Прирачници и Повици
25. Храмска и Работа на Семејна Историја во Одделот и Колот


„25. Храмска и Работа на Семејна Историја во Одделот и Колот,” Извадоци од Општиот Прирачник (2023).

„25. Храмска и Работа на Семејна Историја во Одделот и Колот,” Извадоци од Општиот Прирачник

храм

25.

Храмска и Работа на Семејна Историја во Одделот и Колот

25.0

Вовед

Храмската и работата на семејната историја е средство за обединување и запечатување на семејства за вечноста (види Матеј 16:19). Оваа работа вклучува:

Повеќе информации се достапни на „Храмови“ и „Семејна Историја“ (Евангелски Теми, topics.ChurchofJesusChrist.org).

25.1

Учество на членовите и водачот во Храмската и Работењето на Семејна Историја

Црковните членови ја имаат привилегијата и одговорноста да помогнат да се обединат семејствата за вечност. Тие се подготвуваат за склучување завети додека ги примаат храмските обреди и се трудат да се држат до ваквите завети.

Членовите на Црката се охрабруваат да ги идентификуваат своите починати роднини кои не примиле храмски обреди. Членовите потоа ги извршуваат обредите во име на овие роднини (види Учењата и Заветите 128:18). Во духовниот свет, починатите лица можат да изберат да ги прифатат или да ги отфрлат обредите што биле извршени за нив.

25.1.1

Индивидуална Одговорност за Присуство во Храмот

Членовите одредуваат за себе кога и колку често да Му служат во храмот Водачите не воспоставуваат квоти или системи за известување за присуство во храмот.

25.2

Организирање на Храмската и Работата на Семејна Историја во Одделот

25.2.1

Претседателство на Епископија

Претседателството на епископија се координира со кворумот на старешините и Претседателството на Здружение за жени додека тие ги водат обидите за храмска работа и работењето на семејна историја за одделот. Овие водачи редовно се консултираат едни со други.

Претседателствата на епископија ги имаат следните одговорности за храмската и работењето на семејната историја во одделот:

  • Да се погрижат доктрината и благословите од работењето на храмската и семејна историја да се учат во црквата.

  • Да се погрижи работењето на храмска и семејна историја да се усогласи со заседавањата на советот на оддел и советот на млади.

  • Да го надгледува организирањето на курсеви за храмска подготовка (види 25.2.8).

  • Да издаде храмска препорака (види поглавје 26).

25.2.2

Кворум Старешини и Претседателства на Здружение за Помош

Кворумот старешини и претседателствата на Здружение за Помош ги водат секојдневните обиди за работење на храмска и семејна историја во одделот (види 8.2.4 и 9.2.4). Работат заедно за да ги насочат овие напори со советот на оддел под координција на епископот.

Овие водачи ги имаат следните одговорности:

  • Да им помогнат на членовите да ги примат храмските обреди и да склопат храмски завети.

  • Ги охрабруваат членовите да Му се восхитуваат во храмот онолку често колку што околностите го дозволуваат тоа.

  • Ги охрабруваат членовите да дознаат за своите претци и да извршуваат обреди во нивно име.

  • Ја водат работата на водачот за храмска и работење на семејна историја за оддел. Ако овој водач не е повикан, член на претседателството на кворумот старешини ја исполнува оваа обврска (види 25.2.3).

Претседателот на кворумот на старешините и претседателот на Здружение за Помош назначуваат по еден член на претседателството да помогне во водењето на храмската работа и работењето на семејна историја за одделот. Овие два членови на претседателство работат заедно. Присуствуваат на координативните состаноци за храмска и работа на семејна историја за одделот (види 25.2.7).

25.2.3

Водач на Храмска и Семејна Историја за Оддел

Претседателството на епископија се советува со претседателот на кол за да одреди дали да повика водач за храмска и семејна историја. Ова лице треба да биде носител на Мелхиседеково Свештенство

Водачот на храмска и семејна историја за оддел ги поддржува претседателствата на кворум и Здружение за Помош во нивните одговорности поврзани со храмската и работењето на семејна историја. Тој исто така ги има следните одговорности:

  • Спроведува состаноци за координација на храмската и семејна историја за оддел (види 25.2.7).

  • Ги поучува консултантите за храмска и семејна историја за оддел. Ги координира напорите за помош на членовите при работењето на нивната храмска и семејна историја.

