„18. Извршување на Свештенски Обреди и Благословување,“ Извадоци од Општиот Прирачник (2023).
„18. Извршување на Свештенски Обреди и Благословување“, Извадоци од Општиот Прирачник
18.
Извршување на Свештенски Обреди и Благословување
18.0
Вовед
Обредите и благословите се свети чинови извршени со овластување од свештенството и во името на Исус Христос. Свештенските обреди и благослови обезбедуваат пристап до моќта Божја (види Учењата и Заветите 84:20).
Обредите и благословите треба да се извршуваат со вера во Небесниот Отец и Исус Христос и под водство на Светиот Дух. Водачите гарантираат дека тие се изведуваат со соодветно одобрение (каде што е неопходно), со потребното свештенско овластување, на соодветен начин, и од достојни учесници (види 18.3).
18.1
Обреди за Спасение и Егзалтација
Свештенството вклучува овластување да се извруваат евангелските обреди што се неопходни за спасение и егзалтација. Луѓето склучуваат свети завети со Бога кога ги примаат овие обреди. Обредите за спасение и егзалтација се наведени подолу:
-
Крштевање
-
Потврдување и дарување на Светиот Дух
-
Доделување на Мелхиседековото Свештенство и ракополагање за повик старешина (за мажи)
-
Храмско дарување
-
Храмско запечатување
Ако дете родено во завет почине пред да наполни 8 години, не се потребни извршувања на обреди. Ако дете не е родено во заветот, единствен обред што му е потребен е да биде запечатено со родителите. Поради Помирувањето на Спасителот, сите деца кои умираат пред на наполнат 8 години се „спасени во селестијалното небесно царство“ (Учењата и Заветите 137:10; види и Морони 8:8–12).
18.3
Учество во Обред или Благослов
Оние кои извршуваат или учествуваат во обред или благослов мора да го имаат неопходното свештенство и да бидат достојни. Општо земено, стандардот за достојност е оној поврзан со поседувањето храмска препорака. Меѓутоа, водени од Духот и упатствата во ова поглавје, епископите и претседателите на кол може да дозволат татковците и сопрузите кои се носители на потребното свештенство да извршуваат или да учествуваат во одредени обреди и благослови дури и ако не се целосно достојни за храмот. Носител на свештенството кој има сериози неразрешени гревови не треба да учествува.
Извршувањето или примањето одредени обреди и благослови бара одобрение од водачот кој претседава кој е носител на потребните свештенски клучеви (види 3.4.1). Доколку е потребно, одобрение може да даде советник овластен од него. Види ги следните графикони. Секаде каде се споменува претседател на кол се однесуваат и на претседателите на мисија. Секаде каде се споменува епископи се однесуваат и на претседателите на гранка.
Кои Водачи се Носители на Клучеви за Давање Одобрение за Извршување или Примање на Обредите за Спасение и Возвишување?
Обред |
Кој е носител на Клучеви |
---|---|
Обред Крштевање | Кој е носител на Клучеви Епископ (за 8 годишни деца и за заведени членови на возраст од 9 години чие крштевање е одложено поради пречки во развој) Претседател на Мисија (за преобратени лица) |
Обред Потврдување и дарување на Светиот Дух | Кој е носител на Клучеви Епископ (за 8 годишни деца и за заведени членови на возраст од 9 години чие крштевање е одложено поради пречки во развој) Претседател на Мисија (за преобратени лица) |
Обред Доделување на Мелхиседековото Свештенство и ракополагање за повик (за мажи) | Кој е носител на Клучеви Претседател на кол |
Обред Храмско дарување | Кој е носител на Клучеви Епископ и претседател на кол |
Обред Храмско запечатување | Кој е носител на Клучеви Епископ и претседател на кол |
Кои Водачи се Носители на Клучеви за Давање Одобрение за Извршување или Примање на Други Обреди и Благослови?
Обред или Благослов |
Кој е носител на Клучеви |
---|---|
Обред или Благослов Именување и благословување деца | Кој е носител на Клучеви Епископ |
Обред или Благослов Сакраментот | Кој е носител на Клучеви Епископ |
Обред или Благослов Доделување на Ароново Свештенство и ракополагање за повик (за млади мажи и мажи) | Кој е носител на Клучеви Епископ |
Обред или Благослов Издвојување на членови за служба на повик | Кој е носител на Клучеви Види 30.8 |
Обред или Благослов Осветено масло | Кој е носител на Клучеви Одобрување не е потребно |
Обред или Благослов Управување со болните | Кој е носител на Клучеви Одобрување не е потребно |
Обред или Благослов Благослови за утеха и совет, вклучувајќи и татковски благослов | Кој е носител на Клучеви Одобрување не е потребно |
Обред или Благослов (П)осветување домови | Кој е носител на Клучеви Одобрување не е потребно |
Обред или Благослов (П)Осветување гробови | Кој е носител на Клучеви Свештенскиот водач кој претседава со службата |
Обред или Благослов Патријаршки благослови | Кој е носител на Клучеви Епископ |
18.4
Обреди за Малолетни Деца
Малолетно дете може да биде благословено, крштевано, потврдено, ракоположено за свештенички повик, или да биде издвоено за повик само со согласност од (1) родители кои имаат законско право да учествуваат во одлуката или (2) законските старатели.
