Што е Законот на Чедност?
Физичката интимност помеѓу сопруг и сопруга е убав и свет дел од планот на Бог за Неговите деца. Тоа е израз на љубов во бракот и им овозможува на сопруг и сопруга да учествуваат во создавање на живот. Бог заповеда оваа света моќ да биде изразена само помеѓу маж и жена кои се легално венчани. Законот на чедноста се применува и кај мажите и кај жените. Вклучува строго воздржување од сексуални односи пред брак и комплетна верност и лојалност кон брачен другар на една личност после брак.
Како дополнително при задржување на сексуалната интима за брак, ние се покоруваме на законот на чедноста контролирајќи ги нашите мисли, зборови и дела. Исус Христос поучуваше „Сте чуле дека им било речено на старите, Не прави прељуба: а Јас ви велам, дека секој кој гледа на жена со желба веќе извршил прељуба со неа во срцето“ (Матеј 5:27–28).