„38. Црковни политики и Упатства,“ Извадоци од Општиот Прирачник (2023).
„38. Црковни политики и Упатства,“ Извадоци од Општиот Прирачник
38.
Црковни Политики и Упатства
38.1
Црковно Присуство
Нашиот Отец на Небесата ги сака своите чеда. „Сите се исти за Бога,“ и ги повикува сите „да дојдат кај него и да ја споделат неговата добрина“ (2 Нефи 26:33).
38.1.1
Присуство на Црковни Средби
Сите се добредојдени да присуствуваат на црковните средби, други неделни средби и настани за дружење на Црквата на Исус Христос на Светците на Подоцнежните Дни. Претседавачот е одговорен да се погрижи сите присутни да имаат почитување кон светоста на амбиентот.
Оние кои присуствуваат треба да одбегнуваат прекини или одвлекувања на вниманието за време на богослужењето или се спротивни на други цели на средбата. Мора да се исполнат сите барања за возраст и однесувањето на различни црковни средби и настани. Ова бара воздржување од премногу романтично однесување или дотерување на начин кој го одвлекува вниманието. Тоа, исто така, исклучува и давање политички изјави или зборување за сексуалната орјентација или други лични особини на начин што го одвлекува вниманието од средбите фокусирани на Спасителот.
Ако постои несоодветно однесување, епископот или претседателот на кол насамо дава опомена во дух на љубов. Тој ги охрабрува оние чие однесување е несоодветно за приликата да се фокусираат на помагање во одржување на свет простор за сите присутни со посебен акцент на восхитувањето кон Небесниот Отец и Спасителот.
Црковните простории за средби остануваат приватна сопственост и подлежат на црковните политики. Поединците кои не сакаат да ги следат овие насоки ќе бидат замолени на учтив начин да не присуствуваат на црковните средби и настани.
38.2
Политики за Обреди и Благослови
Општи информации за обредите и благословите се дадени во поглавје 18. Информации за храмските обреди се дадени во поглавјата 27 и 28. Епископите може да го контактираат претседателот на кол доколку имаат било какви прашања. Претседателите на кол може да го контактираат Обласното Претседателство доколку имаат било какви прашања.
38.3
Граѓански Брак
Црковните водачи ги поттикнуваат членовите да се квалификуваат за храмски брак и да бидат венчани и запечатени во храм. Меѓутоа, ако дозволуваат локалните закони, црковните водачи можат, да извршуваат граѓански бракови.
Граѓанските бракови мора да склучуваат во согласност со законите на местото каде што е склучен бракот.
38.3.1
Кој Смее да Склучува Граѓански Брак
Кога тоа е дозволено со локалниот закон, следните сегашни црковни службеници може да дејствуваат според својот повик за да ја извршат церемонијата на склопување граѓански брак:
-
Претседател на мисија
-
Претседател на кол
-
Претседател на округ
-
Епископ
-
Претседател на гранка
На овие службеници им е дозволено да склучуваат граѓански брак само меѓу маж и жена. Мора да бидат исполнети секој од следните услови:
-
Зетот или невестата да е член на Црквата или да има датум на крштевање.
-
Црковниот запис на невестата или на младоженецот е, или ќе биде по крштевањето, во црковната единица со која претседава службеникот.
-
Црковниот службеник има законско овластување да склучи граѓански брак под јуридистикцијата на местото каде ќе се склучи бракот.
38.3.4
Граѓански Бракови Склучени во Црковните Згради
Свадбената церемонија може да се одржи во црковна зграда ако тоа не го нарушува распоредот на редовното црковно функционирање. Свадбите не треба да се одржуваат на Сабат или понеделник навечер. Свадбите што се изведуваат во црковните згради треба да бидат едноставни и достоинствени. Музиката треба да биде света, да изразува почит кон Бога и радосна.
Браковите може да се извршуваат во капелата, просторијата за култура или друга соодветна просторија. Браковите треба да ги следат упатствата за правилно користење на просториите за средби.