18.6
Именување и благословување деца
Децата обично се именуваат и благословуваат за време на средбите за пост и сведоштво во одделот каде што живеат нивните родители.
18.6.1
Кој го Дава Благословот
Обредот за именување и благословување дете се извршува од носители на Мелхиседеково свештенство, во согласност со Учењата и Заветите 20:70.
Лице или семејство кое сака детето да добие име и благослов, го усогласува обредот со епископот. Тој е носител на свештенските клучеви за именување и благословување деца во одделот.
Епископ може да дозволи татко кој е носител на Мелхиседеково свештенство да го именува и благослови своето дете дури иако таткото не е целосно достоен за влез во храмот (види 18.3). Епископите ги охрабруваат татковците да се подготват за благословување на своите сопствени деца.
18.6.2
Упатства
Под насока на претседателството на епископија, носителите на Мелхиседеково Свештество се собираат во круг за да именуваат и да благословат дете. Ги положуваат своите раце под бебето, или лесно ги положуваат своите раце на главата на постаро дете. Тогаш оној кој игра улога на објавувач вели:
-
Му се обраќа на небесниот Отец како во молитва.
-
Изјавува дека благословот се извршува по овластување на Мелхиседековото Свештенство.
-
Му дава име на детето.
-
Му се обраќа на детето.
-
Дава благослов на детето како што е воден од Духот.
-
Завршува во името на Исус Христос.
18.6.3
Формуларот за Евиденција и Сертификат за Благослов на Детето
Пред да е крстено детето, службеникот ги користи Ресурсите за Водачи и Службеници (РВС) за да го подготви Формуларот за Евиденција на Дете. По благословувањето, тој создава членски запис во тој систем и подготвува Сертификат за Благослов. Овој сертификат е потпишан од епископот и даден на родителите на детето или старателите.
Името на членскиот запис и сертификатот треба да се совпаднат со потврдата за родени, изводот од матичната книга на родените, или сегашното правно име.
18.7
Крштавање
Крштавање со потопување во вода од оној кој има овластување е неопходно за едно лице да стане член на Црквата и да го прими Светиот Дух. Сите кои бараат егзалтација мора да го следат примерот на Спасителот со примање на овие обреди.
18.7.1
Одобрение за едно Лице да Биде Крстено и Потврдено
18.7.1.1
Деца кои се Евидентирани Членови
Епископот е носител на свештенските клучеви за крштевање на 8 годишни евидентирани членови во еден оддел. Овие деца треба да бидат крстени и потврдени на нивиот 8-ми роденден или колку што е можно поскоро (види Учењата и Заветите 68:27). Ова се децата за кои веќе постојат Црковни членски записи (види 33.6.2). Кога ќе навршат 8 години, епископот ќе се погрижи да ја имаат секоја можност да го прифатат евангелието, да бидат крстени и потврдени.
Епископот или назначениот советник ги интервјуира евидентираните деца за крштевање и потврдување. Упатствата се во 31.2.3.1.
За информации за како да се пополни Записот за Крштевање и Потврдување, види 18.8.3.
18.7.1.2
Преобратеници
Претседателот на мисија е носител на свештенските клучеви за крштевање на преобратени лица во мисија. Поради оваа причина, мисионерите со полно работно време ги интервјуираат преобратениците за крштевање и потврдување.
18.7.2
Служби за Крштевање
Службата за крштевање треба да биде едноставна, кратка и духовно издигнувачка. Таа може да го вклучува следното:
-
Музички вовед
-
Кратко добредојде од братот кој ја спроведува службата
-
Химна за отворање и молитва
-
Една или две кратки пораки на евангелски теми, како што е крштевањето и дарот на Светиот Дух
-
Избрана музика
-
Чинот на Крштавањето
-
Време за побожност додека оние кои учествуваат во крштевањето се пресоблечат во суви алишта (химни или песни за основно може да се свират или пеат за ова време)
-
Потврдување на 8-годишни евидентирани членови; потврдување за преобратеници ако определил епископот (види 18.8)
-
Давање сведоштва од ново преобратените лица, ако сакаат
-
Химна за затворање и молитва
-
Музичко дело за затворање
Кога евидентирано дете се подготвува за крштевање, член на претседателството на епископија и претседателството на Основно се советуваат со семеството за да испланира и да закаже служба за крштевање. Член на претседателството на епископија ја води службата. Ако неколку деца се крстат во ист месец, тие можат да да ја споделат службата за крштавање.
