Мисионерски Повици
Поглавје 3: Лекција 3—Евангелието на Исус Христос


„Поглавје 3: Лекција 3—Евангелието на Исус Христос“, Проповедај Го Моето Евангелие: Водич како да се Сподели Евангелието на Исус Христос (2023)

„Поглевје 3: Лекција 3“, Проповедај го Моето Евангелие

Поглавје 3: Лекција 3

Евангелието на Исус Христос

Слика
Второто доаѓање, од Хари Андерсон.

Луѓето можеби се прашуваат

  • Кој е Исус Христос? Како може Тој да ми помогне мене и на моето семејство?

  • Што значи да се има вера во Исус Христос? Како може имањето вера во Него да го благослови мојот живот?

  • Што значи да се покаеме?

  • Како можам да го почувствувам Божјиот мир и простување откако направив лоши избори?

  • Која е целта на крштевањето?

  • Кој е дарот на Светиот Дух?

  • Што значи да се истрае до крај?

Евангелието на Исус Христос е како доаѓаме до Христос. Толку е едноставно што и мало дете може да го разбере. Оваа лекција е фокусирана на евангелието и доктрината на Исус, вклучувајќи ја верата во Исус Христос, покајанието, крштевањето, дарот на Светиот Дух и истрајувањето до крај. Таа исто така се фокусира на тоа како евангелието ги благословува сите Божји чеда.

Зборот gospel буквално значи „добри вести“. Евангелието на Исус Христос е добрата вест бидејќи тоа ја дава доктрината—вечната вистина—што ни е потребна за да дојдеме кај Него и за да бидеме спасени (види 1 Нефи 15:14). Евангелието нè поучува како да живееме добри, смисловни животи. Добрата вест од евангелието ни го дава начинот како да ни се простат гревовите, да бидеме осветени и да се вратиме во Божјо присуство.

Предлози за Предавање

Овој дел дава унек за предлог план што ќе ви помогне да се подготвите за час. Тој исто така вклучува и предлог прашања и покани што може да ги користите.

Додека се подготвувате за предавање, преку претходна молитва имајте ги во предвид духовните потреби и ситуацијата на секој човек. Одлучете што ќе биде најкорисно да се предава. Подгответе се да ги дефинирате зборовите што луѓето можеби не ги разбираат. Планираjте во согласност со времето што го имате, не заборавајќи дека лекциите треба да бидат кратки.

Изберете стихови што ќе ги користите додека предавате. Делот „Доктринарна Основа“ од лекцијата вклучува многу корсни стихови.

Размислете кои прашања да ги поставите за време на часот. Испланирајте кои покани да ги упатите што ќе го поттикнат секој човек да дејствува.

Нагласете ги ветените Божји благослови, и споделете го вашето сведоштво за она што го предавате.

Слика
мисионери подучуваат семејство

Што би можеле да ги подучите луѓето за 15-20 минути

Изберете едно или повеќе од следните начела за подучување. Доктринарната основа за секое начело е обезбедена по овој преглед.

Божествената мисија на Исус Христос

  • Бог го испрати Неговиот Возљубен Син, Исус Христос, на земјата да нѐ искупи од грев и смрт.

  • Поради Исусовата искупителна жртва, можеме да бидеме очистени од нашите гревови и осветени преку покајание.

  • Откако Исус беше распнат, Тој воскресна. Поради Неговото Воскресение, сите ние ќе воскреснеме откако ќе умреме. Ова значи дека духот и телото на секој човек ќе се обединат и секој од нас ќе живее засекогаш во совршено, воскреснато тело.

Вера во Исус Христос

  • Кое е првото начело на евангелието на Исус Христос?

  • Вера во Исус Христос вклучува да се биде убеден дека Тој е Синот Божји и да се има верба во Него како наш Спасител и Искупител.

  • Верата во Исус Христос е начело на дејствување и моќ.

  • Ја зајакнуваме нашата вера со молење и проучување на светите писма и почитување на заповедите.

