Прирачници и Повици
3. Свештенски Принципи


„3. Свештенски Принципи“ Извадоци од Генералниот Прирачник (2023).

„3. Свештенски Принципи,“ Извадоци од Генералниот Прирачник

Семејство кое чекори во храм

3.

3. Свештенски Принципи

3.0

Вовед

Свештенството е власта и моќта на Бог. Преку свештенството, Небесниот Отец го исполнува Неговото дело да „се оствари бесмртноста и вечниот живот на човекот“ (Мојсеј 1:39). Бог дава власт и моќ на Неговите синови и ќерки на земјата да помогнат да се изведе неговото дело (види глава 1).

3.2

Благослови на Свештенството

Преку завети и свештенски обреди, Бог прави големи благослови достапни за сите Негови деца. Овие благослови вклучуваат:

  • Крштавање и членство во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

  • Дарот на Светиот Дух.

  • Причестување во Сакрамент.

  • Власта и моќ да се служи во Црковни повици и задачи.

  • Примање на патријархални благослови и други свештенски благослови за исцелување, утеха, и водство.

  • Да се биде даруван со Божја моќ во храмот.

  • Да се биде запечатен за членови на семејството до вечност.

  • Ветувањата на вечен живот.

3.3

Мелхиседеково Свештенство и Ароново Свештенство

Во Црквата, свештенството има два дела: Мелиседеково Свештенство и Ароново Свештенство (види Учење и Завети 107:1).

3.3.1.

Мелхиседеково Свештенство

Мелхиседековото Свештенство е „Светото Свештенство, по Редот на Синот на Бог“ (Учење и Завети 107:3). Тоа е моќ преку која синовите и ќерките на Бог може да станат како Него (види Учење и Завети 84:19–21; 132:19–20).

Преку власта, Црквата лидерите насочуваат и послужуваат сите духовни задачи на Црквата (види Учење и Завети 107:18).

Претседателот на Колот е висок свештеник во колот (види Учење и Завети 107:8, 10; види исто глава 6 во овој прирачник). Претседателот на Колот е висок свештеник во oддел (види Учење и Завети 107:8, 10; види исто глава 6 во овој прирачник).

За Информации за службите и одговорностите на Мелхиседеково Свештенство, видете 8.1

3.3.2.

Ароново Свештенство

Аронското свештенство е „додаток на … Мелхиседековото свештенство“ (Учење и Завети 107:14). Ги вклучува клучевите од:

  • Служењето на ангели.

  • Евангелие на покајание.

  • Послужување на надворешни обреди, вклучувајќи опростување од гревови.

(види Учење и Завети 13:1; 84:26–27; 107:20.)

Епископот е претседател на Аронското свештенство во оддел (види Учење и Завети 107:15).

За Информации за службите и одговорностите на Ароновото Свештенство, видете 10.1.3

3.4

Свештенска Власт

Свештенската власт е овластување да се претставува Бог и да се делува во Негово име. Во Црквата, сета свештенска власт е практикувана под водство на оние кои ги имаат свештенските клучеви.

3.4.1.

Клучеви на Cвештенството

Клучевите на свештенството се авторитет да се насочи употребата на свештенството во име на Божјите деца.

3.4.1.1

Оние Кои Ги Држат Клучевите на Cвештенството.

Господ му ги доделил на секој од Неговите апостоли сите клучеви што се однесуваат на Божјото царство на земјата. Постариот жив Апостол, Претседателот на Црквата, е единствената личност на земјата овластена да ги применува сите тие клучевите на cвештенството (види Учење и Завети 81:1–2; 107:64–67, 91–92; 132:7).

Под водство на Претседателот на Црквата, на водачите на свештенството им се даваат клучеви за да можат да претседаваат во нивните области на одговорност. Овие лидери вклучуваат:

  • Претседатели на кол и области.

  • Епископи и претседатели на гранкa.

  • Претседателства на кворуми на Мелихиседеково и Ароново Свештенство

  • Претседатели на Храм.

  • Претседатели на мисии и претседатели на центри за обука на мисионерите.

Овие лидери примаат свештенски клучеви кога се одвоени за нивните повици.

Клучевите од свештенството не им се даваат на другите, вклучително и на советниците на локалните водачи на свештенството или на претседателите на црковните организации. Претседателите на црковните организации претседаваат под водство на оние што ги држат клучевите од свештенството (види 4.2.4).

3.4.1.2.

Ред на Господовото Дело

Свештенски клучеви осигуруваат дека делото за спасение и возвишување се врши на уреден начин (види Учење и Завети 42:11; 132:8). Оние што ги имаат свештенските клучеви ја насочуваат делото на Господ со нивните области на одговорност. Претседавачката власт е валидна само за одредени одговорности за повикот на лидерите. Кога свештенските лидери се ослободени од нивните повици, тие повеќе не ги држат тие клучеви.

3.4.2.

