„31. Интервјуа и Други Средби со Членови,“ Извадоци од Генералниот Прирачник (2023).
„31. Интервјуа и Други Средби со Членови,“ Извадоци од Генералниот Прирачник
31.
Интервју и Други Средби со Членови
31.0
Вовед
Исус Христос често послужуваше на другите еден по еден (види, на пример, Јован 4:5–26; 3 Nephi 17:21). Тој го сака секое Божјо дете. Тој помага на нив индивидуално.
Ова поглавје може да помогне на лидери кои имаат можности да се сретнат со индивидуални членови.
31.1
Водечки Принципи
31.1.1.
Подгответе се Духовно
Подгответе се себеси духовно преку молитва, проучување на свето писмо, и правилно живеење. Слушајте ги шепотењата на Светиот Дух.
31.1.2.
Помогнете на Член да Почувствува Божјата Љубов
Кога членовите доаѓаат кај тебе за интервју или за помош за личен предизвик, често пати тие најмногу треба да знаат за Небесниот Отец кој ги љуби.
Светите списи и зборовите на пророците од подоцнежните денови го повикуваат Духот и поучуваат чисто учење. Искористете ги да ги инспирирате и охрабрете, не да ги осудите, принудувате, или предизвикате страв (види Лука 9:56).
31.1.3.
Помогнете на Член Да Се Доближи врз Моќта на Спасителот
Охрабрете ги членовите да се свртат кон Него. Помогнете им да се потпрат на Неговата моќ за зајакнување, утеха и откупување.
31.1.4.
Помогнете му на Членот да се Чувствува Удобно и Безбедно
Секогаш давајте на членот опција да има некој друг присутен за време на интервју или средба. Кога се среќавате со еден член од спротивниот пол, едно дете, една младина, осигурајте се дека родителот или друг возрасен е присутен. Тој или таа може да се придружи или чека надвор во собата, зависи од желбите на членот со кој вие се среќавате.
Не споделувајте доверливи информации со било кого—вклучувајќи го вашиот сопруг или други Црковни лидери—освен ако членот дава дозвола.
31.1.5.
Поставувајте Инспирирани Прашања и Слушајте Внимателно
Кога се среќавате со член, поставете прашање кои ќе ви помогнат да разберете неговата или нејзина ситуација.
Додека членот збори, слушајте внимателно, и грижливо.
31.1.6.
Охрабрете Самостојност
Поради вашата љубов за членовите, вие можете веднаш да понудите решенија на нивните проблеми. Како и да е, ќе ги благословите повеќе со тоа што ќе им помогнете да најдат свои решенија и да донесат свои одлуки (види Учење и Завети 9:8).
31.1.7.
Поддржете Напори за Покајување
Само епископот или претседателот на кол може да помогне на личност да реши сериозни гревови. Некои од тие се наведени во 32.6. Ако членот извршил некој од овие гревови, тој или таа треба да се сретнат со епископот или претседателот на кол веднаш.
31.1.8.
Одговорете Соодветно на Злоупотреба
Злоупотреба не може да се толерира во било која форма. Земете ги сериозно извештаите за злоупотреба. Ако станете свесни дека некој беше злоупотребен, пријавете веднаш на цивилни власти и советувајте се со епископ. Упатства за извештаи и одговарање на злоупотреба се обезбедени во 38.6.2.
31.2
Интервјуа
31.2.1.
Целта на Интервјуа
Воглавно, Црковни лидери интервјуираат членови за да утврдат дали тие:
-
Се подготвени да го примат или учествуваат во обред.
-
Треба да се повикани на позиција во Црквата.
31.2.2.
Видови на Интервјуа
Кој може да спроведува интервју |
Целта на интервјуто |
---|---|
Кој може да спроведува интервју Само епископ | Целта на интервјуто
|
Кој може да спроведува интервју Епископ или еден советник тој што назначува. | Целта на интервјуто
|
31.2.3.
Интервјуа за Крштавање и Потврдување
31.2.3.1
Деца Што Се Членови со Запис
Епископот носи свештенски клучеви за крштавање на 8 годишни членови со запис во неговиот оддел. За оваа причина, тој или таа назначуваат советник да интервјуира следни личности за крштавање:
-
Деца на возраст од 8 години што се членови на запис.
-
Деца на возраст од 8 години кои не се членови од запис, но имаат член родител или старател.