Во колови со многу евидентирани деца, децата од повеќе оддели може да ја делат истата служба за крштевање. Член на претседателството на кол или назначениот висок советник ја водат службата.
Крштевањето на член на семејството не треба да се одложува додека таткото да го прими свештенството и самиот да го изврши крштевањето.
Под водство на претседателството на епископија, водачот на мисија за оддел (доколку има повикано) или член на претседателството на кворумот на старешини кој ја води мисионерската работа во одделот ги планира и води службите за крштевање за преобратените лица. Тие координираат со мисионерите со полно работно време.
18.7.3
Кој го Извршува Обредот
Обредот за крштевање го извршува свештеник или носител на Мелхиседековото Свештенство. Лицето кое врши крштевање мора да биде одобрено од епископот (или од претседателот на мисија ако крштевањето го врши мисионерот со полно работно време).
Епископ може да дозволи татко кој е носител на Мелхиседеково свештенство да го крсти своето дете иако таткото не е целосно достоен за влез во храмот (види 18.3). Епископите ги охрабруваат татковците да се подготват за крштевање на своите сопствени деца.
18.7.4
Каде да се Извршува Обредот
Крштевањата треба да се вршат во базенот на крстилницата доколку е достапна. Ако нема крстилница, може да се користи безбеден базен за вода.
Од безбедносни причини, одговорно возрасно лице мора да биде присутно додека не се исполни базенот со вода и да остане таму додека не се испразни, исчисти и обезбеди. Крастилницата треба веднаш да се испразни после секоја служба. Вратите на крстилницата треба да се заклучени кога не се користат.
18.7.5
Облека
Лицето кое го извршува крштевањето и лицето кое се крсти носат бели облеки кои не се проѕирни кога се влажни. Дарувано лице ја носи храмската облека под оваа облека додека се извршува крштевањето. Локалните единици купуваат облека за крштевање со буџетски средства и не наплаќаат за нејзината употреба.
18.7.6
Сведоците
Двајца сведоци, одобрени од водачот кој претседава, го набљудуваат секое крштевање за да се осигураат дека тоа е правилно извршено. Крстените членови на Црквата, вклучувајќи ги децата и младите, може да служат како сведоци.
Крштевањето мора да се повтори ако зборовите не се изговораат точно како што е наведено во Учењата и Заветите 20:73. Тоа мора исто така да се повтори ако дел од телото, косата или облеката на лицето кое се крштева не е целосно потопен.
18.7.7
Упатства
За извршување на обредот на крштевање, свештеникот или носителот на Мелхиседеково Свештенство:
-
Стои во водата со лицето кое се крштева.
-
Го држи десниот зглоб на лицето со левата рака (за погодност и безбедност). Лицето кое се крштева со левата рака го држи левиот зглоб на носителот на свештенство.
-
Ја крева десната рака на место.
-
Го изјавува целосното име и вели, „На покана на Исус Христос, ве крштевам во името на Отецот, Синот и Светиот Дух. Амин“ (Учењата и Заветите 20:73).
-
Нека лицето го држи носот со десната рака (за погодност); потоа ја става десната рака високо на грбот на лицето и целосно го потопува, сосе облеката.
-
Му помага на лицето да излезе од водата.
18.8
Потврдување и Дар на Светиот Дух
Откако ќе се крсти лицето, тој или таа е потврден член на Црквата и го прима Светиот Дух преку ракополагање (види Учењата и Заветите 20:41; Дела 19:1–6). Лицето станува член на Црквата откако и двата овие обреди ќе бидат завршени и соодветно заведени (види Јован 3:5; Учењата и Заветите 33:11; 3 Нефи 27:20).
Епископот го надгледува извршувањето на потврдувањата. Осумгодишните деца обично се потврдуваат на денот на нивното крштевање. Преобратените лица се потврдуваат на било која сакраментална средба во одделот каде тие живеат, по можност неделата по нивното крштевање.
Член на претседателството на епископија ги следи упатствата во 29.2.1.1 при претставување на новите членови.
