Постење и Приноси од Пост
Дополнително на плаќањето десеток е тоа што ни е заповедано да дадеме од тоа што го имаме, за да им помогнеме на сиромашните и загрозените. Еден начин да го направиме ова е преку постење и издржување без храна и вода при два последователни оброка. Господ го обнови принципот на постење преку Пророкот Џозеф Смит, а црквата одредува една недела во месецот како ден за постење. Постењето, кое секогаш било показател на вистинската црква, е можност за духовно обновување и приближување до нашиот Небесен Отец.
Како дел од постот, членовите на црквата допринесуваат со еден дарежлив принос од пост поради грижа за сиромашните и загрозените. Овој принос треба да биде најмалку во вредност од двата оброка без кои членот на црквата поминал додека постел. Овие фондови се користат да се обезбеди храна, засолниште и други неопходности на оние на кои им треба, и на локално и на светско ниво.
Не постои стандарден износ на донација за приноси од пост. Додека дарежливо допринесувате во овие фондови, ќе бидете благословени и духовно и привремено поради вашата желба да им помогнете на другите.