите 38:27). Навистина, единството е карактеристичен белег на вистинската Црква на Исус Христос.
Како да се спротивставиме на силите на поделба и расправија? Како да постигнеме единство?
За среќа, 4 Нефи во Книгата на Мормон ни дава пример. Ова поглавје накратко го евидентира начинот на кој луѓето живееле откако Спасителот ги посетил, ги поучувал и ја воспоставил Неговата Црква меѓу нив. Овој извештај покажува како овие луѓе постигнале блажен мир и единство и ни дава модел што можеме да го следиме за да и ние самите го постигнеме тоа исто единство.
Преобратување
Во 4 Нефи 1:1, прочитавме: „учениците на Исус формираа црква на Христос во сите земји наоколу. И [народот] што доаѓаше во нив, навистина се покаја за своите гревови,“
Ние се обединуваме околу Господ и Спасител Исус Христос. Како што секој човек дознава за Исус Христос, Неговото евангелие и Неговата Црква, Светиот Дух сведочи за вистината длабоко и искрено во срцето на секој човек. Секој од нас тогаш може да ја прифати поканата на Спасителот да има вера во Него и да го следи со покајание.
Така започнува патувањето на индивидуалното преобраќање - понастрана од себичните и грешни желби и насочени кон Спасителот. Тој е основата на нашата вера. И бидејќи секој од нас гледаме кон Него во секоја мисла (види Учење и Завети 6:36), Тој станува обединувачка сила во нашите животи.
Завети
Записот во 4 Нефи продолжува да изјавува дека оние кои дошле во Црквата и се покајале за своите гревови „биле крстени во името на Исус; и тие исто така го примиле Светиот Дух.“ (4 Нефи 1:1). Тие склучиле завет – посебна, врска што ги поврзува – со Бога.
Кога склучуваме завети и се држиме до нив, го преземаме Господово име врз секој од нас. Дополнително, го преземаме Неговото име врз нас како народ. Сите оние кои склучуваат завети и се трудат да се држат до нив стануваат Господовиот народ, Неговиот избран народ (види Излез 19:5). Така, патуваме по патот на заветот поединечно и колективно. Нашиот заветен однос со Бог ни дава заедничка цел и идентитет. Кога се врзуваме со Господ, Тој ни помага да имаме „испреплетени срца сплотени во единство и взаемна љубов“. (Мосија 18:21).
Праведност, Еднаквост и Помагање на Сиромашните
Извештајот во 4 Нефи продолжува: „и немаше ниту препирања ниту спорови помеѓу нив, и секој човек постапуваше праведно еден со друг.
„И сé им беше заедничко меѓу нив; затоа немаше ниту богати ниту сиромашни, заробени и слободни, туку сите станаа слободни, и учесници во небесниот дар.“ (4 Нефи 1:2-3).
Во нашите односи овде на земјата, Господ сака да бидеме фер и праведни едни кон други и да не дозволиме измами или меѓусебни искористувања (види 1 Солуњаните 4:6). Кога стануваме поблиску до Господ, ние „нема да имате намера да се повредувате меѓусебно, туку да живеете мирољубиво, и на секој човек да му се даде според тоа што му припаѓа.“ (Мосија 4:13).
Господ, исто така, ни заповеда да се грижиме за сиромашните и оние кои имаат потреби. Ние треба да „дадеме од [нашата] суштина“ за да им помогнеме, според нашата способност да го правиме тоа, без да ги осудуваме (види Мосија 4:21-27).
Секој од нас треба да „го почитува својот брат како самиот себе,“ (Учење и Завети 38:24). Ако сакаме да бидеме Господовиот народ и да бидеме обединети, не само што треба да се однесуваме еден со друг како рамноправни, туку мораме и вистински да се гледаме еден со друг како еднакви и да чувствуваме во нашите срца дека сме еднакви - еднакви пред Бога, еднакво достојни и со еднаков потенцијал.
Послушност
Следната лекција од 4 Нефи е претавена со оваа едноставна фраза: „туку одеа по заповедите кои ги примија од нивниот Господ и нивниот Бог,“ (4 Нефи 1:12).