Покајание

  • Верата во Исус Христос нѐ тера на покајание. Покајанието е процес на свртување кон Бога и одвраќање од гревот. Како што се каеме, нашите постапки, желби и мисли се менуваат за да бидат во склад со Божјата волја.

  • Кога искрено се каеме, Бог ни простува. Простувањето е можно бидејќи Исус Христос ги искупи нашите гревови.

  • Кога се каеме, чувствуваме мир кога нашата вина и тага се исцелени.

  • Покајанието е доживотен процес. Бог нѐ пречекува секогаш кога ќе се покаеме. Тој никогаш нема да се откаже од нас.

Крштавање: Нашиот прв Завет со Бог

  • Крштевањето е првиот начин на кој влегуваме во заветен однос со Бога.

  • Крштевањето има два дела: крштевање со вода и со Дух. Кога сме крстени и потврдени, исчистени сме од нашите гревови, што ни дава нов почеток во животот

  • Крстени сме со потопување, следејќи го Исусовиот пример.

  • Децата не се крштеваат додека нѐ наполнат осум години. Децата кои умираат пред таа возраст се откупени преку Помирувањето на Исус Христос.

  • Земаме сакрамент секоја недела во сеќавање на Исусовото жртвување и за обновување на нашите завети со Бога.

Дарот на Светиот Дух

  • Светиот Дух е третиот член на Божеството.

  • Откако ќе се крстиме, го примаме дарот на Светиот Дух во обред наречен потврдување.

  • Доколку сме верни, го добиваме дарот на Светиот Дух, и можеме да уживаме во Неговата придружба во текот на животот.

  • Светиот Дух нѐ осветува, нѐ води, ни дава утеха, и ни помага да ја знаеме вистината.

Да се истрае до крај

  • Да се истрае значи да се продолжи со практикување вера во Христа секој ден. Продолжуваме да ги запазуваме заветите со Бога, да се покајуваме, да бараме придружба од Светиот Дух, и да земаме од сакраментот.

  • Кога верно бараме да го следиме Исус Христос, Бог ни ветува дека ќе имаме вечен живот.

Евангелието на Исус Христос ги благословува сите Божји чеда.

  • Живеењето на евангелието ја продлабочува нашата радост, нѐ инспирира да дејствуваме и ги збогатува нашите односи.

  • Најверојатно ќе бидеме среќни—како поединци и како семејства—кога живееме според учењата на Исус Христос.

  • Преку евангелието на Исус Христос, семејствата се благословуваат во овој живот и можат да бидат обединети за вечноста и да живеат во Божје присуство.

Што Можете да ги Прашате Луѓето

Следните прашања се примери за тоа што можете да ги прашате луѓето. Овие прашања може да ви помогнат да воспоставите размена на мислења и да ги разберете потребите и перспективата на таа личност.

  • Што знаете за Исус Христос?

  • Што ви значи вам да имате вера во Исус Христос?

  • Какви промени сакате да направите во вашиот живот?

  • Какво е вашето разбирање за покајанието?

  • Какво е вашето разбирање за крштевањето? Што можете да направите сега за да се подготвите за крштевање?

  • Како може Светиот Дух да ви помогне на вашето патување назад во Божјо присуство?

  • Со каков предизвик се соочувате вие или вашето семејство? Можеме ли да споделиме неколку начини каде евангелието на Исус Христос може да помогне?

Покани што може да ги упатите

  • Дали ќе го замолите Бог во молитва да ви помогне да знаете дека она што го научивме е вистина? (Види „Увид во Наставата: Молитва“ во последниот дел од лекција 1.)

  • Дали ќе одите во црква оваа недела за да дознаете нешто повеќе за она што го учевме?

  • Дали ќе ја прочитате Книгата на Мормон и ќе се молите за да знаете дека таа е Божјото слово? (Можете да предложите конкретни поглавја или стихови.)

  • Дали ќе го следите Исусовиот пример и ќе се крстите? (Види „Покана да се Биде Крстен и Потврден“, што се наоѓа веднаш пред лекција 1.)