38.3.6
Граѓанска Церемонија на Венчавање
За да се изврши граѓанска церемонија, црковниот службеник ѝ се обраќа на двојката и вели, „Ве молам фатете се еден со друг со десната рака.“ Тој потоа вели, „[Полно име на невестата] и [полно име на младоженецот], се фативте еден со друг со десната рака во знак на заветите во кои сега влегувате во присуство на Бога и овие сведоци.“ (Двојката може да ги избере или да ги предложи овие сведоци однапред.)
Службеникот потоа му се обраќа на младоженецот и го прашува, „[Цело име на невестата], дали ја прифаќате [цело име на младоженецот] за ваша законски венчана жена, според ваша слободна волја и свечено и ветувате дека како нејзин придружник и законски сопружник ќе се придружувате до неа и до никој друг; дека ќе ги почитувате сите закони, одговорности, и обврски кои се однесуваат на светата состојба на бракот; и дека ќе ја сакате, почитувате и ќе ја негувате сѐ додека и двајцата сте живи?“
Младоженецот одговара, „Да“ или „Ја прифаќам“.
Службеникот потоа ѝ се обраќа на невестата и ја прашува, „[Цело име на невестата], дали го прифаќате [цело име младоженецот] како ваш легално венчан сопруг, според ваша слободна волја и свечено си ветувате како негова придружничка и законска сопруга дека ќе се придружувате до него и до никој друг; дека ќе ги почитувате сите закони, одговорности, и обврски кои се однесуваат на светата состојба на бракот; и дека ќе го сакате, почитувате и ќе го негувате сѐ додека и двајцата живеете?“
Невестата одговара, „Да“ или „Го прифаќам“.
Црковниот службеник потоа ѝ се обраќа на двојката и вели, „Врз основа на законското овластување што ми е доделено како старешина на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, ве прогласувам [името на младоженецот] и [името на невестата], за маж и жена, законски венчани за време на вашиот земен живот.“
(Алтернативна формулација за капелан што не служи како црковен службеник: „Врз основа на законското овластување што ми е дадено како свештеник во [гранката на воена и граѓанска организација], јас ве прогласувам, [име на младоженецот] и [име на невестата], за сопруг и сопруга, леглно и законски венчани за време на вашиот земен живот.“)
„Нека Бог ја благослови вашата заедница со радост во потомството и долг, среќен живот заедно, и нека ве благослови да се држите до светите завети што ги сте ги дале. Овие благослови ги повикувам на вас во името на Господ Исус Христос, амин“.
Поканата за бакнување како маж и жена е незадолжителна, заснована на културни норми.
38.4
Политики за запечатување
Обредите за запечатување во храм ги врзуваат семејствата заедно за вечноста додека членовите се трудат да ги почитуваат зветите што ги склучуваат кога го примаат обредот. Обредите за запечатување вклучуваат:
-
Запечатување на маж и жена.
-
Запечатување на деца со родители.
Оние кои се држат до своите завети ќе ги задржат индивидуалните благослови обезбедени со запечатувањето. Ова е вистина и кога некој од сопружниците ги прекршил заветите или се повлекол од бракот.
Деца верници кои се запечатени со родителите или родени во завет го задржуваат благословот на вечно родителство. Ова е вистина дури и кога нивните родители го откажуваат нивното брачно запечатување, црковното членување им е повлечено, или се повлекуваат од членство.
Членовите не треба да се советуваат со нивниот епископ доколку имаат прашања за политиките за запечатување. Епископот стапува во контакт со претседателот на кол доколку има било какви прашања. Претседателите на кол може да го контактираат претседателството на храмот во нивните храмски окрузи, Претседателството на Област, или Канцеларијата на Првото Претседателство доколку имаат било какви прашања.
38.5
Храмска Облека и долна облека
38.5.1
Храмско запечатување
Во текот на обредите за дарување и запечатување во храмот, црковните членови носат бела облека. Жените ја носат следната бела облека: фустан со долги ракави или три четвртини од ракав (или сукња и блуза со долги или три четвртини ракави), чорапи или плетени чорапи, и кондури или папучи.
