Прирачници и Повици
22. Обезбедување за Привремените потреби и Градење Самодоверба


„22. Обезбедување за Привремените потреби и Градење Самодоверба,“ Извадоци од Општиот Прирачник (2023).

„22. Обезбедување за Привремените потреби и Градење Самодоверба,” Извадоци од Општиот Прирачник

човек кој работи

22.

Обезбедување за Привремените потреби и Градење Самодоверба

22.0

Вовед

Членовите на Црквата се заветуваат дека „ќе ги носат товарите еден на друг, … да жалат со оние што жалат … , и ќе ги утешат оние на кои им е потребна утеха” (Мосија 18:8–9).

На членовите на црквата им се советува и да ја зајакнат сопствената самодоверба преку вредна работа и со помош на Господ. Самостојноста е способност, посветеност и напор да се обезбедат духовните и земни потреби на животот за себе и за своето семејство.


ИНДИВИДУАЛНИ И СЕМЕЈНИ ОБИДИ


22.1

Градење Самостојност

Со помош на Господ, членовите градат самодоверба на следните начини:

  • Развиваат духовна, физичка и емоционална сила.

  • Стекнуваат образование и вработување.

  • Ја подобруваат земната подготвеност.

22.1.4

Привремена Подготвеност

Светите писма учат за важнста да се биде подготвен (види Езекиел 38:7; Учењата и заветите 38:30). На членовите им се препорачува да се подготват за да можат да се грижат за себе, за своето семејство и другите во тешки времиња.

Членовите ја зголемуваат својата финансиска подготвеност преку:

  • Плаќање десеток и посни прилози (види Малахија 3:8–12).

  • Елиминирање и избегнување на долгови секогаш кога тоа е можно.

  • Подготвување и живеење во рамки на буџетот.

  • Штедење за иднината.

  • Стекнување на соодветно образование што ќе им помогне да обезбедат за себе си и своето семејство (види 22.3.3).

Подготвеноста вклучува и развивање план за тоа како да се задоволат основните потреби во случај на вонредна состојба. Членовите се охрабруваат да создадат краткорочни и долгорочни залихи од храна, вода и други потреби.

22.2

Служете им на Оние со Привремени и Емоционални Потреби

Господовите ученици се учат да „се сакаат … и да си служат еден на друг” и да “ги помагаат оние на кои им е потребна … помош“ (Мосија 4:15–16). Членовите се трудат да се видат себе си онака како што ги гледа Спасителот, и да ги разберат своите единствени сили и потреби. Овие потреби може да вклучат храна, облека, домување, образование, вработување, физичко здрвје и емоционална добросостојба.

22.2.1

Господовиот Амбар

Сите ресурси достапни на Црквата за да им помогнат на оние со времени потреби се нарекуваат Господовиот амбар (види Учењата и Заветите 82:18–19). Овие вклучуваат понуди на членовите во време, талент, сочувство, матерјали и финансиски ресурси за да им помогнат на оние на кои им била потребна помош.

Господовиот амбар постои во секој оддел и кол. Водачите честопати можат да им помогнат на поединците и семејства да пронајдат решение за своите потреби со црпење на знаењето, вештините и службата понудена од членовите на оддел и кол.

22.2.2

Законот за Пост и Посни Приноси

Господ го воспоставил законот за постење и посни прилози за да ги благослови Своите луѓе и да обезбеди начин за да им служат на оние на кои им била потребна помош. Членовите се приближуваат до Господа и ја зголемуваат својата духовната сила кога живеат според законот за пост. (Види Исаија 58:6–12; Малахија 3:8–12.)

Може да се пости во било кое време. Сепак, членовите обично го избираат првиот Сабат во месецот како ден за пост. За време на постот се случува следното:

  • Молитва

  • Воздржување од храна и вода во текот на 24 часа (ако сте физички способни)

  • Давање благородни посни прилози

Посен прилог е донација што ќе им помогне на оние кои им била потребна помош Кога членовите постат, тие се поканети да дадат прилог што е еднаков на вредноста од два неизедени оброка.

Членовите може да го дадат својот посен прилог и пополнет формулар за Десеток и Посни Прилози на епископот или на еден од неговите советници. Во некои области, тие може да донираат преку интернет.


ОБИДИ НА ВОДАЧИТЕ


22.3

Модел за Градење Самостојност и Служење на Оние кои Имаат Потреба од Тоа

22.3.1

Барајте ги Оние кои Имаат Потреба

Епископот има света одговорност да пронајдат и да се грижат за оние на кои им е потребна помош (види Учењата и Заветите 84:112). Други кои имаат важна улога помагајќи му на епископот со оваа одговорност се:

  • Браќата и сестрите на Служба

  • Претседателствата на Здружението за Помош и на Кворумот Старешини.

