„1. Божјиот План и Вашата Улога во Делото на Спасение и Возвишување,“ Извадоци од Општиот Прирачник (2023).
„1. Делото на Спасение и Возвишување,“ Извадоци од Општиот Прирачник
1.
Божјиот План и Вашата Улога во Делото на Спасение и Возвишување
1.0
Вовед
Повикани сте да служите во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни Ви благодариме за вашата служба. Додека служите верно, ќе благословувате животи и ќе доживувате радост.
Овој прирачник ќе ви помогне да ги научите начелата на Христолика служба и да ги разберете вашите одговорности. Ќе биде најпродуктивно да ја усогласите вашата служба во Црквата со делото на Бог Отецот и Неговиот Син, Исус Христос.
1.1
Божјиот План за Среќа
Небесниот Отец го обезбеди планот за среќа за да ни овозможи да ги уживаме сите Негови благослови. Неговото дело и слава е да „ја донесе бесмртноста и вечниот живот на човекот“ (Мојсеј 1:39).
Исус Христос е централен во Божјиот план. Поради бесконечната љубов на Небесниот Отец за нас, Тој го испрати Неговиот Син да нѐ откупи од грев и смрт преку Неговата помирувачка жртва (види Јован 3:16). Преку Неговото Помирување, Исус Христос гарантира дека секој од нас кој е роден на земјата, ќе воскресне и ќе стекне бесмртност. Неговото Помирување, исто така, ни овозожува да се исчистиме од грев и да ги промениме нашите срца за да добиеме вечен живот и потполна радост.
За да добиеме вечен живот, мора „да дојдеме кај Христос, и да се усовршиме во него“ (Морони 10:32).
1.2
Делото на Спасение и Возвишување
Кога доаѓаме кај Христос и им помагаме на другите да го сторат истото, ние учествуваме во делото на спасение и егзалтација. Ова дело е водено од двете големи заповеди да се сака Бог и својот ближен (види Матеј 22:37–39).
Делото за спасение и егзалтација се фокусира на четири божествено определени одговорности.
Овој прирачник ќе ви помогне да ги разберете овие четири аспекти на Божјото дело. Светиот Дух ќе ве води додека го извршувате својот дел за да ги исполните (види 2 Нефи 32:5).
1.2.1
Како се живее евангелието на Исус Христос
Живеењето на евангелието на Исус Христос вклучува:
-
Практикување вера во Христос, секојдневно покајание, склучување завети со Бога додека ги примаме обредите за спасение и егзалтација, и истрајување до крај преку држење до овие завети (види 3.5.1).
-
Учење и поучување за евангелието на Исус Христос дома и во црква.
-
Стекнување самостојност за обезбедување духовни и матерјални добра за себе и за нашите семејства.
1.2.2
Грижа за оние кои имаат потреба од тоа
Грижата за оние кои имаат потреба од тоа вклучува:
-
Служење на поединци, семејства и заедници.
-
Споделување на ресурси, вклучувајќи црковна помош, со оние кои имаат потреба од тоа.
-
Помагање на другите да станат самостојни.
1.2.3
Покана до сите да го примат евангелието
Поканата до сите да го примат евангелието вклучува:
-
Учество во мисионерска работа и служба како мисионери.
-
Помагање на новите и членовите кои се враќаат во Црквата да напредуваат по заветениот пат.
1.2.4
Обединување на семејствата за вечност
Обединувањето на семејствата за вечност вклучува:
-
Склучување завети додека ги примаме сопствените храмски обреди.
-
Откривање на нашите починати претци и извршување на обреди за нив во храмот, за да можат да склучат завети со Бога.
-
Ако е можно, редовна посета на храм, за да му се восхитуваме на Бога и да ги извршиме обредите за Неговите чеда.
1.3
Улогата на Црквата
Исус Христос ја воспостави Својата Црква за да овозможи поединци и семејства да го извршуваат делото за спасение и егзалтација (види Ефесјаните 4:11–13; види и 2.2 во овој прирачник). За да помогне да се постигне оваа божествена цел, Црквата и нејзините водачи обезбедија:
-
Свештеничко овластување и клучеви.
-
Завети и Обреди.
-
Пророчка насока.
-
Свети Писма.
-
Поддршка при учењето и поучување на Евангелието.
-
Можности за служење и водство.
-
Заедница на Светци.
1.3.1
Свештеничко овластување и Клучеви
Преку свештенството, Бог го постигнува делото за спасение и егзалтација. Свештенското овластување и клучевите неопходни да се насочи Божјото дело на земјата му се вратени на Пророкот Џозеф Смит (види Учењата и Заветите 110:11–16; 112:30). Овие клучеви денес ги држат црковните водачи. Тие ги повикуваат и ги овластуваат другите да учествуваат во Божјото дело (види Учењата и Заветите 107:8, 65–67).
1.3.2
Завети и Обреди
Во планот на Небесниот Отец, ние склучуваме завети додека ги примаме обредите за спасение и егзалтација, како што е крштевањето (види Јован 3:5; види и поглавје 18 во овој прирачник). Овие завети и обреди се од суштинско значење за нас, да наликуваме сѐ повеќе на Бога и да се вратиме да живееме во Негово присуство (види Учењата и Заветите 84:19–22).
1.3.3
Пророчка Насока
Преку од Него избраните пророци, Бог ја открива вистината и дава инспиративно водство и предупредувања (види Амос 3:7; Учењата и Заветите 1:4). Ова водство ни помага да застанеме и да останеме на патот кој води до вечен живот.
1.3.4
Свети Писма
Под водство на пророците и апостолите Господови, Црквата го обезбедува и чува Божјото слово онака како што е запишано во светите писма. Светите писма сведочат за Христос, поучуваат за Неговото евангелие, и ни помагаат да практикуваме вера во Него (види Јаков 7:10–11; Хеламан 15:7).
1.3.5
Поддршка при учењето и предавањето на Евангелието
Црквата поддржува поединци и семејства во нивната одговорност да ги научат евангелските вистини и да им ги пренесат на членовите од семејството и другите (види Учењата и Заветите 88:77–78, 118; види и 2.2.3 во овој прирачник).
1.3.6
Можности за служење и водство
Бог им дава на членовите можности да служат и да водат, преку повици и задачи во Црквата. Црквата обезбедува структура да помогне да се згрижат членовите кои имаат потреби и за обезбедување на хуманитарна помош за другите (види Мосија 18:27–29).
1.3.7
Заедница на Светци
Како заедница на Светци, членовите на Црквата редовно се среќаваат за да му се восхитуваат на Бога и да се сеќаваат на Спасителот преку учество на сакраментот (види Морони 6:4–6; Учењата и Заветите 20:77). Членовите исто така се грижат и си служат еден на друг (види Ефесјаните 2:19).
1.4
Вашата Улога во Божјото дело
Како водач на Црквата, вие сте повикани да ги поучувате и да ги поддржувате оние на кои им служите додека се ангажираат во делото за спасение и возвишување (види 1.2). Вие сте одговорни за исполнување на вашиот повик и „учење … на словото Божје со сета трудољубивост“ (Јаков 1:19). Работењето со Господ во Неговото лозје ќе ви донесе голема радост (види Јаков 5:70–72).
Имањето јасно разбирање за Божјото дело, за кое Тој ве повикува да го вршите, и за целта на Неговата црква ќе ви помогне да ги фокусирате вашите напори на носење души кај Христа.
Повикувајте се често на принципите од ова поглавје. Молитвено барајте како можете да помогнете во остварување на Божјите намери во животот на оние на кои им служите. Бог ќе ве упати преку поттикнувањата на Светиот Дух.