18.8.1
Кој го Извршува Обредот
Само носител на Мелхиседеково Свештенство кој е достоен за влез во храм ја кажува молитвата за потврдување. Сепак, епископ може да дозволи татко кој е носител на Мелхиседеково Свештенство да застане во кругот за потврдување за неговото дете иако неговиот татко не е целосно достоен за влез во храм (види 18.3).
Најмалку еден член на претседателството на епископија учествува во овој обред. Кога старешините мисионери подучуваат преобратеник, епископот ги кани да учествуваат.
18.8.2
Упатства
Под водство на претседателството на епископија, еден или повеќе носители на Мелхиседеково Свештество може да учествуваат во потврдувањето Тие ги положуваат своите раце лесно над главата на лицето. Тогаш оној кој има улога на објавувач:
-
Го повикува лицето со целото име.
-
Изјавува дека обредот го спроведува лице со овластување за Мелхиседеково Свештенство.
-
Потврдува дека лицето е член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.
-
Изјавува „го прима Светиот Дух“ (а не „го прима дарот на Светиот Дух“).
-
Дава благословни зборови предводени од Духот.
-
Затвора во името на Исус Христос.
18.8.3
Евиденција за Крштавање и Потврдување и Сертификат
Пред да биде интервјуирано за крштевање дете кое се води како заведен член, службеникот ги користи РВС за да се подготви Формулар за Крштавање и Потврдување. Епископот или назначениот советник го води интервјуто и го потпишува формуларот. По крштевањето и потврдувањето, службеникот го користи овој формулар за ажурирање на членскиот запис на детето во РВС.
Кога мисионер со полно работно време интервјуира преобратеник за крштевање, го поплнува Записот за Крштевање и Потврдување користејќи ја апл Планер на Обласна Книга (ПОК). По крштевањето и потврдувањето, мисионерите ги заведуваат податоците во ПОК и електронски ги доставуваат до службеникот на оддел. Службеникот на оддел ги проверува податоците во РВС и создава членски запис.
Откако е создаден членскиот запис, службеникот го подготвува Сертификатот за Крштевање и Потврдување. Овој сертификат се потпишува од епископот му се дава на лицето.
Името на членскиот запис и на сертификатот треба да се совпаѓаат со сертификатот за раѓање, изводот од матичната книга на родени лица, или сегашното правно име.
18.9
Сакраментот
Црковните членови се среќаваат на Сабат за богослужба и за земање сакрамент (види Учењата и Заветите 20:75; 59:9; Морони 6:5–6). За време на овој обред, тие земаат леб и вода во сеќавање на жртвата на Спасителот за Неговото тело и крв и за обновување на нивните свети завети (види Матеј 26:26–28; Џозеф Смит Превод, Марко 14:20–25; Лука 22:15–20; 3 Нефи 18; Морони 6:6).
18.9.1
Одобрение за Управување со Сакраментот
Епископот е носител на свештенските клучеви за администрирање на сакраменот во одделот. Сите кои учествуваат во подготовката, благословувањето и додавањето на сакраментот мора да добијат одобрение од него или од некој под негово водство.
18.9.2
Кој го Извршува Обредот
-
Учителите, свештениците и носителите на Мелхиседеково свештенство смеат да го подготвуваат сакрамент.
-
Свештениците и носителите на Мелхиседеково Свештенство смеат да го благословуваат сакраментот.
-
Ѓаконите, учителите, свештениците и носителите на Мелхиседеково Свештенство смеат да додаваат сакрамент.
18.9.3
Упатства за Сакраментот
Поради светата природа на сакраментот, водачите на свештенство треба внимателно да се подготват за да биде уреден и почитуван.
Оние кои управуваат со сакраментот треба да го прават тоа на достоинствен начин, свесни дека го претставуваат Господ.
Предавањето на сакраментот треба да биде природно и не премногу формално.
Иако сакраментот е за членовите на Црквата, ништо не треба да се прави за да се спречат другите да земат од него.
18.9.4
Упатства
-
Оние кои се подготвуваат, благословуваат или предаваат сакрамент најнапред ги мијат рацете со сапун или друг прочистувач.
-
Учителите, свештениците, или носителите на Мелхиседеково Свештенство се грижат пред средбата да бидат поставени послужавници за леб со некршен леб, послужавници за вода со чаши чиста вода, и чисти покривки за маса.
-
Додека членовите на оддел ја пеат сакраменталната химна, оние кои го благословуваат сакраментот стојат со почит, ја отстрануваат ткаенината што ги покрива садовите за леб и го сечат лебот на парчиња со големина на залак.
-
По химната, лицето кое го благословува лебот клекнува и ја кажува сакраменталната молитва за лебот (види Учењето и Заветите 20:77).
