Како Да Го Одржувам Законот на Чедноста?
Бог бара висок морален стандард од Неговите деца. За да го одржувате законот на чедноста, морате да ги замените непосакуваните мисли, зборови, и дела со добри. Следниов принцип ќе помогне:
Мисли. Позитивни и конструктивни мисли ќе ги тргнат негативните односно неморалните од вашиот живот. Додека го исполнувате животот со добри мисли и активности, ќе растете во вашата способност да ги заменувате и надминувате негативните мисли. Читајќи ги светите писма, служејќи на вашето семејство, работејќи трудољубиво и впуштајќи се во рекреативни активности ќе ви помогне да ги контролирате мислите.
Избегнете порнографија во сите форми. Таа е заразна и уништувачка. Ќе ве лиши од вашата самопочит и од вреднувањето за убавините на животот. Не дозолувајте вашиот ум да живее со вулгарни односно неморални мисли односно слики. Не гледајте, не читајте, односно не слушајте се што го отсликува односно го опишува човечкото тело или сексуално однесување на непочитувачки начин. Избегнувајте да гледате со сладострасни мисли кон другите, и избегнувајте сугестивни односно експлицитни филмови, телевизиски емисии, интернет сајтови, музика, книги, магазини, и активности.
Зборови. Дозволете вашите зборови да ги изградат другите и да ги зацврстат. Елининирајте го деградирањето, вулгарните и сексуално експлицитни зборови, шеги, и теми од вашите разговори.
Дела. Секогаш третирајте ги другите со почит. Бидете скромни при облекувањето. Ако запомните дека секоја личност е дете на Бог, и ако сторите се што можете да им помогнете на другите да го следат Неговиот план, тогаш ќе бидете зацврстени во вашата желба да го одржувате законот на чедноста.
Утврдете сега дека нема да направите ништо надвор од бракот да ги разбудите моќните емоции кои мора да бидат изразени само во бракот. Не ги будете тие емоции кај друга личност или кај вас. Не учествувајте во хомосексуални или лезбејски дејствија или други неморални активности. Заменете ги активностите каде би можеле да бидете искушени да го прекршите законот на чедноста со конструктивни активности и хобија. Во брак, останете апсолутно верни на вашиот брачен другар со мисла и дело.
Поради тоа што законот на чедноста ќе ве приближи кон Бог, Сатаната ќе ве намами да ја прекршите оваа заповед. Тој знае кога сте осамени, збунети, или депресирани, и ќе ве искуши кога сте слаби. Молете му се на вашиот Небесен Отец за помош, и Тој ќе ви даде сила да му одолеете на искушението (видете 1 Коринтјаните 10:13). Додека се потпирате на Него и ги следите овие принципи, ќе можете да надминете искушение.