Жените ја носат следната бела облека: фустан со долги ракави или три четвртини од ракав (или сукња и блуза со долги или три четвртини ракави), чорапи или плетени чорапи, и кондури или папучи.
За време на обредите за дарување и запечатување,членовите носат дополнителна церемонијална облека над нивната бела долна облека.
38.5.2
Добивање Храмска Облека и долна облека
Водачите на оддел и кол ги охрабруваат обдарените членови да добијат сопствена храмска облека. Храмската облека и долна облека може да се купи од продавницата за црковна дистрибуција или на store.ChurchofJesusChrist.org. Службениците на кол и оддел може да им помогнат на членовите да нарачаат облека.
38.5.5
Носење и Грижа за долната облека
Членовите кои се обдарени даваат завет дека ќе носат храмска долна облека во текот на својот живот.
Света привилегија е да се носи храмската облека. Тоа е надворешен израз на внатрешната посветеност да се следи Спасителот Исус Христос.
Долната облека е потсетник на заветите дадени во храмот. Кога се носи соодветно во текот на животот, таа ќе служи како заштита.
Долната облека треба да се носи под надворешната облека. Прашање на личен избор е, дали и друга долна облека се носи над или под храмската долна облека.
Долната облека не треба да се соблекува за активности кои разумно можат да се извршат додека се носи долната облека. Не треба да се менува за да се приспособи на различни стилови на облека.
Долната облека е света и треба да се третира со почит. Обдарените членови треба да бараат водство од Светиот Дух за да одговорат на лични прашања во врска со носењето долна облека.
38.5.7
Отстранување на долната облеката и Церемонијалната Храмска Облека
За да се ослободат од износената храмска долна облека, членовите мора да ги исечат и уништат белезите. Членовите потоа ја сечат преостанатата ткаенина за да не може да се идентификува како долна облека. Преостанатата ткаенина може да се фрли.
Членовите можат да донираат долна облека и храмска облека што се во добра состојба на другите обдарени членови.
38.5.8
Храмска Облека за Погреб
Доколку е можно, починатите членови кои се обдарени треба да бидат закопани или кремирани во храмска облека. Ако културните традиции или погребните практики го тоа несоодветно или тешко, облеката може да се превитка и да се стави до телото.
Човековото тело е облечено во храмска долна облека и следната бела облека: кошула со долги ракави, вратоврска или машна, панталони, чорапи и кондури или папучи. Женското тело е облечено во храмска долна облека и следната бела облека: фустан со долги или тричетвртини ракави (или сукња и блуза со долги или три четвртини ракави), чорапи или хулахопки, кондури или папучи.
Церемонијалната храмска облека се става на телото како што е опишано во дарувањето. Наметката е поставена на десното рамо и врзана со врвка на левата половина. Престилката е фиксирана околу половината. Појасот е поставен околу половината и се врзува во јазол на левиот колк. Машката капа обично се става до неговото тело сѐ додека не дојде време да се затвори ковчегот или контејнерот. Капата потоа се става со лакот на левото уво. Женскиот превез може да биде обвиткан преку перницата на задниот дел од нејзината глава. Покривањето на лицето на жената пред погреб или кремирање е изборен, како што ќе одреди семејството.
38.6
Политики за морални прашања
38.6.1
Абортус
Господ заповеда, „Не треба да … убиваш, или да правиш нешто слично“ (Учењата и Заветите 59:6). Црквата се противи на доброволни абортуси од лични или социјални причини. Членовите не смеат да се подложат, да извршуваат, да договараат, да плаќаат, да дадат согласност за или да поттикнуваат абортус. Единствените можни исклучоци се кога:
-
Бременоста е резултат на насилно силување или инцест.
-
Компетентен лекар одредува дали животот или здравјето на мајката е во сериозна опасност.
-
Надлежен лекар утврдува дали плодот има сериозни дефекти кои нема да му дозволат на бебето да преживее по раѓањето.
Дури и овие исклучоци не го оправдуваат автоматски абортусот. Абортусот е најсериозна работа. Треба да се разгледа само откако одговорните лица ќе добијат потврда преку молитва. Членовите може да се советуваат со своите епископи како дел од овој процес.