  • Можеме ли да одредиме време за нашата следна посета?

Доктринална основа

Овој дел дава доктрина и стихови за ваше проучување за да го зајакнат вашето знаење и сведоштво за евангелието и да ви помогнат во предавањето.

Слика
Овие дванаесет Исус ги испрати, од Волтер Рејн

Божествената мисија на Исус Христос

Небесниот Отец го испрати Својот Возљубен Син, Исус Христос, на земјата за да ни овозможи сите нам да доживееме радост во овој свет и вечен живот во светот што доаѓа. „А ова е евангелието, радосната вест, … дека [Исус Христос] дојде на светот … да ги понесе гревовите на светот, и да го освети светот, и да го исчисти од секаква неправде; дека преку него сите ќе бидат спасени“ (Учењата и Заветите 76:40–42).

Како смртници, сите грешиме, и сите ќе умреме. Доколку немавме Искупител, гревот и смртта би нѐ спречиле да имаме вечен живот со Бога (види 2 Нефи 9). Пред да биде создаден светот, небесниот Отец го избра Исус да нѐ искупи. Како врзвен израз на љубов, Исус дојде на земјата и ја исполни оваа божествена мисија. Тој ни овозможи да бидеме искупени за нашите гревови, и Тој се погрижи сите да бидеме воскреснати откако ќе умреме.

Исус живеел безгрешен живот. На крајот на Неговата смртна служба, Тој ги презел врз себе нашите гревови преку Неговото страдање во Гетсиманија и кога Тој бил распнат (види 1 Нефи 11:33). Исусовото страдање беше толку големо што предизвика Тој да „трепери од болка, и да крвари од секоја пора“ (Учењата и Заветите 19:18). По Неговото Распнување, Исус бил воскреснат, извојувајќи победа над смртта. Заедно, овие настани го сочинуваат Помирувањето на Исус Христос.

Нашите гревови нѐ прават духовно нечисти, а „ништо нечисто не може да живее со Бога“ (1 Нефи 10:21). Освен тоа, законот за праведност бара последица за нашите гревови.

Исусовата искупителна жртва ни дава можност да бидеме исчистени од гревот и осветени кога ќе се покаеме. Таа исто така ни дава можност да ги задоволиме барањата за праведност (види Алма 42:15, 23–24). Спасителот рече, „Јас … ги истрпев овие работи за сите, за да не страдаат ако се покајат; но ако не се покајат ќе страдаат како мене“ (Учењата И Заветите 19:16–17). Да не беше Исус Христос, гревот ќе ставеше крај на секоја надеж за идно постоење со Небесниот Отец.

Нудејќи се Себе си како жртва за нас, Исус не ја отстранил нашата лична одговорност. Потребно е да имаме вера во Него, да се покаеме и да настојуваме да ги почитуваме заповедите. Кога се каеме, Исус ќе го бара правото на милост од Неговиот Отец во наше име (види Морони 7:27–28). Поради Спасителовото застапништво, Небесниот Отец ни простува, ослободувајќи нѐ од товарот и вината на нашите гревови (види Мосија 15:7–9). Ние сме духовни исчистени и на крај можеме да бидеме пречекани во Божјо присуство.

Исусовата божествена мисија беше исто така да нѐ спаси од смрт. Бидејќи Тој воскресна, сите ние ќе воскреснеме откако ќе умреме. Ова значи дека духот и телото на секој човек ќе се обединат и секој од нас ќе живее засекогаш во совршено, воскреснато тело. Да не беше Исус Христос, смртта би ставила крај на секоја надеж за идно постоење со Небесниот Отец.

Проучување на светите писма

Бог го Испрати својот Син

Спасение преку Исус Христос

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Вера во Исус Христос

Првиот принцип од евангелието е вера во Господ Исус Христос. Верата е темелот на сите други евангелски принципи.

