Лиахона
Што значи Вистинско Духовно Препородување?
Октомври 2024


Порака на Обласното Раководство

Што значи Вистинско Духовно Препородување?

Пред дваесет и пет години во септември, Џени и јас се венчавме во Австралија. Се запознавме две години претходно на работно патување во Чикаго, а само два дена откако ја запознав оваа мисла ми помина низ главата: „ти ќе се ожениш со оваа девојка“. Тој блесок на инспирација ме одведе на патување од Лондон до Австралија за да одведам на состанок Џени, а потоа во Црква. Таа беше крстена 4 месеци подоцна потоа и се пресели во Лондон, па така можевме почесто да одиме на состаноци. Се веривме за пократко од една година во Италија, се венчавме во Сиднеј, го запечативме нашиот брак во Храмот Лондон, и потоа станавме родители на четири прекрасни момчиња. Беше тоа една бурна романса.

Сега кога ја прославуваме нашата 25та годишнина од бракот, со чудење се навраќам на брзината со која се заљубив и колку едноставно беше моето разбирање за љубовта. Последните 25 години ме научија дека љубовта е многу повеќе од тоа почетно чувство на ‘заљубување’ – и има повеќе врска со служење и тимска работа, каде што двајца пријатели си помагаат еден на друг на нивното патување да станат она што Бог ги замислил да бидат. Во нашиот брак имавме доволно пати успони и падови, со солзи и главоболки, како и радост и среќа—сето тоа е дел од планот. И иако нашата приказна можеби започна со „љубов на прв поглед“, таа прерасна во сосема друг вид на љубов. Љубовта како ‘чувство’ неизбежно доаѓа и си оди, но ‘глаголот’ љуби го поддржува и зајакнува бракот и може да ги создаде најценетите врски.

Гледам многу паралели помеѓу нашето духовно преобраќање, и процесот на станување следбеник на Исус Христос. Сите ние сме благословени со светлината на Христос во нас, и секој од нас има исклучителни искуства со зраците светлина што ни помагаат да изградиме сведоштво за Бога и Неговиот син Исус Христос. Но, овие духовни искуства не мора да претставуваат преобраќање или да ни даваат непоколеблива вера. Сите ние доживуваме моменти кога не се чуствуваме блиски со Бога, можеби кога искушенијата и сомнежите нé предзвикуваат да се колебаме; како што Алма Високиот Свештеник нагласува со ова инспиративно прашање: „И сега ете, ви велам, браќа мои, ако сте доживеале промена на срцето и ако сте почувствувале дека ја пеете песната на искупителната љубов, би ве прашал, дали можете да се чувствувате така и сега?”

Како и љубовта во бракот, така и нашата вера во Исус Христос треба постојано да се потхранува, да се наводнува и секојдневно да се изложува на сонце, што е објаснето во Алма 32. За повеќето од нас, преобраќањето се случува „малку по малку, заповед по заповед; овде малку, и таму малку;“. Процесот на станување на ученик на Исус Христос е доживотна потрага, и она што може да ни донесе радост.

Нашата радост во евангелието на Исус Христос доаѓа од напредокот по заветниот пат, и притоа, воспоставување близок, личен однос со нашиот Небесен Отец. „Приближете ми се и јас ќе ви се приближам…”. Кога се трудиме да се приближиме до него, ја чувствуваме Неговата љубов пообилно во нашите животи и учиме да го љубиме поцелосно. Почнуваме да ја исполнуваме причината за нашето постоење на земјата и го постигнуваме нашиот божествен потенцијал, чувствувајќи мир во нашите срца.

Така, по 25 години брак и 50 години одење во црква, сфаќам дека суштината на среќниот живот лежи во односите; односот со мојот Небесен Отец и односот со мојата сопруга. И дека постојат паралели помеѓу тоа како овие односи почнуваат и се развиваат во текот на времето. Јас сум многу благодарен што Небесниот Отец и мојата сопруга знаат толку многу да простуваат, да бидат трпеливи и да ги поддржуваат моите недоволни напори, и дека и двајцата ми покажуваат толку многу љубов. Кога го насочувам моето време, таленти и енергија на овие два заветни односи, сé друго изгледа си доаѓа на свое место. И кога работам на подобрување на само еден од овие односи, се чини дека ми помага со другиот.

Патот до духовно препородување, како и еден брак, може да започне со блесок на инспирација, но ќе процветаат во заветен однос со Бога, каде сме исполнети со Неговата љубов

Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Морони 7:16; Јован 1:9.

  2. Старешина Александар Душку, „Столбови светлина и Зраци”. Април 2024, ГК.

  3. Алма 5:26.

  4. Алма 32:37-42.

  5. 2 Нефи 28:30; УиЗ 98:12.

  6. УиЗ 88:63.