Што Е Десеток?
Десеток е донацијата од една десетина од нечиј приход за Црквата на Бог. Оваа заповед беше позната уште од времињата на Стариот Завет. Пророкот Малахија поучуваше за важноста на десеток и благословите кои доаѓаат од покорување пред овој закон:
„Донесете ги сите десетоци во ризницата, … За да има храна во мојот дом, тогаш испитајте ме, зборува Господ над Војските, не ќе ли ви ги отворам небесните брани, и не ќе ли излеам врз вас благослов, со полна мерка.“ (Малахија 3:10).
Во 1838, Господ ја повтори оваа заповед преку Пророкот Џозеф Смит:
„Мојот народ Ќе плаќа една десетина од целата нивна заработка годишно; и ова ќе биде постоечки закон за нив засекогаш“ (Учење и Завети 119:3–4). Заработка се подразбира дека значи приход.
Вашите десетоци се свети за Господ, и му укажувате чест на Него плаќајќи десеток. Плаќањето десеток е израз на вашата вера во Бог и Неговото дело.