Зошто Треба Да Донирам Десеток?
Се што е добро во вашиот живот е дар од вашиот Небесен Отец кој ве љуби. Кога му допринесувате 10 проценти на Него за возврат, ја изразувате вашата љубов, вера, и благодарност. Му покажувате на Бог дека ќе го следите дури и кога може да биде тешко; му покажувате дека ќе се потпрете на Него попрво отколку да верувате во пари или материјални нешта. Поради вашата верност, вашиот Небесен Отец ви ветува благослови кои се далеку поголеми отколку било што и да дадете.
Иако некои луѓе имаат потешкотија да веруваат дека можат да си дозволат да донираат една десетина од нивниот приход, верните плаќачи на десеток учат дека не можат да си дозволат да не платат десеток. На еден вистински и прекрасен начин, небесните прозорци се отворени, и благослови се излеани врз нив. Како што една мајка вдовица му објасни на нејзиниот син: „Не можам [да ве одгледам деца] без благословите на Господ, и ги добивам тие благослови плаќајќи чесен десеток. Кога го плаќам мојот десеток, го имам ветувањето на Господ дека тој ќе не благослови, и мораме да ги имаме тие благослови ако сакаме да се сложуваме“ (Далин Х. Оукс, Знаме, Мај 1994, 33).
Духовната сила доаѓа од потпирањето на Господ. Додека се соочуваме со сериозните испити во животот, ни треба зголемена вера, инспирација, и храброст. Овие благослови можат да бидат излеани од прозорците на небесата како резултат на покорување пред законот за десеток.
Како дополнително на тоа, многу луѓе дознават дека поради тоа што се верни плаќачи на десеток тие подобро можат да управуваат со нивните финансии и да ги задоволат нивните потреби. Плаќањето на десеток не учи да ги контролираме нашите желби за материјални нешта и да бидеме чесни со нашите блиски. Учиме да веруваме дека тоа што ни било дадено, преку благословите на Господ и нашите сопствени трудољубиви напори, е доволно за нашите потреби.
Без разлика на износот на вашиот приход, ќе бидете благословени додека плаќате десеток. Кога Исус виде како една жена стави неколку златници во храмското ковчеже, Тој им кажа на Неговите ученици, „Вистина ви велам дека беднава вдовица даде повеќе од сите, кои пуштаа во ковчежето. Зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата немаштина - пушти се што имаше: целиот свој имот.“ (Марко 12:43–44).