  • Советниците на епископот

  • Други членови на советот на оддел.

22.3.2

Помогнете им на Членовите да ги Проценат и одговорат на краткорочните потреби

Членовите се трудат да ги задоволат своите основни потреби преку сопствени напори и со помош на нивното пошироко семејство. Кога ова е недоволно, членовите може да имаат потреба од други извори како:

  • Владини и ресурси на заедницата (види 22.12).

  • Црковна помош.

Црковната асистенција може да вклучува помош за краткорочни потреби како што се храна, средства за хигиена, облека, домување или други основни потреби. Епископите може да користат посни прилози за да одговорат на овие потреби. Онаму каде што се достапни епископски наредби, епископите обично ги користат овие за да обезбедат храна и други основни добра (види „Епископски Наредби и Препораки“ во Ресурси за Водачи и Службеници [РВС]).

22.3.3

Помогнете им на Членовите да Изградат Долготрајна Самостојност

На членовите може ќе им треба постојана поддршка за да се справат со долгорочните предизвици. Образованието, професионалната обука или другите ресурси може да им помогнат да изградат самостојност и да ги задоволат своите долгорочни потреби.

Планот за Самостојност им помага на членовите да ги идентификуваат своите силни страни и потреби. Исто така, им помага да идентификуваат корисни ресурси. Овој план треба да се користи секогаш кога се размислува за помош.

22.3.4

Служете им на Оние со Емоционални Потреби

Многу членови доживуваат емоционални предизвици. Браката и сестри на служба и водачите на оддел можат да бидат од корист во помагањето на членовите да се справат со овие предизвици.

22.4

Принципи за Обезбедување на Црковна Помош

Со помош на Господ, членовите бараат да обезбедат за себе и за своите семејства.

Црковната асистенција е наменета да помогне членовите да развијат независност, а не зависност. Било каква пружана асистенција треба да ги зајакне членовите во нивните обиди да станат самостојни.

22:58

22.4.1

Да се Охрабри Личната и Семејна Одговорност

Водачите нѐ учат дека поединците и семејствата се првенствено одговорни за сопствената временска, емоционална и духовна благосостојба.

Пред да обезбеди Црковна асистенција, епископот (или друг водач или член кој тој го назначува) проверува со членовите кои ресурси тие ги користат за да ги задоволат сопствените потреби.

22.4.2

Обезбедува Привремена Асистенција за Основни Потреби

Целта на црковната асистенција е привремено да се задоволат основните потреби додека членовите се трудат да станат самостојни.

Епископите треба да покажат добро расудување и да бараат духовна насока кога го разгледуваат износот и времетраењето на помошта. Тие треба да бидат сочувствителни и дарежливи без да создаваат зависност.

22.4.3

Обезбедува Ресурси или Служби Наместо Готовина

Ако е можни, епископот треба да избегнува давање готовина. Наместо тоа, тој треба да користи посни прилози или Епископски наредби за да им обезбеди на членовите намирници или услуги. Членовите може да користат сопствени средства за да платат за потребите на другите.

Кога тоа не е доволно, епископот може да асистира со користење средства од посни прилози за привремено плаќање на основните сметки (види 22.5.2).

22.4.4

Понудете Работа или Можности за Служба

Епископите ги повикуваат оние што добиваат помош да работат или да вршат служба според нивните способности. Ова им помага на членовите да одржуваат чувство на достоинство. Тоа исто така ја зголемува способноста за самостојност.

22.4.5

Одржувајте ги Доверливи Информациите за Црковна Помош

Епископот и другите водачи на оддел ги чуваат доверливи информациите за членовите на кои можеби им е потребна црковна помош. Ова ја штити приватноста и достоинството на членовите.

22.5

Политики за Обезбедување Црковна Асистенција

Водачите на Црквата треба да ги следат политиките опишани во вој дел, кога пружаат помош преку принесување посни прилози или епископска наредба за храна и за други основни потреби.

22.5.1

Политики во Врска со Примателите на Помош од Црквата

22.5.1.1

Помош на Членовите на Оддел

Општо правило е, членовите кои добиваат помош од Црквата треба да живеат во рамки на границите на оддел и да имаат членски запис во одделот. Помош може да биде дадена без разлика дали членот редовно присуствува на црковните средби или ги следи црковните стандарди.