Свештенско Предавање и Ракоположување

Под упатство на оние кои ги држат свештенските клучеви, Ароновото Свештенство и Мелхиседековото Свештенство се предадени на достојни машки Црковни членови (види Учење и Завети 84:14–17). Откако соодветното свештенство е предадено, личноста е ракоположена на служба на свештенство, како ѓакон или старешина. Носителот на свештенството го врши свештенството според правата и должностите на таа функција (види Учење и Завети 107:99.

За повеќе информации за свештенското предавање и ракоположување, види 8.1.1 и 18.10.

3.4.3.

Распределување на Свештенска Власт да се Служи во Црквата

3.4.3.1

Одвојување

Кога мажи и жени се одвоени под водство на оние кои ги носат свештенските клучеви, на нив им се дава власт од Бог да делуваат во тој повик. Кога ќе бидат ослободени од повик, тие веќе немаат овластување поврзано со него.

Сите Црковни членови кои се одвоени да служат им се дава божествена власт и одговорност да делуваат во нивните повици. На пример:

  • Една жена е повикана и одвоена од епископот како Претседател на Здружението за Помош на Оддел и е дадена власт да ја насочува делото на Здружението за Помош во овој оддел.

Сите кои се повикани и издвоени служат под водство на оние што претседаваат над нив (види 3.4.1.2.).

3.4.3.2

Задача

Претседавачки Црковни Лидери може да распределуваат власт преку задачи. Кога мажите и жените ги добиваат овие задачи, тие добиваат овластување од Бог да дејствуваат. На пример:

  • Првото Претседателство и Кворум на Дванаесет Апостоли распределуваат власт на Седумдесетте кои се назначени да полсужуваат во области и да претседаваат на конференции на кол.

  • Власт е распределена на Црковни членови да служат како браќа и сестри кои послужуваат.

Власта која е распределена преку задачи е ограничена на конкретни одговорности и за време на задачата.

3.4.4.

Праведно Практикување на Власта на Свештенството

Оваа власт може да се користи само за праведност (види Учење и Завети 121:36). Тоа е практикувано преку убедување, долготрпеливост, нежност, питомост, љубов, и љубезност (види Учење и Завети 121:41–42).

Тие кои практикуваат свештенска власт не ја наметнуваат нивната волја на други. Не ја користат за себични причини.

3.5

Свештенска Моќ

Свештенската моќ е моќта со која Бог ги благословува Своите деца. Божествената Свештенска Моќ тече низ сите членови на Црквата—женски и машки—додека тие ги одржуваат заповедите кои ги склучиле со Него. Членови ги склучуваат овие завети додека тие примаат свештенски обреди. (види Учење и Завети 84:19–20.)

Благословите на свештенската моќ кои членовите може да ја примат вклучува:

  • Водство во нивни животи.

  • Инспирација да знаат како да им служат на членовите на семејството и на другите.

  • Сила да се издржи и надминат предизвици.

  • Дарови на Духот да се зголемат нивните способности.

  • Откровение да се знае да се исполни делото на тие што се ракоположени, одвоени, или назначени.

  • Помошта и сила да се стане повеќе како Исус Христос и Небесниот Отец.

3.5.1.

Завети

Заветот е свето ветување помеѓу Бога и Неговите деца. Бог дава услови за заветот, и Неговите деца се согласуваат да ги почитуваат тие услови. Бог ветува дека ќе ги благослови Неговите деца додека го исполнуваат заветот.

Сите кои ќе истраат до крај во држењето на нивните завети ќе примат вечен живот (види 2 Нефи 31:17–20; Учење и Завети 14:7).

Родителите, водачите на црквата и другите им помагаат на поединците да се подготват да склучат завети додека ги примаат обредите на евангелието. Тие се осигуруваат дека личноста ги разбира завети што ќе ги направат. Откако една личност ќе направи завет, тие му помагаат да го одржи. (Види Мосија 18:8–11, 23–26.)

3.5.2.

Обреди

Обред е свет чин изведен преку власта на свештенството.

При многу обреди, индивидуалци склучуваат завети со Бог. Примери вклучуваат крштавање, сакрамент, дарување, и обред за запечатување на брак.

Обреди за спасение и возвишување се од суштинско значење за вечниот живот. За повеќе информации, види 18.1

3.6

Свештенството и Домот

Сите црковни членови кои одржуваат завети—жени, мажи, и деца—се благословени со моќта на Бог во нивните домови да се засилат себеси и нивните фамилии (види 3.5). Моќта ќе им помогне на членовите за Божјото дело на спасение и возвишување во нивните лични животи и фамилии (види 2.2).

Луѓе кои имаат Мелхиседеково Свештенство може да дадат свештенски благослов на семејни членови да обезбедат насоки, исцелување, и утеха. Кога е потребно, црковни членови може да ги побараат овие благослови од далечно семејство, браќа кои служат, или локални Црковни лидери.