  • Работи со водачот на мисија и мисионерите на оддел за да им помогне на оние кои го учат евангелието, на новите членови и на мисионерите кои се враќаат а се вклучени во храмската и работењето на семејната историја.

25.2.4

Консултанти за Храм и Семејна Историја на Оддел

Консултантите за Храм и семејна историја на оддел служат под раководство на водачот за храм и семејна историја на оддел или член на претседателството на кворумот старешини кој ја извршува оваа улога. Претседателството на епископија ги повикува овие членови да служат. Може да се повикаат возрасни и млади.

Консултантите ги имаат следните одговорности:

  • Да им помагаат на членовите да ги почувствуваат благословите од откривање на нивните претци и извршување на храмските обреди во нивно име.

  • Да им помагаат на членовите да ги примат храмските обреди и да склопат храмски завети.

  • Да учествуваат на состаноците за координација на храмска и семејна истроија (види 25.2.7).

25.2.7

Состаноци за Координација на Храмска и Семејна Историја на Оддел

Редовно се оддржуваат кратки неформални состаноци за координација на храмската и работењето на семејната историја. Ако е повикан водач за храмска и семејна историја за оддел, тој ги води овие состаноци. Во спротивно тоа го прави, членот на претседателството на кворумот старешини кој ја извршува оваа улога.

Други кои се поканети се:

  • Назначени членови од претседателствата на Здружение за Помош и кворумот старешини.

  • Некој асистент од кворумот свештеници.

  • Член на претседателство на најстариот клас Млади Жени.

  • Консултанти за храмска и семејна историја.

Целта на овие состаноци е да:

  • Изготват план како да им помогне на одредени членови на оддел во работењето на нивната храмска и семејна историја како што беше побарано.

Овие состаноци може да се одржуваат лично или од далечина. Координацијата може да се случи и преку други средства, телефонски повици, текстуални пораки и е-пошта.

25.2.8

Курс за Храмска Подготовка

Под раководство на епископ, можа да се организира курсот за храмска подготовка за да им помогне да склучат завети додека ги примаат храмските обреди. Овие кусеви се одржуваат надвор од редовните неделни средби во време погодно за членовите. Може да се одржуваат во просториите за средби или дома.

Лекциите и упатствата за организирање на курсот се во Обдарени Одозгора: Семинариски Прирачник за Храмска Подготовка (за Наставници). На учесниците им се дадени примероци од Подготовка за влез во Светиот Храм. За Ресурси за лично проучување и за лекциите, види temples.ChurchofJesusChrist.org.

25.4

Ресурси за Семејна Историја

25.4.1

Моето Семејство: Приказни што Нѐ зближуваат

Моето Семејство: Приказни што Нѐ зближуваат им помага на луѓето да ги откријат роднините и претците и да ги соберат нивните приказни. Оваа брошура може исто така да им помогне на членовите да започнат со подготовка на семејните имиња за храмските обреди.

Таа може да се преземе на ChurchofJesusChrist.org. Печатени примероци може да се нарачаат на store.ChurchofJesusChrist.org.

25.4.2

FamilySearch.org и апл СемејноПребарување

FamilySearch.org на црковната вебстрана за работење на храмска и семејна историја. Брошурата може да им помогне на водачите:

  • Да воспостават семејни врски и односи.

  • Да ги откријат претците и нивните приказни.

  • Да споделат и зачуваат семејни приказни, фотографии и истории.

  • Да подготват семејни имиња за храмски обреди.

И Апл Стебло СемејноПребарување и Апл Спомени СемејноПребарување им овозможуваат на луѓето да учествуваат во храмската и работењето на семејната историја од мобилните уреди.

25.5

Препорачување и Повикување Храмски Работници

25.5.1

Препорачување Храмски Работници

Потенцијалните храмски работници се идентификуваат на следниот начин:

  • Членови идентификувани од епископот или друг водач на оддел

  • Членови кои му пристапуваат на епископот да служат

  • Членови препорачани од претседателот на храм, матроната или друг храмски водач

  • Членови кои се подготвуваат за служба или пак се неодамна вратени од служење мисија (види поглавје 24)

Имињата за потенцијалните храмски работници се доставуваат користејќи ја Алатка за Препорака на Храмски Работник. Оваа алатка им е достапна на епископите, претседателите на кол и претседателствата на храм.