-
Епископот треба да се погрижи сакраменталните молитви да се кажуваат јасно, точно и достоинствено. Ако некој направи грешка во формулацијата и се поправи, не се потребни дополнителни исправки. Ако лицето не ја исправи својата грешка, епископот љубезно го замолува да ја повтори молитвата.
-
По молитвата, носителите на свештенството со почит им предаваат леб на членовите. Водачот кој претседава прима прв, по што нема утврден ред. Откако ќе им се даде послужавникот на членовите, тие го предаваат еден на друг.
-
Членовите земаат со десната рака кога е можно.
-
Кога лебот ќе биде поделен на сите членови, оние што го предаваат сакраментот ги враќаат послужавниците на масата за сакрамент. Оние кои го благословуваат сакраментот ставаат прекривка над послужавниците за леб и ги откриваат послужавниците за вода.
-
Оној што ја благословува водата клекнува и ја кажува сакраменталната молитва за водата (види Учењата и Заветите 20:79). Зборот вода го заменува за вино.
-
По молитвата, носителите на свештенство со почит ја делат водата на членовите. Водачот кој претседава прима прв, по што нема утврден редослед.
-
Кога водата ќе им биде поделена на сите членови, оние што го предаваат сакраментот ги враќаат послужавниците на масата за сакрамент. Оние кои го благословуваат сакраментот ставаат прекривка на послужавниците, а оние кои го благословија и го поделија седат со почит.
-
По средбата, оние кои го подготвуват сакраментот чистат, ги свиткуваат покривките и чаршавот, и го отстрануваат неискористениот леб.
18.10
Предавање на Свештенството и Ракополагање за Служба
Има две поделби на свештенството: Ароново и Мелхиседеково (види 3.3; Учењата и Заветите 107:1, 6). Кога се доделува свештенство на едно лице, тој исто така се ракополага за служба во тоа свештенство. Откако било кое од овие свештенства е доделено, мажот треба само да се ракополжи за служба во тоа свештенство.
18.10.1
Мелхиседеково Свештенство
Претседателот на кол е носител на свештенските клучеви за доделување на Мелхиседеково Свештенство и ракополагање за службите за старешина и висок свештеник. Меѓутоа, епископот обично дава препораки за овие ракополагања.
18.10.1.1
Старешини
Достојните браќа можат да добијат Мелхиседеково Свештенство и да бидат ракоположени за старешини кога ќе наполнат 18 години или повеќе години. Врз основа на поединечните околности, епископот одредува дали млад маж треба да добие препорака за да биде ракоположен за старешина по неговиот 18-ти роденден или да остане со кворум на старешините подолго.
При носење на оваа одлука, епископот најнапред се советува со младиот маж и неговите родители или старатели. Достојните мажи треба да бидат ракоположени до 19 години или пред да го напуштат домот за да посетуваат колеџ, да служат мисија со полно работно време, да служат во војска, или да прифатат вработување со полно работно време.
Неодамна крстените мажи на возраст од 18 години се ракополагаат за старешини откако тие:
-
Го примиле Ароново свештенство и служат како свештеници.
-
Ќе развијат доволно рабирање за евангелието.
-
Ја покажале својата достојност.
Не е потребна одредена временска рамка како член на Црквата.
18.10.1.2
Високи Свештеници
Мажите се ракополагаат за високи свештеници кога се повикани да станат членови на претседателство на кол, висок совет, или претседателство на епископија.
18.10.1.3
Интервјуирање и Поддржување
Со одобрение на претседателството на кол, епископот го интервјуира братот како што е наложено во Записот за Ракополагање на Мелхиседеково Свештенство. Потоа и член на претседателството на кол го интервјуира. Со одобрение на претседателот на мисија, претседателот на округ може да интервјуира брат да биде ракоположен за старешина (види 6.3).
18.10.2
Ароново Свештенство
Епископот е носител на свештенските клучеви за доделување на Ароново Свештенство и ракополагање за служба за ѓакон, учител и свештеник. Достојните браќа се типично ракоположени за овие служби на следните возрасти, но не порано:
-
Ѓакон кој на почеток на годината ќе наполни 12 години
-
Учител кој на почеток на годината ќе наполни 14 години
-
Свештеник кој на почеток на годината ќе наполни 16 години години
Епископот или назначен советник ги интервјуира оние кои се ракоположени за ѓакони или учители за да се одреди дали се духовно подготвени. Епископот ги интервјуира браќата кои треба да бидат ракоположени за свештеници.
Пред да интервјуира млад маж за ракополагање за свештеник, членот на претседателството на епископија добива дозвола од родителите или старателите на младиот маж. Ако родителите се разведени, тој добива дозвола од родителот(ите) со законско старателство.