Вера во Исус Христос вклучува уверување дека Тој е Единородниот Син на Бог. Тоа вклучува верба во Него како наш Спасител и Искупител—дека Тој е нашиот единствен начин да се вратиме во Божјо присуство (види Дела 4:10–12; Мосија 3:17; 4:6–8). Поканети сме да практикуваме „цврста вера во него, потпирајќи се целосно на заслугите на оној кој е моќен да спасува“ (2 Нефи 31:19).

Верата во Исус Христос вклучува верување дека Тој пострада за нашите гревови во Неговата искупителна жртва Поради Неговата жртва, можеме да се исчистиме и искупиме кога се каеме. Ова чистење ни помага да најдеме мир и надеж во овој живот. Тоа исто така ни дозволува да добиеме потполна радост откако ќе умреме.

Верата во Исус Христос го вклучува верувањето дека преку Него, сите ние ќе бидеме воскреснати откако ќе умреме. Оваа вера може да нѐ одржи и утеши во време на загуба. Тагата поради смртта може да се ублажи со ветувањето за Воскресение.

Верата во Исус Христос вклучува верување и доверба дека Тој ги презел врз себе нашите болки и слабости (види Исаија 53:3–5). Тој знае според Свое искуство како милостиво да нѐ поддржи низ животните предизвици (види Алма 7:11–12; Учењата и Заветите 122:8). Кога практикуваме вера, Тој ни помага да притискаме напред и покрај тешкотиите.

Преку нашата вера во Него, Исус може да нѐ исцели физички и духовно. Тој е секогаш подготвен да ни помага кога се сеќаваме на Неговата покана „угледајте се на мене во секоја мисла, не се сомневајте, не стравувајте“ (Учењата и Заветите 6:36).

Принцип на Дејствување и Моќ

Верата во Исус Христос води акција. Ја изразуваме нашата вера со покорување кон заповедите и правење добрина секој ден. Се каеме за нашите гревови. Ние сме лојални кон Него. Се трудиме да наликуваме сѐ повеќе на Него.

Кога практикуваме вера, можеме да ја доживуваме Исусовата моќ во нашите секојдневни животи. Тој ќе ги велича нашите сопствени напори. Ќе ни помогне да растеме и да одолееме на искушението.

Зацврстување на Нашата Вера

Пророкот Алма поучил дека градењето вера може да започне со едноставна „желба да веруваме“ (Алма 32:27). Потоа, за нашата вера во Исус Христос да расте, треба да ја негуваме учејќи ги Неговите зборови, применувајќи ги Неговите учења, и почитувајќи ги Неговите заповеди. Алма поучува дека кога трпеливо, вредно го негуваме словото Божје во нашите срца, „тоа ќе се вкорени [и ќе стане како] дрво кое изникнува во вечен живот“—на тој начин ја зајакнува нашата вера (Алма 32:41; види стихови 26–43).

Проучување на Светото Писмо

Вера, Моќ и Спасение

Доктрината на верата

Примери на вера

Дела и Послушност

Вера до Покајание

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Покајание

Што е Покајание?

Покајанието е вториот принцип на евангелието. Верата во Исус Христос и нашата љубов за Него нѐ водат кон покајание (види Хеламан 14:13). Покајанието е процес на свртување кон Бога и одвраќање од гревот. Кога се каеме, нашите постапки, желби и мисли се менуваат за да бидат во склад со Божјата волја. Простувањето на грев е можно преку Исус Христос и неговата жртва.

Покајанието е многу повеќе од практикување на волјата да се промени однесувањето или да се надмине слабост. Покајанието е искрено вртење кон Христос, кој ни дава сила да доживееме „моќна промена“ во нашите срца (Алма 5:12–14). Кога ја доживуваме оваа промена во срцето, ние сме духовно препородени (види Мосија 27:24–26).

Преку покајание, развиваме свеж поглед на Бога, на себе си и на светот. Ја чувствуваме одново Божјата љубов за нас како Негови чеда—и љубовта на нашиот Спасител за нас. Можноста за покајување е еден од најголемите благослови што Бог ни ги дал преку Неговиот Син.