-
Членови кои се запишани на возрасти од 9 години или постари чии крштавања беа одложени поради интелектуални онеспособувања.
Во интетвјуто, членот на епископијата се осигурува дека децата разбираат целите на крштавање (види 2 Nephi 31:5–20). Тој исто се осигурува дека детето го разбира заветот за крштевање и е посветено да живее следејќи го (види Мосија 18:8–10). Тој нема употреба за конкретна листа на прашања. Ова не е интервју да одлучи достојноста, откако „малите деца немаат покајание“ (Морони 8:11).
31.2.3.2
Преобратеници
Претседателот на мисијата ги држи клучевите од свештенството за крштевање на преобратениците. За оваа причина, целовремен мисионер интревјуира:
-
Личности за возрасти од 9 и постари кои никогаш не биле крстени и потврдени. Види 31.2.3.1 за исклучокот на оние кои се со интелектуални онеспособувања.
-
Деца на возраст од 8 и постари чии родители не се членови на Црквата.
-
Деца на возраст од 8 и постари кои имаат родител кој исто така се крсти и потврдува.
31.2.4.
Интервјуа за Ракоположување во Служба во Ароново Свештенство
За повеќе информации, види 18.10.2.
31.2.5.
Интервјуа за Препорака во Храм
Храмот е дом Господов. Влегувањето во храмот и учеството во уредбите таму е света привилегија. Оваа привилегија е резервирана за оние кои се духовно подготвени и се стремат да живеат за стандардите на Господ, како што е одлучено преку овластени свештенски лидери.
Да се направи одлука, свештенски лидер интервјуира член користејќи прашања во ЛСР (види исто како во упатствата во 26.3).
31.2.6.
Интервјуа за Ракоположување во Служба во Мелхиседековото Свештенство
Претседателот на кол ги држи клучевите од свештенството за доделување на Мелхиседековото свештенство. Тој исто така ги држи клучевите за ракоположување на старешини и високи свештеници.
Со одобрување на претседателство на кол, епископот интервјуира членови користејќи прашања обезбедени за Записот за ракополагање на Мелхиседеково Свештенство.
31.3
Други Можности за Лидери да Се Сретнат со Членови
-
Членови може да прашаат да се сретнат со Црковен лидер кога имаат потреба за водство или тешки лични проблеми.
-
Епископот или некој тој што го назначува се среќава со членови кои имаат привремени потреби (види 22.6).
-
Еден член на епископијата се среќава со секое 11-годишно дете додека тој или таа се движи од Основно во ѓаконскиот кворум или во класата на млади жени.
31.3.1.
Средба со Младина
Епископот или еден од неговите советници се среќава со секој младинец двапати годишно. Најмалку еден од овие состаноци секоја година треба да биде со епископот. Почнувајќи од годината кога младите ќе наполнат 16, двата состаноци во текот на годината треба да бидат со епископот ако е можно.
Претседателката на Младите жени има одговорност да служи на индивидуални жени. Таа може да го прави ова со млади жени една по една (или со друга возрасна личност).
31.3.1.2
Теми за Дискусија
Главната цел на средби со младината е да изградат вера во Небесниот Отец и Исус Христос и помагаат на младите да ги следат. Овие состаноци треба да бидат возбудливи духовни искуства.
31.3.2.
Средба со Млади Невенчани Возрасни
Епископот става висок приоритет на духовен прогрес на млади невенчани возрасни во неговото одделение. Еден член на епископијата се среќава со млад невенчан возрасен барем еднаш годишно.
31.3.3.
Состанок со Членовите за да се Разговара за Нивните Повици и Одговорности
Претседатели на кол, епископии, или други лидери се среќаваат индивидуално со членови кои им известуваат за нивните повици.
Лидерите изразуваат благодарност за услугата на членот и нудат охрабрување.
31.3.6.
Професионално Советување и Терапија
Црковните лидери не се повикани да бидат професионални советници или да обезбедат терапија. Помошта која ја даваат е духовна, и се фокусира на зацврстување, утешување, и на искупувачка моќ на Исус Христос. Во прилог на ова важна и инспирирана помош, некои членови може да имаат корист од професионлано советување каде што е достапно.
31.4
Средба со Членови Виртуелно
Вообичаено, лидерите се среќаваат со членови во живо за интревјуа и да обезбедат духовна помош и служење. Како и да е, како исклучок, тие може да се сретнат виртуелно кога во живо не е практично.