„Лекција 19: Пари“, EnglishConnect 1 за Ученици (2022)
„Лекција 19“, EnglishConnect 1 за Ученици
Lesson 19
Money
Цел: Ќе научам да поставувам и да одговарам на прашања за купување на работи.
Personal Study
Подгответе се за вашата група за разговор со пополнување на вежбите А до Е.
Study the Principle of Learning: Exercise Faith in Jesus Christ
Практикувајте Вера во Исус Христос
Jesus Christ can help me do all things as I exercise faith in Him.
Исус Христос ќе ми помогне да направам сė кога практикувам вера во Него.
Еден ден, Исус Христос поучувал илјадници луѓе во пустината. Исус Христос и Неговите ученици биле загрижени бидејќи луѓето не носеле храна. Едно момче од групата понудило пет векни леб и две риби за да ги поделат. Многу луѓе се прашувале како само пет векни леб и две риби би можеле да ги нахранат сите луѓе. Но Исус му заблагодарил на Бога за храната, ја благословил, ја поделил во корпата, и ги испратил учениците да ја споделат. Во Библијата е кажано:
„И јадеа сите и се наситија; и … собраа дванаесет кошеви полни со останатите парчиња” (Матеј 14:20).
Сите јадеа, а имаше и дополнителна храна. Тоа беше чудо. Слично, можеби чувствувате како да немате доволно време да учите англиски. Следете го Исусовиот пример во оваа приказна. Заблагодарете му на Бога за времето и енергијата што ја имате и побарајте од Него да го благослови. Ако го давате она што можете со вера, Бог може да ги зголеми вашите способности. Дури и да имате само малку време, можеби може да научите неколку реченични шеми или обидете се да користите неколку збора секој ден. Бог може да го направи вашиот труд попродуктивен. Кога имате вера во Исус Христос и го следите Неговиот пример може да ви помогне да научите повеќе отколу што мислевте дека е можно.
Ponder
-
Како може Бог да ви помогне да учите англиски?
-
Помислете на времето кога Бог ви помогна да направите повеќе од она што мислевте дека е можно. Што направивате? Што Тој направи?
Memorize Vocabulary
Научете го значењето и изговорот за секој збор пред да се состане вашата група за разговор. Обидете се да ги примените зборовите во вашиот живот. Размислете кога и каде би ги употребиле овие зборови.
buy |
купува |
cost/costs |
цена/цени |
want |
сака |
How much does this cost? |
Колку чини ова? |
Nouns
coat/coats |
палто/палта |
dress/dresses |
фустан/фустани |
pants |
панталони |
shirt/shirts |
кошула/кошули |
shoe/shoes |
чевел/чевли |
tie/ties |
вратоврска/вратоврски |
car/cars |
кола/коли |
phone/phones |
телефон/телефони |
Price
$50/fifty dollars |
$50/Педесет/педесет долари |
Adjectives
cheap |
ефтино |
expensive |
скапо |
good |
добро |
bad |
лошо |
Practice Pattern 1
Вежбајте користење на реченични шеми сé додека не успеете да поставувате и да одговарате на прашањата со самодоверба. Можете да ги замените подвлечените зборови со зборовите во делот „Memorize Vocabulary“.
Q: How much does this (noun) cost?A: It costs (price).
Examples
Q: How much does this phone cost?A: It costs five hundred dollars.
Q: How much do these pants cost?A: They cost twenty dollars.
Practice Pattern 2
Вежбајте користење на реченични шеми сé додека не успеете да поставувате и да одговарате на прашањата со самодоверба. Обидете се да научите нешто повеќе за реченичните шеми во оваа лекција. Размислете дали да користите граматички книги или веб страни.
Q: Do you want to buy this (noun)?A: Yes, this (noun) is (adjective).
Examples
Q: Do you want to buy that car?A: Yes, that car is cheap.
Q: Does she want to buy these shoes?A: No, those shoes are expensive.
Use the Patterns
Напишете четири прашања што можете да му ги поставите некому. Напишете одговор за секое прашање. Прочитајте ги на глас.
Conversation Group
Activity 1: Practice the Patterns
(10–15 minutes)
Прoверете ги новите зборови со партнерот.
Вежбајте ја реченичната шема 1 со партнер:
-
Вежбајте поставување прашања.
-
Вежбајте одговарање на прашања.
-
Вежбајте разговор користејќи ги реченичните шеми.
Повторете ја реченичната шема 2.
Activity 2: Create Your Own Sentences
(10–15 minutes)
Погледнете во сликите. Изберете ја цената за секоја ставка. Не му кажувајте на вашиот партнер која цена сте ја избрале. Поставете и одговорете на прашања за тоа колку чини секоја ставка. Менувајте се наизменично.
New Vocabulary
apple/apples |
јаболко/јаболка |
motorcycle/motorcycles |
моторцикл/моторцикли |
table/tables |
маса/маси |
Example
-
A: How much do your apples cost?
-
B: They cost three dollars. Do you want to buy these apples?
-
A: Yes, those apples are cheap.
-
B: How much do your apples cost?
-
A: My apples cost five dollars. Do you want to buy these apples?
-
B: No, those apples are expensive.
Activity 3: Create Your Own Conversations
(15–20 minutes)
Играјте улоги. Партнерот А купува облека и има 50 долари да потроши. Партнерот Б работи во продавница за облека. Поставете и одговорете на прашања за предметите од секоја слика. Партнерот А одлучува да купи и не може да потроши повеќе од 50 долари. Заменете ги улогите.
New Vocabulary
pretty |
убава |
ugly |
грда |
Why not? |
Зошто не? |
Yes, I want to buy it. |
Да, сакам да го купам тоа. |
No, I don’t want to buy it. |
Не, јас не сакам да го купам тоа. |
Example
-
A: How much does this shirt cost?
-
B: It costs 15 dollars. Do you want to buy it?
-
A: No, I don’t want to buy it.
-
B: Why not?
-
A: That shirt is expensive and ugly.