Процесот на Покајание

Кога се каеме, ги препознаваме нашите гревови и чувствуваме искрено каење Ги исповедаме нашите гревови на Бога и бараме од Него прошка. Ние исто така им признаваме многу сериозни гревови на овластените црковни водачи, кои ќе нѐ поддржат додека се каеме. Правиме сè што можеме да се надомести штетата, што значи се обидуваме да ги поправме проблемите кои нашите постапки можеби ги предизвикале. Вистинското покајание најдобро се покажува со праведни постапки во одреден временски период.

Покајанието е секојдневен процес во текот на нашите животи. „Сите згрешија и лишени се од славата божја“ (Римјаните 3:23). Треба постојано да се каеме, паметејќи дека „можам да направам сѐ преку Христос, кој ме крепи“ (Филипјаните 4:13). Господ нѐ увери дека „колку што мојот народ ќе се покае, ќе им ги простам нивните престапи“ (Мосија 26:30).

Благословите на Покајанието

Покајанието е позитивен принип што носи радост и мир. Тоа нѐ носи „до моќта на Искупителот, до спасение на [нашите] души“ (Хеламан 5:11).

Кога се каеме, нашата вина и тага се лекуваат со текот на времето. Поизобилно го чувствуваме влијанието на Духот. Нашата желба да го следиме Бога станува посилна.

Слика
Старешина Расел М. Нелсон

„Премногу луѓе го сметаат покајанието за казна—нешто што треба да се избегнува. … Но ова чувство на казнување е загрозено од Сатаната. Тој се обидува да нѐ спречи да се угледаме на Исус Христос, кој стои со отворени раце, надевајќи се и спремајќи се да нѐ исцелува, да ни прости, да нѐ исчисти, да нѐ зајакне, да нѐ прочисти и да нѐ освети“ (Russell M. Nelson, “We Can Do Better and Be Better,“ Liahona, May 2019, 67).

Проучување на Светото писмо

Покајание

Откуп и Простување

Милост за Оние кои што се Каат

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Слика
млада жена се крштева

Крштавање: Нашиот прв Завет со Бог

Верата во Исус Христос и покајанието нѐ подготвуваат за обредите на крштевање и потврдување. Крштавањето е првиот обред од евангелието на Исус Христос. Добивајќи го овој радосен обред на надеж, го склучуваме нашиот прв завет со Бога.

Обред е свет чин или церемонија извршена од властите на свештенството. Некои обреди, како крштевање, се суштински за наше спасение.

Преку обредите, склучуваме завети со Бога. Овие завети се свети ветувања помеѓу нас и Бог. Ветува дека ќе нѐ благослови кога ги одржуваме ветувањата дадени Нему. Треба да имаме силна посветеност за да ги одржиме нашите ветувања со Бога.

Бог обезбеди обреди и завети за да ни помогне да дојдеме кај Него и да имаме вечен живот. Со примање на свештенски обреди и одржување на суштинските завети, можеме да ја искусиме „моќта на побожноста“ во нашите животи (Учењата и Заветите 84:20).

Крштален Завет

Спасителот учи дека крштевањето е неопходно за да влеземе во небесното царство (види Јован 3:5). Тоа е исто така неопходно за да станеме членови на Црквата на Исус Христос. Нашиот Спасител поставил пример со тоа што бил крстен (види Матеј 3:13–17).

Кога сме крстени и ги одржуваме нашите завети, Бог ветува дека ќе ни ги прости гревовите (види Дела 22:16; 3 Нефи 12:1–2). Овој голем благослов е овозможен преку помирувачката жртва на Исус Христос, кој „нѐ возљуби и изми од нашите гревови преку својата крв“ (Откровение 1:5). Бог исто така ни ветува дека ќе нѐ благослови со придружбата на Светиот Дух за да можеме да бидеме осветени, водени и утешени.

