Благослови од Живеењето на Законот на Чедноста?
Додека го живеете законот на чедноста, ќе бидете поотворени за влијанието од Светиот Дух. Со водството од Светиот Дух, ќе развиете поголема мудрост, ќе се соочите со предизвици со поголема храброст, ќе ја почувствувате поддршката и насоката на Бог во вашите животи, и ќе бидете пример за вашето семејство и други. Љубовта која ја имате за вашиот брачен другар и љубени ќе биде подлабока, побогата, и позначајна. Ќе искусите поголем мир во умот.
Во светите писма учиме дека вистинската среќа доаѓа од покорување на заповедите на Бог (видете Мосија 2:41) и дека „пакост никогаш не беше среќа“ (Алма 41:10).
Ако сте го прекршиле законот на чедноста, Бог овозможи за вас да се покаете и повторно да станете чисти. Покајте се сега за било какви минати престапи, и посветете се да го живеете овој свет закон. Преку Помирувањето на Исус Христос и вистинско покајание, може да ви биде простено и да почувствувате мир.