„Како можеме да бидеме обединети кога сите сме толку различни?“, За силата на младоста, окт. 2024.
Месечна порака на За Силата на Младите за октомври 2024
Како можеме да бидеме обединети кога сите сме толку различни?
Сите сме различни. Но Господ сака да „бидеме едно“ (Учење и Завети 38:27). Еве неколку принципи на единство што нè научија пророците и апостолите:
Ние сме обединети во Исус Христос, Неговото Евангелие и Неговата Црква. „Само преку нашата индивидуална лојалност и љубов кон Исус Христос можеме да се надеваме дека ќе бидеме едно“.
Единството бара љубов. „И покрај различноста на јазиците и убавите, возвишувачки културни традиции, ние мора да имаме срца испреплетен во единство и љубов“.
Единството не е униформност. „Единството и различноста не се спротивни. Можеме да постигнеме поголемо единство кога создаваме атмосфера на вклученост и почит кон различностите.” „Единството не бара униформност, туку бара хармонија.”
Единството бара протерување на расправиите и предрасудите. „Овде има простор за секого. Сепак, нема простор за било каква предрасуда, осуда или расправија“.
© 2024 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, October 2024. Macedonian. 19344 158