Господ ги поучил овие луѓе за Неговата доктрина, им дал заповеди и повикал луѓе да им служат. Правејќи го ова, една од неговите цели била да се осигура дека нема да има расправии меѓу нив (види 3 Нефи 11:28-29; 18:34).
Нашата послушност кон учењата на Господ и Неговите слуги е од суштинско значење за да станеме обединети. Ова ја вклучува нашата посветеност да се покоруваме на заповедта да се покаеме кога и да не успеваме и да си помагаме еден на друг додека се стремиме да бидеме сé подобри и подобри секој ден.
Заедничко Среќавање
Потоа, дознаваме дека народот во 4 Нефи „продолжуваше со пост и молење, и со често среќавање, за да се молат и да го слушаат Господовото слово“. (4 Нефи 1:12).
Имаме потреба да се среќаваме заедно Нашите неделни средби за богослужба се значајна можност да најдеме сила, како поединци и заеднички. Ние учествуваме во сакраментот, учиме, се молиме, пееме заедно и се поддржуваме еден со друг. Другите собири, исто така, ни помагаат во поттикнување на чувството на припадност, пријателство и заедничка цел.
Љубов
Записот во 4 Нефи, ни го дава она што можеби е основната работа за сето ова - нештото без кое вистинското единство не би можело да се постигне: „немаше препирање во земјата, поради Божјата љубов која престојуваше во срцата на луѓето.“ (4 Нефи 1:15).
Личниот мир е постигнат кога ние, во скромна покорност, навистина го сакаме Бога. Тоа е прва и најголема заповед. Да се сака Бог повеќе од било кого или било што е условот што носи вистински мир, утеха, доверба и радост. Како што развиваме љубов кон Бога и Исус Христос, љубовта кон семејството и ближните ќе стане нешто природно.
Најголемата радост што некогаш ќе ја доживееме се случува кога сме обземени со љубов кон Бога и кон сите Негови чеда.
Милосрдието, чистата Христова љубов, е противотров на расправијата. Тоа е главната особина на вистинскиот следбеник на Исус Христос. Кога ќе се понизиме пред Бога и ќе се молиме со сета сила на нашите срца, Тој ќе ни даде милосредие (види Морони 7:48).
Додека сите ние бараме љубовта кон Бог искрено да се доживее и почувствува во нашите срца, чудото на единството ќе ни изгледа нешто сосема природно.
Божествен идентитет
Конечно, народот во 4 Нефи покажа знак на единство кое го заслужува нашето внимание: „Немаше крадци, ниту убијци, ниту Ламанити, ниту некаков вид на -ијци; туку беа како едно, Христови чеда, и наследници на Божјото царство“ (4 Нефи 1:17).
Етикетирањето што го поделило народот стотици години се повлекува пред потрајниот и пооблагороден идентитет. Тие гледале на себе – и кон сите други – според односот што го воспоставиле со Небесниот Отец и Исус Христос.
Различноста и разликите можат да бидат добри и значајни за нас. Но нашите најважни идентитети се оние поврзани со нашето божествено потекло и цел.
Прво и основно, секој од нас е Божјо чедо. Второ, како член на Црквата, секој од нас е чедо на заветот. И трето, секој од нас е ученик на Исус Христос. Апелирам до сите нас да не дозволиме кој било друг идентификатор „да ги размести, замени или да го презема приоритетот над овие три трајни етикети“.
Да бидеме Единствени.
Бог ги покани сите да дојдат кај Него. Постои простор за секого. Можеме да се разликуваме по култура, политика, етничка припадност, преференци и на многу други начини. Но, доколку се обединиме во Исус Христос, таквите разлики бледнеат по значење и се заменети со нашата најважна желба да бидеме едно – за да може да бидеме Неговите.
Размислете сериозно и применете ги поуките од 4 Нефи. Додека секој од нас се труди да ги вклучи овие суштински елементи на единството во нашите животи, можеби ќе се зборува за нас, како што зборуваа за нив: „ сигурно немаше посреќен народ помеѓу сите луѓе кои беа созададени од Божјата рака“ (4 Нефи 1:16).
© 2024 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly Liahona Message, October 2024. Macedonian. 19359 158