38.6.2
Злоупотреба
Злоупотребата е малтретирање или занемарување на другите на начин што предизвикува физичка, сексуална, емоционална или финансиска штета. Ставот на Црквата е дека злоупотребата не може да се толерира во било која форма. Оние кои ги малтретираат своите сопружници, децата, другите членови на нивното семејство или која било друга личност ги прекршуваат божјите и човечките закони.
Сите членови, особено родителите и водачите, се охрабруваат да бидат будни и решителни и да направат сѐ што можат за да ги заштитат децата и другите од злоупотреба. Кога членовите ќе станат свесни за случаи на злоупотреба, тие го пријавуваат тоа кај граѓанските власти и се советуваат со епископот. Црковните водачи треба сериозно да ги сфатат извештаите за злоупотреба и никогаш да не ги игнорираат.
Сите возрасни кои работат со деца или млади треба да ја завршат обуката за заштита на деца и млади во рок од еден месец од поддржувањето (види ProtectingChildren.ChurchofJesusChrist.org). Тие треба да ја повторат обуката секои три години.
Кога се случува злоупотреба, првата и непосредна одговорност на црковните водачи е да им помогнат на оние кои биле злоупотребувани и да ги заштитат ранливите лица од понатамошна злоупотреба. Водачите не треба да охрабруваат лице да остане во навредлив или небезбеден дом или ситуација.
38.6.2.1
Линија за помош при злоупотреба
Во некои држави, црквата воспостави доверлива линија за помош за да им помогне на претседателите на кол и епископите. Овие водачи треба веднаш да ја повикаат линијата за помош за секоја ситуација во која човек можеби бил злоупотребен—или се наоѓа под ризик да биде злоупотребен. Тие треба да се јават и ако дознаат дека некој член гледа, купува или дистрибуира детска порнографија.
Во држави што немаат линија за помош. епископот кој дознал за злоупотребата треба да го контактира неговиот претседател на кол. Претседателот на кол треба да побара водство од правниот советник за областа во обласната канцеларија.
38.6.2.1
Советување во Случаи на Злоупотреба
Жртвите на злупотреба често доживуваат сериозни трауми. Претседателите на кол и епископите одговараат со искрено сочувство и емпатија. Тие обезбедуваат духовно советување и поддршка за да им помогнат на жртвите да ги надминат разорните ефекти на злоупотребата.
Понекогаш жртвите имаат чувство на срам или вина. Жртвите не се виновни за грев. Водачите им помагаат нив и на нивните семејства да ја разберат Божјата љубов и исцелувањето што доаѓа преку Исус Христос и Неговото Помирување (види Алма 15:8; 3 Нефи 17:9).
Претседателите на кол и епископите треба да им помогнат на оние кои извршиле злоупотреба да се покаат и да престанат со нивното навредливо однесување. Ако возрасно лице извршило сексуален грев против дете, може да биде многу тешко да се промени однесувањето. Процесот на покајание може да биде многу долг. Види 38.6.2.3.
Освен што добиваат инспирирана помош од црковните водачи, на жртвите, престапниците и нивните семејства можеби ќе им треба професионално советување. За информации, види 31.3.6.
38.6.2.3
Злоупотреба на Дете или Младинец
Злоупотребата на дете или млад човек е особено сериозен грев (види Лука 17:2). Како што се користи овде, злоупотребата на дете или млад човек го вклучува следното:
-
Физичка злоупотреба: Нанесување тешка телесна повреда преку физичко насилство. Некои штети можеби не се видливи.
-
Сексуална злоупотреба или експлоатација: Вклученост во било каква сексуална активност со дете или младо лице или намерно дозволување или помагање други да се вклучат во таква активност. Како што е наведено тука, сексуалната злоупотреба не вклучува сексуална активност со согласност помеѓу двајца малолетници кои се блиски во возраста.
-
Емоционална злоупотреба: Користење на постапки и зборови за сериозно да му наштети на чувството на само-почит или самосвест кај детето или младото лице. Ова обично вклучува повторени и постојани напади, манипулации и критики што понижуваат и омаловажуваат. Може да вклучи и голема небрежност.
