Учење англиски
Лекција 25: Проверка


„Лекција 25: Проверка”, EnglishConnect 1 за Ученици (2022)

„Лекција 25“, EnglishConnect 1 за Ученици

пријатели шетаат по улица

Lesson 25

Review

Цел: Ќе го проверам EnglishConnect 1 и ќе се навратам на моето искуство.

Personal Study

Подгответе се за вашата група за разговор со пополнување на вежбите А до Е.

икона а
Study the Principle of Learning: Learn by Study and by Faith

Учете со проучување и со вера

I can rely on God to seek learning by study and by faith.

Можам да сметам на Бога за да барам учење со проучување и со вера.

Господ ни постави модел за учење:

„Трудољубиво барајте и поучувајте се едни со други мудри зборови; да, истражувајте мудри зборови од најдобрите книги ; барајте знаење, и тоа со проучување и со вера” (Учењата и Заветите 88:118)

Размислете за вашето искуство во EnglishConnect. Како го применивте овој модел? Размислете за принципите на учење и изјавите што заедно ги научивме.

  • „Вие сте чедо на Бога”—Јас сум Божје чедо со вечен потенцијал и цел.

  • „Вежбајте вера во Исус Христос”—Исус Христос може да ми помогне да направам сé кога практикувам вера во Него.

  • „Преземете одговорност“—Ја имам моќта да избирам, и јас сум одговорен за моето сопствено учење.

  • „Сакајте се и поучувајте едни со други“—Можам да научам од Духот кога сакам, поучувам, учам со другите.

  • „Пробивајте се напред”—Со Божја помош, можам да се пробивам напред дури и кога се соочувам со препреки.

  • Го подобрувам моето учење со тоа што секојдневно се советувам со Бога за вложениот труд.

Вашата EnglishConnect група можеби завршува, но Бог сака да научите и доживеете многу други работи. Вашиот Небесен Отец ве сака и сака да ви помогне да го постигнете вашиот божествен потенцијал. Можете да се потпрете на Бога и да продолжите да „барате знаење, и тоа со проучување и со вера“.

маж и жена се смеат

Ponder

  • Како сте ја доживеале Божјата љубов и помош во учење на англиски јазик?

  • Како сте ги примениле овие принципи на учење во EnglishConnect?

  • Како можете да го примените спортско однесување во други области на вашиот живот.

икона б
Prepare for Activity 1

Прочитајте ги задачите за вежба 1. Погледнете ја листата на теми. Напишете по едно прашање што можете да го поставите за секоја тема. Прочитајте ги прашањата на глас.

Теми

икона ц
Prepare for Activity 2

Прочитајте ги задачите за вежба 2. Погледнете во списокот на теми. Напишете по едно прашање што можете да го поставите за секоја тема. Прочитајте ги прашањата на глас.

Теми

икона д
Prepare for Activity 3

Прочитајте ги задачите за вежба 3. Помислете на вашиот град. Напишете три прашања и одговори за градот. Прочитајте ги на глас. Види лекција 21 и лекција 22 за нови зборови и реченични шеми.

Additional Activities

Пополнете ги вежбите од лекцијата и оценете се на интернет на englishconnect.org/learner/resources или во EnglishConnect 1 Работната тетратка.

Act in Faith to Practice English Daily

Продолжете да вежбате англиски секојдневно. Искористете го вашиот „Следач на Самостојно проучување“. Преиспитајте ја целта на проучувањето и вреднувајте го вашиот труд.

Conversation Group

Discuss the Principle of Learning: Learn by Study and by Faith

(20–30 minutes)

маж и жена се смеат

икона 1
Activity 1: Create Your Own Conversations

(10–15 minutes)

Поставувајте и одговарајте на прашања за вашето име, како сте денес, од каде сте, вашето семејство и вашиот дом. Менувајте се наизменично.

Example

млад маж се смее во одело
  • A: Hi. My name is Ana. What’s your name?

  • B: Hi, Ana. My name is Niko. How are you?

  • A: I am great. Thanks. How about you?

  • B: I am well. Thanks for asking.

  • A: Where are you from?

  • B: I’m from Brazil. And you?

  • A: Nice. I’m from Guatemala. How many people are in your family?

  • B: There are seven people in my family.

  • A: That’s a big family. Do you live in a house or in an apartment?

  • B: I live in an apartment.

икона 2
Activity 2: Create Your Own Conversations

(10–15 minutes)

Поставувајте и одговарајте на прашања за тоа што сакате да правите, вашите секојдневни активности, и јадењата што ги јадете. Менувајте се наизменично. Заменете ги партнерите и вежбајте повторно.

New Vocabulary

banana

банана

blender

блендер

orange

портокал

peach

праска

smoothie

смути

strawberry

јагода

Example

  • A: What do you like to do?

  • B: I like to read. Do you like to read?

  • A: Yes, I like to read too. Do you read every day?

  • B: Yes, I read every day. Before I go to bed, I read. What food do you like?

  • A: I like fruit because it’s delicious.

  • B: Me too! I eat a smoothie for breakfast every morning.

  • A: Wow! How do you make it?

  • B: First, put an orange, a banana, strawberries, and peaches in a blender. Then, mix all the fruit together.

икона 3
Activity 3: Create Your Own Conversations

(10–15 minutes)

Одглумете ја ситуацијата. Партнерот А поставува прашања. Партнер Б одговара на прашања. Заменете ги улогите.

Partner A

Во посета сте на градот на партнерот Б.

Побарајте од вашиот партнер:

  • Да ви раскакаже за нивниот град

  • Насоки од местото каде што се наоѓате до други места во градот.

Partner B

Вие живеете во овој град.

Кажете му на партнерот:

  • За вашиот град.

  • Како да стигне до другите места во градот.

Example

  • A: This is my first time in this city. Tell me about the city.

  • B: It is big and busy.

  • A: Where is the train station?

  • B: It’s on D Street.

  • A: How do I get there from the grocery store?

  • B: Turn right on Main Street. Go straight. Turn left on D Street. The train station is across from the bank.

карта на важните зградите во градот

Reflection

(5–10 minutes)

Честитаме! Изминавте долг пат. Горди сме на целиот ваш труд и времето што сте ги инвестирале во учење англиски.

Размислете за вашето искуство во EnglishConnect 1 и поставете цели за во иднина.

  • Споделете три работи што сте ги научиле и кои ви биле најкорисни.

  • Како ќе продолжите да го подобрувате вашиот англиски?

  • Размислете за принципите на учење. Како можете да ги примените овие принципи во вашиот живот?

Вашиот следен чекор

Сега кога го завршивте EnglishConnect 1, размислете дали да продолжите со EnglishConnect 2. За да дознаете нешто повеќе, посете ја join.englishconnect.org.

Не сте подготвени да започнете со EnglishConnect 2? Продолжете да учите англиски во EnglishConnect 1.

Што и да правите понатака, запамтете дека сте Божје чедо и дека Тој ќе ви помогне да напредувате.

Act in Faith to Practice English Daily

„Образувајте се колку што можете повеќе. … Образованието е клучот што ќе ја отклучи вратата на можности за вас. Вреди да се жртвувате за тоа. Вреди да се работи на тоа, и ако го воспитувате вашиот ум и рацете, ќе можете да дадете голем придонес во општеството од кое сте дел, и ќе можете да создадете почесна слика од Црквата на која припаѓате” (Teachings of Presidents of the Church: Gordon B. Hinckley [2016], 241).