Во нашиот дел од кршталниот завет, сведочиме дека сме подготвени да го земеме на себе името на Исус Христос. Ние исто така ветуваме дека секогаш ќе го памтиме Него и ќе се држиме до Неговите заповеди. Ветуваме дека ќе ги сакаме и ќе им служиме на другите, „ќе тагуваме со оние кои тагуваат; … ќе ги тешиме оние кои имаат потреба од утеха, и ќе сведочиме за Бога во сите работи, и насекаде“ (Мосија 18:9; види стихови 8–10, 13). Ја изразуваме нашата одлучност да му служиме на Исус Христос до крајот на нашите животи (види Учењата и Заветите 20:37; Мосија 2:17).

Нашите заветни обврски поврзани со крштевањето претставуваат голема одговорност. Тие се исто така инспиративни и радосни. Создаваат конкретен однос меѓу нас и Небесниот Отец преку кој Тој постојано ја шири Својата љубов

Крштевање со Потопување

Исус поучувал дека треба да бидеме крстени со потопување за простување на нашите гревови (види Учењата и Заветите 20:72–74). Крштевањето со потопување е симбол на смртта, погребот и Воскресението на Исус Христос (види Римјаните 6:3–6).

Крштевањето со потопување има и моќна симболика за нас лично. Ја претставува смртта на нашиот стар живот, погребувањето на тој живот и нашето појавување како духовно препородени лица. Кога сме крестени, го започнуваме процесот на препородување и стануваме духовни синови и ќерки на Христос (види Мосија 5:7–8; Римјаните 8:14–17).

Деца

Тие не треба да се крштеваат сѐ додека не достигнат возраст на одговорност, која е на осум години (види Учењата и Заветите 68:27). Децата кои умираат пред таа возраст се искупени преку Помирувањето на Исус Христос (види Морони 8:4–24; Учењата и Заветите 137:10). Пред да се крстат децата, треба да го научат евангелието за да се подготват за овој важен чекор во нивните животи да стапат во завет со Бог.

Сакраментот

Нашиот Небесен Отец сака да бидеме верни на заветите што ги склучуваме со Него. За да ни помогне да го направиме тоа, Тој ни заповеда често да се среќаваме за да земеме сакрамент. Сакраментот е свештенски обред што Исус им го претставил на Неговите Апостоли непосредно пред Неговото Помирување.

Земањето на сакрамент е основната намена на сакраменталната средба секоја недела. Лебот и водата се благословуваат и се предаваат на конгрегацијата. Лебот го претставува жртвуваното тело на Спасителот. Водата ја претставува Неговата крв, што Тој ја проли за нас.

Земаме од овие симболи во сеќавање на жртвувањето на Спасителот и за обновување на нашите завети со Бога. Одново го добиваме ветувањето дека Духот ќе биде со нас.

Проучување на Светото Писмо

Примерот на Христос

Крштален Завет

Услови за Крштавање

Ветените Благослови на Крштевањето

Потреба од Овластување

Исус го воспоставил Сакраментот

Сакраментални Молитви

Учество во Сакраментот

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Слика
Христос ги положува рацете на жена

Дарот на Светиот Дух

Примање на Дарот на Светиот Дух

Крштевањето се состои од два дела. Исус поучува дека треба да сме „родени од вода и од Дух“ за да влеземе во царството Божјо (Јован 3:5; додаден акцент). Џозеф Смит поучува, „Крштевањето со вода е половично крштевање, и не вреди за ништо без втората половина—тоа е, крштевањето на Светиот Дух“ (Teachings of Presidents of the Church: Joseph Smith [2007], 95).

Крштевањето со вода мора да биде проследено со крштевање со Дух за да биде целосно. Кога ќе ги примиме и двете крштевања, ние сме исчистени од гревовите и сме духовно препородени. Потоа, започнуваме нов духовен живот како Христови ученици.

Го добиваме крштевањето на Духот преку обред кој се нарекува потврдување. Овој обред се извршува со еден или повеќе носители на свештенство кои ги поставуваат рацете врз нашата глава. Најнапред нѐ потврдуваат како членови на Црквата, а потоа ни го даваат дарот на Светиот Дух. Ова е истиот обред на кој се повикуваме во Новиот Завет и Книгата на Мормон (види Дела 8:14–17; 3 Нефи 18:36–37).