18.10.3
Претставување на Член кој треба да Биде Поддржан пред да биде Ракоположен
Откако брат е испрашуван и прогласен за достоен да биде ракоположен за свештенство, тој е претставен за поддржување (види Учењата и Заветите 20:65, 67). Браќата што треба да се ракоположат за старешини се претставени од член на претседателството на кол на генералната сесија на конференција на кол (види 6.3 за упатства за претседатели на округ). Браќата што треба да се ракоположат за служба за ѓакони, учители или свештеници се претставени на сакраментална средба од член на претседателството на епископија.
Оној кој го води поддржувањето бара од братот да стане. Тој го објавува предлогот за доделување на Ароновото или Мелхиседековото Свештенство (ако е потребно) и за ракополагање на братот за свештенска служба. Ги кани членовите да го поддржат предлогот. На пример, да го претстави братот за да биде ракоположен за старешина, тој може да употреби зборови како овие:
„Предлагаме да [име] добие Мелхиседеково Свештество и да биде ракоположен за старешина. Оние кои се за може да го покажат тоа со крената рака. [Кратка пауза.] Оние кои се против, ако име, може исто така да го покажат тоа. [Кратка пауза.]“
Ако член во добра состојба се спротивстави на ракополагањето, претседавачот или друг назначен свештенски водач се состануваат насамо со него по средбата. Водачот бара да разбере зошто членот се спротивставува на предлогот. Тој дознава дали членот знае за однесување што би можело да ја дисквалификува личноста да биде ракоположена за свештенство.
Во некои случаи, брат можеби ќе треба да биде ракоположен за старешина или висок свештеник пред да претставен на конференцијата на кол. Кога тоа ќе се случи, тој е претставен за време на сакраментална средба на неговиот оддел за поддршка. Тој потоа е претставен на следната конференција на кол за да го ратификува ракополагањето (прилагодување на процесот за поддршка, опишан погоре)
18.10.4
Кој го Извршува Обредот
Претседателот на кол или носителот на Мелхиседеково Свештенство под негово водство може да ракоположи човек на служба за старешина. Со одобрение на претседателот на мисија, претседателот на округ или некој под негово водство може да го изврши ракоплагањето (види 6.3). Само носителите на Мелхиседековото свештенство можат да стојат во кругот.
Претседателот на кол или висок свештеник под негово водство може да ракоположат човек да служи за висок свештеник. Само високи свештеници може да стојат во кругот.
Оној кој ракополага човек со Мелхиседеково свештенство треба да биде достоен за влез во храм. Треба да биде присутен претседателот на кол или некој кој што тој го назначува.
Свештеник или носител на Мелхиседеково свештенсво може да ракоположи брат за служба како ѓакон, учител или свештеник. Тој мора да биде овластен од епископот. Треба да биде присутен епископот или некој што тој го назначува.
За учество во ракополагање на Ароново Свештенство, едно лице мора да биде свештеник или носител на Мелхиседеково Свештенство.
Епископ може да дозволи татко кој е носител на Мелхиседеково свештенство да го ракоположи својот син да служи како ѓакон, учител или свештеник иако таткото не е целосно достоен за влез во храмот (види 18.3). Епископите ги поттикнуваат татковците да се подготват за крштевање на своите сопствени деца.
18.10.5
Упатства
За да се додели свештенството и да се ракоположи едно лице за свештеник, еден или повеќе овлатсени носители на свештенство лесно ги поставуваат рацете на главата на лицето. Тогаш оној кој на кој му е одредено да ја има улогата на објавувач:
-
Го нарекува лицето со неговото полно име.
-
Го наведува овластувањето што тој лично го има за да се изврши обредот (или Ароново или Мелхиседеково).
-
Го доделува Ароновото или Мелхиседековото Свештенство, освен ако тоа веќе не е доделено.
-
Го ракополага лицето за служба во Ароново или Мелхиседеково Свештенство и ги доделува правата, силата и овластувањето на таа служба.
-
Дава благословни зборови како што е воден од Духот.
-
Затвора во името на Исус Христос.
За да се ракоположи лице во одредено свештенство откако соодветното свештенство веќе ќе му биде доделено, лицето кое го извршува ракополагањето го испушта чекор 3.
18.10.6
Евиденција на Извршено Ракополагање и Сертификат
Пред да биде интервјуиран брат за да биде ракоположен на служба во Ароново Свештенство, службеник ги користи РВС за да се подготви Запис за Ракополагање на Ароново Свештенство. Доколку се исполнети сите услови за достојност, епископот или назначениот советник го води интервјуто и го потпишува формуларот.