-
Детска порнографија: Види 38.6.6.
Ако епископ или претседател на кол дознае или се сомнева во злоупотреба на дете или млад човек, тој веднаш ги следи упатствата во 38.6.2.1. Исто така, презема чекори за да помогне во заштитата од понатамошна злоупотреба.
Потребно е свикување на советот на членови на Црквата и анотација на записот ако возрасен член злоупотреби дете или млад човек како што е опишано во овој дел. Види и 38.6.2.5.
Ако малолетник злоупотребува дете, претседателот на кол контактира со Канцеларијата на Првото Претседателство за инструкции.
38.6.2.4
Злоупотреба на Брачен Другар или Друг возрасен
Честопати не постои единствена дефиниција за злоупотреба што може да се примени во сите ситуации. Наместо тоа, постои спектар на сериозност во насилничкото однесување. Овој спектар се движи од повремена употреба на остри зборови до нанесување сериозна повреди.
Ако епископ или претседател на кол ќе дознае за злоупотреба на сопружник или друг возрасен, тој веднаш ги следи упатствата во 38.6.2.1. Исто така, презема чекори за да помогне во заштитата од понатамошна злоупотреба.
Водачите бараат насока од Духот за да одредат дали личното советување или свикување на советот на членови е најсоодветната средина за справување со злоупотреба. Тие може исто така да се советуваат со својот непосреден свештенски водач за опкружувањето. Меѓутоа, секоја злоупотрба на сопружник или друг возрасен човек што ги достигнува нивоата опишани подолу бара заседавање на совет на членство.
-
Физичка злоупотреба: Нанесување тешка телесна повреда преку физичко насилство. Некои штети можеби не се видливи.
-
Сексуална злоупотрба: Погледнете ги ситуациите опишани во 38.6.18.3.
-
Емоционална злоупотреба: Користење на постапки и зборови за сериозно да му наштети на чувството на само-почит или самосвест на човекот. Ова обично вклучува повторени и постојани напади, манипулации и критики што понижуваат и омаловажуваат.
-
Финансиска Злоупотреба: Финансиско искористување на некого. Ова може да вклучува незаконско или неовластено користење на човековиот имотот, пари или други вредни предмети. Може да вклучи и измама при стекнување на финансиска моќ над некого. Би можело да вклучи и употреба на финансиска моќ за присилување на однесувањето.
38.6.2.5
Црковни Повици, Храмски Препораки, и Анотации на Членски Запис
Членовите кои злоупотребувале други не треба да добиваат црковни повици и не можат да добијат храмска препорака сѐ додека не се покајат и не завршат ограничувањата за црковното членство.
Доколку некое лице сексуално злоставувало дете или млад човек или сериозно малтретирало дете или млад човек физички или емоционално, членскиот запис на ваквото лице ќе биде анотиран. Тој или таа не смее да добие никаков повик или задача што вклучува деца или млади. Ова вклучува да не им се додели задача за служење во семејство со млади или деца во домот. Ова исто така вклучува и немање млад човек како придружник во службата. Овие ограничувања ќе останат во сила освен ако Првото претседателство не одобри отстранување на прибелешката.
38.6.2.6
Совети на Кол и Оддел
За време на состаноците на советите на кол и на оддел, претседателствата на кол и на епископија редовно ги проверуваат црковните политики и насоки за спречување и реагирање на злоупотреба. Водачите и членовите на советот бараат водство од Духот додека предаваат и разговараат за оваа осетлива тема.
Членовите на совет мора исто така да ја завршат обуката за заштита на деца и млади (види 38.6.2).
38.6.2.7
Правни Прашања во врска со Злоупотреба
Ако навредливите активности на членот го прекршиле важечкиот закон, епископот или претседател на кол треба да го поттикнат членот да ги пријави овие активности до органите за спроведување на законот или други соодветни владини органи.
Црковните водачи и членовите мора да ги исполнат сите законски обврски да пријават злоупотреба до граѓанските власти.