22.5.1.2

Помош за Епископите и Претседателите на Кол

Пишано одобрение од претседателот на кол се бара пред епископот да може да ги користи посните прилози или да си одобри епископска наредба за себе или своето семејство.

22.5.1.4

Помош за Лицата Кои Не се Членови на Црквата

Лицата кои не се членови на Црквата обично се упатуваат кон ресурсите на локалната заедница за помош. Во ретки случаи, водени според Духот, епископот може да им помогне со посни прилози или епискоска наредба.

22.5.2

Политики за Користење на Посни Приноси

22.5.2.1

Медицинска и Друга Здравствена Грижа

Секоја црковна област има воспоставено одобрени ограничувања за корисење на посните прилози за плаќање на медицински, стоматолошки или трошоци за ментално здравје.

За износи и упатства за одобрување, види „Користење на Посни Приноси за Медицински трошоци.“

22.5.2.3

Враќање на Посни Приноси

Членовите не ја враќаат помошта што ја добиват од посните прилози на Црквата.

22.5.2.4

Износи на Расходи од Посните Приноси на Оддел

Од епископите не се очекува да ја ограничат помошта од посни прилози за членовите на оддел до сумата на донации собрана во рамките на одделот.

22.5.3

Политики за Плаќања

Онаму каде е можно, плаќањата треба да се вршат директно до бизнисите кои обезбедуваат стоки и услуги.

22.5.4

Политиките за Плаќања што би биле од Корист за Епископот или Претседател на Кол

Кога им се дава на членовите помош од посни прилози, епископот не смее да користи средства за плаќање добра или услуги на начин што ќе му користи нему лично.

Ако исплатата на посни прилози за член е од корист за претседателот на кол или за бизнисот што тој го поседува, потребно е одобрение од Обласното Претседателство.

22.6

Улогата на Водачите на Оддел

22.6.1

Епископ и Неговите Советници

Епископот има божествен мандат да пронајде и да се грижи за оние со времени потреби (види Учењата и Заветите 84:112). Тој делегира голем дел од оваа работа на Претседателствата на Здружение за Помош и Кворумот на Старешини. Меѓутоа, одредени одговорности се изведуваат само од епископот. На пример, епископот:

  • Го одредува видот, количеството и должината на било која обезбедена времена асистенција.

  • Одобрува помош во посни прилози (види 22.4 и 22.5) и епископски наредби за храна и други основни добра (види 22.13).

  • Лично го надгледува планот за самостојност на членот. Тој назначува други водачи на оддел да ги следат овие планови по потреба.

Епископот и неговите советници ги имаат следните одговорности:

  • Да ги почуваат принципите и благословите поврзани со (1) грижата за оние кои имаат времени и емоционални потреби и (2) градење самостојност (види 22.1).

  • Да поучуваат за законот за пост и да ги поттикнуваат членовите на несебични посни прилози (види 22.2.2).

  • Надзор на собирањето и евиденција на посните прилози (види 34.3.2).

22.6.2

Претседателствата на Здружението за Помош и на Кворумот Старешини

Под водство на епископ, претседателствата на Здржение за Помош и кворумот на старешини ја имаат клучната улога за оние кои можеби имаат потреба во одделот (види 8.2.2 и 9.2.2). Овие водачи ги поучуваат членовите на оддел да:

  • Им служат на оние кои имаат потреба

  • Го живеат законот на пост.

  • Градат Самостојност

  • Ја зголемат личната и семејна подготвеност.

22.6.3

Браќата или сестрите за Служење

Помошта со духовни и времени потреби често почнува со браќата и сестрите на служба (види 21.1). Известуваат за потребите на оние на кои им служат за време на Кворумот на Старешини или на Претседателство на Здржение за Помош за време на интервјуата додека служат и во други времиња. Тие можат да ги соделат потребите што се доверливи директно со епископот.

22.7

Улогата на Водачите на Оддел

Важна улога на советот на оддел е да испланира како да се грижи за оние кои имаат потреба од помош и да им помогне да станат самостојни (види 4.4). Членовите на Советот ги базираат овие планови врз основа на информациите од интервјуата на браќа и сестри на служба и од нивните лични контакти со оние кои имаат потреба од тоа. Во дискусија за потребите на членовите, советот ги почитува желбите на секој што бара доверливост.

22.8

Улогата на Младинскиот Совет на Оддел

Една цел на младинскиот совет на оддел е да им помогне на младите да станат посветени следбеници на Исус Христос (види 29.2.6).

Под водство на претседателство на епископија, советот на млади на одделот планира начини за да им служи на оние кои имаат потреба од тоа во нивниот оддел или заедницата.