Светиот Дух е третиот член на Божеството. Тој работи во единство со Небесниот Отец и Исус Христос. Кога ќе го примиме дарот на Светиот Дух, можеме да го имаме Неговото друштво во текот на нашите животи ако сме верни

Како Светиот Дух Нѐ Благословува

Дарот на Светиот Дух е еден од најголемите дарови од Небесниот Отец. Светиот Дух нѐ осветува, нѐ прави посвети, поцелосни, послични на Бог (види 3 Нефи 27:20). Ни помага да се промениме и да раснеме духовно додека се трудиме да ги следиме Божјите заповеди.

Светиот Дух ни помага да учиме и да ја препознаеме вистината (види Морони 10:5). Тој исто така потврдува вистина во нашите срца и мисли. Освен тоа, Светиот Дух ни помага да ги учиме другите на вистина (види Учењата и Заветите 42:14). Кога учиме и предаваме вистина со моќта на Светиот Дух, Тој го носи тоа во нашите срца (види 2 Нефи 33:1).

Кога покорно бараме насока од Светиот Дух, Тој ќе нѐ води (види 2 Нефи 32:5). Ова вклучува да се потсетиме себеси за да знаеме како да им служиме на другите.

Светиот Дух дава духовна сила која ќе ни помогне да ги надминеме слабостите. Тој ни помага да одолееме на искушенијата. Може да нѐ предупреди за духовна и физичка опасност.

Светиот Дух ќе ни помогне да ги надминеме тешкотиите во животот. Ќе нѐ теши во времиња на искушение и тага, исполнувајќи нѐ со надеж (види Морони 8:26). Преку Светиот Дух, можеме да ја почувствуваме Божјата љубов за нас.

Проучување на Светото Писмо

Природата на Светиот Дух

Благословите и Влијанието на Светиот Дух

Важноста на Дарот на Светиот Дух

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

Слика
Исус држи деца

Да се истрае до крај

Кога сме крстени и потврдени, влегуваме во завет со Бога. Меѓу другите работи, ветуваме дека ќе ги одржуваме Неговите заповеди и ќе му служиме до крајот на животот (види Мосија 18:8–10, 13; Учењата и Заветите 20:37).

Откако застанавме на патот на Евангелието преку крштевањето и потврдувањето, се трудиме да останеме на тој пат. Кога скршнуваме од патот дури и малку, практикуваме вера во Христос за да се покаеме. Благословите на покајанието ни дозволуваат да се вратиме на патот на евангелието и да ги задржиме благословите од нашите завети со Бога. Кога искрено се каеме, Бог е секогаш подготвен да ни прости и да нѐ пречека назад.

Истрајувањето до крај значи да се остане верен на Бога до крајот на нашите животи—во добри и лоши времиња, во благосостојба и во неволја. Понизно дозволуваме Христос да нѐ обликува и да нѐ направи како Него. На Христа гледаме со вера, доверба и надеж, без разлика што се случува во нашите животи.

Истрајување до крај не значи едноставно да се да се држиме до Него додека не умреме. Тоа значи, да ги насочиме нашите животи, мисли и постапки на Исус Христос. Тоа вклучува продолжување на практикувањето вера во Христос секој ден. Ние исто така продолжуваме да се каеме, да ги одржуваме нашите завети со Бога и да бараме придружба од Светиот Дух.

Истрајувањето до крај вклучува „притискање напред со непоколебливост во Христос, имајќи совршено светла надеж, и љубов за Бог и за сите луѓе“. Нашиот Небесен Отец ветува дека кога истрајуваме до крај, ние „ќе имаме вечен живот“ (2 Нефи 31:20).

Проучување на Светото Писмо

Да се истрае до крај

Благослови за Оние кои Истрајуваат

Дознајте нешто повеќе за Овој Принцип

  • Евангелски Теми: „Неволји

  • Водич за Светите Писма: „Истрае“, „Неволји

Слика
семејство се смее

Евангелието на Исус Христос ги благословува сите Божји чеда.