По ракополагањето, епископот или назначениот советник го пополнува формуларот и му го дава на службеник. Тој го заведува ракополагањето во РВС и го подготвува сертификатот за извршено ракополагање.
Треба да се користи името што лицето го добило при раѓање на записот за извршено ракополагање и сертификатот.
18.11
Издвојување на членови за Служба на Повик
Членовите кои се повикани и поддржани на повеќето црковни позиции треба да се издвојат за да служат на таа позиција (види Јован 15:16; Учењата и Заветите 42:11; види и 3.4.3.1 во овој прирачник). За време на издвојувањето, лицето добива (1) овластување да дејствува во повикот и (2) зборови на благослов како што е воден од Духот.
Кога се издвојуваат претседателите на кол, епископите и претседателите на кворум добиваат клучеви на претседателство (види 3.4.1.1). Сепак, зборот клучеви не треба да се користи кога се издвојуваат членови за служба во други повици, вклучувајќи ги советниците во претседателствата.
18.11.1
Кој Врши Издвојување
Издвојување се врши од носител на Мелхиседеково Свештенство. Тој мора да добие одобрение од водачот кој е носител на соодветните свештенички клучеви. Оние кои се овластени да издвојуваат се посочени во 30.8. Еден старешина не треба да биде оној кој ја кажува молитвата или да стои во кругот кога некој човек се издвојува за свештество кое бара од него да биде повисок свештеник.
Под водство на претседавачкиот водач, во издвојувањето може да учествуваат еден или повеќе носители на Мелхиседеково Свештенство. Претседателите се издвојуваат пред да се издвојат нивните советници.
Еден водач претседавач може да дозволи сопруг или татко кој е носител на Мелхиседеково Свештенство да стои во круг за издвојувањето на неговата сопруга или децата иако не е целосно достоен за влез во храм (види 18.3).
18.11.2
Упатства
Еден или повеќе овластени носители на Мелхиседеково Свештенство нежно ги поставуваат рацете на главата на лицето. Тогаш оној кому му е одредено да има улога на објавувач:
-
Го повикува лицето со неговото полно име.
-
Изјавува дека дејствува според овластеното Мелхиседеково Свештенство.
-
Го издвојува лицето за повикот во колот, одделот, кворумот или класот.
-
Доделува клучеви доколку лицето треба да ги прими.
-
Дава благословни зборови како што е воден од Духот.
-
Затвора во името на Исус Христос.
18.12
Осветено масло
Носителите на Мелхиседеково Свештенство мора да осветат маслиново масло пред да го користат за да ги помазат болните или настраданите (види Јаков 5:14). Не смее да се користи друго масло.
Членовите на треба да консумираат осветено масло или да го нанесуваат на погодените делови од телото.
18.12.1
Кој го Извршува Обредот
Еден или повеќе носители на Мелхиседеково Свештенство може да осветуваат масло. Тие не треба да бараат одобрение од водач на свештенството.
18.12.2
Упатства
За да освети масло, носителот на Мелхиседеково Свештество:
-
Држи отворен сад со маслиново масло.
-
Му се обраќа на небесниот Отец како во молитва.
-
Изјавува дека дејствува според овластувањето на Мелхиседековото Свештенство.
-
Го осветува маслото (не садот) и го издвојува за помазание и благословување на болните и настраданите.
-
Затвора во името на Исус Христос.
18.13
Послужување на Болните
Послужување на болните „со полагање раце“ има два дела: помазание со масло и запечатување на помазанието со благослов. Ако осветеното масло не е достапно, може да биде даден благослов по овластување на Мелхиседековото Свештенство без помазание.
18.13.1
Кој го Дава Благословот
Само на достојни носители на Мелхиседеково свештенство им е дозволено да администрираат болни или настрадани. Тие не треба да бараат одобрение од водач на свештенството. Доколку е возможно, татко кој е носител на Мелхиседеково Свештенство е одговорен за болните членови на неговото семејство.
Вообичаено, еден или повеќе носители на Мелхиседеково Свештенство се одговорни за служба на болните. Меѓутоа, некој може да изврши и миропомазание и запечатување.
18.13.2
Упатства
Миропомазанието со масло го врши носител на Мелхиседеково Свештенство. Тој:
-
Става капка осветено масло врз главата на лицето.
-
Лесно ги положува рацете на главата на лицето и го повикува со целосно име.
-
Изјавува дека дејствува според овластувањето на Мелхиседековото Свештенство.
-
Изјавува дека тој миропомазува со масло кое е осветено за миропомазание и благослов на болните и настраданите.
