Прирачници и Повици
8. Кворум Старешини


„8. Кворум Старешини,“ Извадоци од Општиот Прирачник (2023).

„8. Кворум Старешини,“ Извадоци од Општиот Прирачник

мажи зборуваат

8.

Кворум Старешини

8.1

Цел и Организација

8.1.1

Цел

Достојни мажи на возраст од 18 години и постари може да станат носители на Мелхиседеково Свештенство и да бидат ракоположени за повикот старешини. Еден човек кој е ракоположен за овој повик влегува во свет завет да му помогне на Бога да го исполни Неговото дело (види Учењата и Заветите 84:33–44).

8.1.2

Членство во Кворумот Старешини

Секој оддел има кворум на старешини. Тој е составен од следните браќа:

  • Сите старешини во одделот.

  • Сите потенцијални старешини на одделот (види 8.4).

  • Сите високи свештеници во одделот, освен оние кои во моментот служат во претседателството на кол, во претседателството на епископија, во високиот совет или како патријарх.

Млад маж може да почне да присуствува на состаноци на кворумот старешини кога ќе наполни 18 години, дури и ако сѐ уште не е ракоположен за старешина. На 19 години, или кога се оддалечува од дома, за да посетува универзитет или да служи мисија на пример, треба да биде ракоположен за старешина ако е достоен.

Оженети мажи под 18 години се потенцијални старешини и се исто така членови на кворумот старешини.

8.2

Учество во Работата за Спасение и Возвишување

3:42

8.2.1

Живеење на Евангелието на Исус Христос

8.2.1.2

Евангелско учење и Состаноци на Кворум

Состаноците се одржуваат секоја втора и четврта недела од месецот. Тие траат 50 минути. Претседателството на кворумот старешини ги планира овие состаноци. Член на претседателството ги раководи.

Состаноците на Кворум се фокусираат на теми од еден или повеќе говори од најновата генерална конференција.

8.2.1.3

Активности

Претседателствата на кворумот на старешини може да планираат активности. Повеќето активности се одржуваат во други термини освен недела или понеделник навечер.

8.2.2

Грижа за оние кои имаат потреба од тоа

2:43

8.2.2.1

Служење

Членовите на кворумот старешини добиваат задачи за служба од претседателството на кворум. За повеќе информации, види поглавје 21.

8.2.2.2

Краткорочни Потреби

Браќата на служба бараат начини да ги разберат и одговорат на потребите на оние на кои им служат. Членовите може да имаат потреба од краткорочна помош во време на болест, породување, губење на работното место, и други околности.

Кога има потреба, браќата на служба бараат помош од претседателството на кворумот старешини.

8.2.2.3

Долгорочни Потреби и Самостојност

Координирано од епископот, претседателствата на кворум и на Здржение за Помош им помагаат на членовите со долгорочни потреби и самостојност

Претседателот на кворумот старешини, претседателот на Здружение за Помош, или друг водач му помагаат на лицето или семејството да развие План за Самостојност. Браќа и сестри на служба може исто така да помогнат со планот.

8.2.2.4

Кога Член на Оддел ќе Почине

Кога член на оддел ќе почине, претседателствата на кворумот старешини или на Здружение за Помош нудат утеха и помош. Под водство на епископот, тие можат да помогнат со погребот.

За повеќе информации, види 38.5.8.

8.2.3

Покана до сите да го примат евангелието

Претседателот на кворумот на старешини назначува член од претседателството да помогне при водење на мисионерската работа на членот од одделот. Тој работи со доделениот член од претседателството на Здржение за Помош за да ги координира овие напори.

Види 23.5.1 и 23.5.3.

8.2.4

Обединување на семејствата за вечност

Претседателот на кворумот на старешини назначува член од претседателството да помогне при водење на храмска и семејна историја на одделот. Тој работи со доделениот член од претседателството на Здржение за Помош за да ги координира овие напори.

Види 25.2.2.

2:49

8.3

Водачи на Кворумот Старешини

8.3.1

Претседателство на Кол и Епископ

Претседателот на кворумот старешини е директно одговорен пред претседателството на кол. Тој редовно се среќава со член на претседателството за да добие насока и да поднесе извештај за неговите одговорности.

Претседателот на кворумот на старешини исто така добива водство од епископот, кој е претседавач на старешините во одделот. Тие се состануваат редовно.

8.3.2

Висок Советник

Претседателството на кол назначува висок совет да ги претставува во секој кворум на старешини. Неговите одговорности се наведени во 6.5.

8.3.3

Претседателство на Кворумот Старешини

8.3.3.1

Повикување на Претседателство на Кворумот Старешини

По консултација со епископот, претседателот на кол повикува старешина или висок свештеник да служи како претседател на кворумот старешини.

Ако единицата е доволно голема, претседателот на кворумот старешини дава препорака на претседателот на кол, еден или двајца старешини или високи свештеници да служат како негови советници

8.3.3.2

Одговорности

Претседателот на кворумот старешини ги има следните одговорности: Неговите советници да му помагаат.

  • Да служи на советот на оддел.

  • Да ги води напорите на кворумот да учествува во работата за спасение и егзалтација (види поглавје 1).

  • Да ја организира или надгледува службата на браќата службеници.

  • Под водство на епископот, се советува со повозрасните членови од одделот.

  • Ги координира напорите на кворумот старешини за да ги зајакне младите повозрасни браќа, самохраните и оние во брак.

  • Да се сретне со секој член на кворумот поединечно најмалку еднаш годишно.

  • Да ги поучи членовите на кворум за нивните свештенски обврски (види Учењата и Заветите 107:89). Ова вклучува поучување како да го практикуваат своето свештенство со изведување обреди и благослови.

  • Ги надгледува записите на кворум, извештаите и финансиите (види LCR.ChurchofJesusChrist.org).

8.3.3.2

Состанок на Преседателството

Претседателството на кворумот старешини и секретарот се среќаваат редовно. Претседателот ги води овие состаноци. Високиот совет назначен од кворумот периодично присисуствува.

Дневниот ред би требало да ги вклучи следните точки:

  • План за тоа како да се зајакнат членовите на кворум (вклучувајќи потенцијални старешини) и нивните семејства.

  • Координирање на мисионерската работа и работењето на храмска и семејна историја

  • Одговар на задачите од состаноците на советот на оддел.

  • Проверка на информациите од интервјуата при служење.

  • Разгледување кои браќа да служат во повици и задачи.

  • Планирање на состаноците на кворум и на активностите.

8.3.4

Секретар

Со одобрение на епископ, член на претседателството на кворумот на старешини може да повика член на кворумот да биде секретар на кворум.

8.4

Помагање на идните старешини да станат носители на Мелхиседеково Свештенство

Иден старешина е машки член на Црквата кој не е ракоположен за да добие Мелхиседеково Свештенство и (1) има 19 или повеќе години или (2) е помлад од 19 години и е во брак.

Помагање на идните старешини да се подготват да добијат Мелхиседеково Свештенство е еден од највисоките приоритети на претседателството на кворум