Евангелието на Исус Христос е за сите Божји чеда. Светите писма поучуваат дека „сите сме слични на Бога“ без разлика на нашето потекло или околности. Тој кани „сите да додеме кај него и да земеме од неговата добрина; и не негира никого што доаѓа кај него“ (2 Нефи 26:33).

Евангелието нѐ благословува во текот на смртниот живот и во вечноста. Најверојатно дека ќе бидеме среќни—како поединци и како смејства—кога живееме според учењата на Исус Христос (види Мосија 2:41; „Семејството: Проглас кон Светот“, ChurchofJesusChrist.org). Живеењето на евангелието ја продлабочува нашата радост, нѐ инспирира да дејствуваме и ги збогатува нашите односи.

Тоа исто така може да нѐ заштити од правење избори што ќе ни наштетат физички или духовно. Ни помага да зајакнеме и да се утешиме во време на искушенија и тага. Живеењето на евангелието го отвора патот до посреќен вечен живот.

Една од големите пораки на обновеното евангелие е дека сите ние сме дел од Божјото семејство. Ние сме Неговите возљубени синови и ќерки. Без разлика на нашата семејна ситуација на земјата, секој од нас е член на Божјото семејство.

Друг многу важен дел од нашата порака е дека семејствата можат да бидат обединети за вечноста. Семејството е одредено од Бог. Планот за среќа на Небесниот Отец овозможува семејните односи да продолжат и после гробот. Светите храмски обреди и завети овозможуваат семејствата да бидат заедно засекогаш.

Преку светлината на евангелието, семејствата може да разрешат недоразбирања, расправии и предизвици. Семејства растргнати од несогласувања може да се исцелат преку покајание, простување и вера во моќта на Помирувањето на Исус Христос.

Евангелието на Исус Христос ни помага да развиеме посилни смејни односи. Домот е најдоброто место да се предаваат и учат начелата на евангелието на Исус Христос. Дом заснован на евангелските принципи ќе биде место за прибежиште и безбедност. Ќе биде место каде Духот на Господ може да пребива.

Проучување на Светото писмо

Дознајте повеќе за Овој Принцип

Краток до среден План на лекција

Следниот план е урнек за тоа што би можеле да поучите некого доколку имате само малку време. Кога се корсти овој план, изберете едно или повеќе начела кои ќе ги поучувате. Доктринарната основа за секое начело е обезбедена претходно во лекцијата.

Додека предавате, поставувајте прашања и слушајте. Упатете покани што ќе им помогнат на луѓето да научат како да му се приближат на Бога. Не заборавајте да го поканите лицето повторно да се сретне со вас. Должината на часот ќе зависи од поставените прашања и од начинот на кој слушате.

Слика
мисионери подучуваат семејство

Што би можеле да ги подучите луѓето за 3-10 минути

  • Бог го испрати Неговиот Возљубен Син, Исус Христос, на земјата да нѐ искупи од грев и смрт.

  • Верата во Исус Христос е начело за постапување и моќ. Верата ни помага да ја искусиме зајакнувачката моќ на Спасителот во нашите животи.

  • Верата во Исус Христос нѐ тера на покајание. Покајанието е процес на вртење кон Бога и одвраќање од гревот. Кога се каеме, нашите постапки, желби и мисли се менуваат за да бидат во склад со Божјата волја.

  • Кога се каеме, Бог ни простува. Простувањето е можно затоа што Исус Христос ги искупи нашите гревови.

  • Крштевањето има два дела: крштевање со вода и со Дух. Кога сме крстени и потврдени, се чистиме од нашите гревови, што ни дава нов почеток во животот.

  • Откако ќе не крстат со вода, го примаме дарот на Светиот Дух преку обредот потврдување.

  • Кога верно го следиме евангелскиот пат до крај на нашите животи, Бог ни ветува дека ќе имаме вечен живот.

Печати