-
Затвора во името на Исус Христос.
За запечатување на миропомазанието, еден или повеќе носители на Мелхиседеково Свештенство лесно ги поставуваат рацете врз главата на лицето. Потоа оној кој го запечатува миропомазанието:
-
Го повикува лицето со неговото полно име.
-
Изјавува дека тој го запечатува миропомазанието со овластување на Мелхиседековото Свештенство.
-
Дава благословни зборови како што е воден од Духот.
-
Затвора во името на Исус Христос.
18.14
Благослови за Утеха и Совет, вклучувајќи и Татковски Благослови
18.14.1
Кој го Дава Благословот
На носителите на Мелхиседеково Свештенство им е дозволено да даваат благослови за утеха и совет на членовите на семејството и на другите кои ги бараат.
Тако кој е носител на Мелхиседеково Свештенство може да им даде татковски благослови на своите деца. Родителите ги поттикнуваат своите деца да бараат татковски благослов кога е потребно. Татковскиот благослов може да се запише за лична употреба.
Носител на Мелхиседеково Свештенство не треба да бара одобрение од водач на свештенството за давање благослов на утеха и совет или татковски благослов.
18.14.2
Упатства
За да се даде благослов за утеха и совет или татковски благослов, еден или повеќе носители на Мелхиседеково Свештенство лесно ги поставуваат рацете врз главата на лицето. Тогаш оној кој има улога на објавувач:
-
Го повикува лицето со неговото полно име.
-
Наведува дека благословот го дава според овластување од Мелхиседековото Свештенство.
-
Дава благословни зборови, утешни зборови и совет како што е воден од Духот.
-
Затвора во името на Исус Христос.
18.15
Осветување домови
На членовите на Црквата може да им се осветат домовите со овластување на Мелхиседековото Свештенство
18.15.2
Упатства
За да се освети дом, носителот на Мелхиседеково Свештенство:
-
Му се обраќа на Небесниот Отец како во молитва.
-
Изјавува дека дејствува според овластувањето на Мелхиседековото Свештенство.
-
Го осветува домот како свето место каде што може да претстојува Светиот Дух и дава други зборови како што е предводен од Духот.
-
Затвора во името на Исус Христос.
18.16
Осветување гробови
18.16.1
Кој го Осветува Гробот
Лицето кое осветува гроб мора да биде носител на Мелхиседеково Свештенство и да биде овластено од свештенски водач што раководи со службата.
18.16.2
Упатства
За да освети гроб, носителот на Мелхиседеково Свештенство:
-
Му се обраќа на Небесниот Отец како во молитва.
-
Изјавува дека дејствува според овластувањето на Мелхиседековото Свештенство.
-
Го посветува и осветува погребното место (гробницата) како почивалиште на телото на покојникот.
-
Се моли за местото да биде осветено и заштитено сѐ до Воскресението (каде што е соодветно).
-
Бара од небесниот Отец да го утеши семејството и да сподели мисли како што го предводи Духот
-
Затвора во името на Исус Христос.
Ако телото на член на Црквата е кремирано, водачот претседавач го користи сопственото расудување при одлучувањето дали да го освети местото каде што се чува пепелта.
18.17
Патријаршки благослови
Секој достоен, крстен член има право да добие патријаршки благослов, кој обезбедува вдаховен совет од Небесниот Отец (види Битие 48:14–16; 49; 2 Нефи 4:3–11).
Епископот или назначениот советник интервјуира членови кои сакаат да добијат патријаршки благослов. Доколку членот е достоен, лицето кое го води интервјуто подготвува Препорака за Патријаршки Благослов. Ја испраќа преку Системот за Патријаршки Благослов на ChurchofJesusChrist.org.
Лицето кое издава Препорака за Патријаршки Благослов гарантира дека членот е доволно зрел за да го разбере значењето и светата природа на благословот.
18.17.1
Добивање Патријаршки Благослов
Откако ќе се добие препорака, членот стапува во контакт со патријархот за да закаже состанок за да прими патријаршки благослов. На денот на закажувањето, членот треба да оди кај патријархот со молитвен став и во неделна облека.
Секој патријаршки благослов е свет, доверлив и личен. Затоа, се дава насамо, освен за ограничен број членови на семејството кои можат да бидат присутни.
Лицето кое добива патријаршки благослов треба да ги сочува зборовите, да размислува за нив, и да живее за да биде достоен да ги прими ветените благослови во животот и во вечноста.
Црковните членови не треба да ги споредуваат благословите и треба да ги споделуваат само со блиските членови на семејството. Патријаршките благослови не треба да се читаат на црковните средби или на други јавни собири.