38.6.4
Контрола на Раѓање
Привилегија на брачните двојки способни да раѓаат деца е да обезбедат смртни тела за духовните Божји чеда, кои потоа се одговорни да ги негуваат и одгледуваат (види 2.1.3). Одлуката за тоа колку деца да имаат и кога да се имаат е крајно лична и приватна работа. Таа треба да се остави помеѓу двојката и на Господ.
38.6.5
Чедност (целомудрие) и верност
Господовиот закон за чедност е:
-
Апстиненција од сексусални односи надвор од легален брак помеѓу маж и жена.
-
Верност во бракот.
Физичката интимност меѓу маж и жена е наменета да биде убава и света. Тоа е одредено од Бога за создавање на деца и како израз на љубов помеѓу маж и жена.
38.6.6
Детска Порнографија
Црквата ја осудува детската порнографија во било која форма. Ако епископ или претседател на кол дознае дека член е вклучен во детска порнографија, тој веднаш ги следи упатствата во 38.6.2.1.
38.6.8
Осакатување на Женските Гениталии
Црквата го осудува осакатувањето на женските гениталии.
38.6.10
Инцест
Црквата осудува било каква форма на инцест. Како што е употребено овде, инцест е сексуален однос помеѓу:
-
Родител и дете.
-
Баба или дедо и внуче.
-
Браќа и сестри.
-
Вујко или вујна и внука или внук.
Како што е употребено овде, дете, внуче, браќа и сестри, внука, и внук вклучуваат билошки, посвоени, очув, макеа, или згрижувачки односи.
Кога малолетник е жртва на инцест, епископот или претседател на кол ја повикува црковната линија за помош при злоупотреба во државите каде што е достапна (види 38.6.2.1). Во другите држави, претседателот на кол треба да побара водство од правниот советник на областа во обласната канцеларија. Тој исто така се охрабрува да се советува со персоналот на Семените Служби или менаџерот на службата за Благосостојба и Самостојност од обласната канцеларија.
Доколку некој член изврши инцест тогаш се бара свикување на црковниот совет на членови и анотација на неговиот запис. Инцестот речиси секогаш предизвикува отповикување на членство во Црквата на личноста што го извршила.
Доколку малолетник изврши инцест, претседателот на кол контактира со Канцеларијата на Првото Претседателство за насоки.
Жртвите на инцест често доживуваат сериозни трауми. Водачите одговараат со искрено сочувство и емпатија. Обезбедуваат духовна поддршка и советување за да им помогнат да ги надминат деструктивните ефекти на инцестот.
Понекогаш жртвите имаат чувство на срам или вина. Жртвите не се виновни за грев. Водачите им помагаат нив и на нивните семејства да ја разберат Божјата љубов и исцелувањето што доаѓа преку Исус Христос и Неговото Помирување (види Алма 15:8; 3 Нефи 17:9).
Освен што добиваат инспирирана помош од црковните водачи, на жртвите и нивните семејства можеби ќе им треба професионално советување. За информации, види 38.6.18.2.
38.6.12
Окултизмот
Окултизмот се фокусира на темнината и води кон измама. Ја уништува верата во Христос.
Окултизмот вклучува восхитување на Сатаната. Вклучува и мистични активности кои не се во склад со евангелието на Исус Христос. Ваквите активности вклучуваат (но не се ограничени на) претскажување на иднината, гатање, клетви, практики на исцелување што се имитации на свештенската моќ на Бога (види Морони 7:11–17).
Црковните членови не треба да се впуштаат во никакви форми на сатанско восхитување или да бидат вклучени во окултизмот на кој било начин. Тие не треба да се фокусираат на таква темнина во разговорите или на црковните состаноци.
38.6.13
Порнографија
Црквата ја осудува порнографија во било која форма. Употребата на порнографија од секаков вид им штети на животите на поединците, смејствата и општеството. Исто така, го тера Духот Господов. Црковните членови треба да ги избегнуваат сите форми на порнографски матерјал и да се спротивстават на неговото производство, дистрибуција и употреба.
Личното советување и неформалните ограничувања за членство обично се доволни за да му помогнат на лицето да се покае за користење порнографија. Советите на членство генерално не се свикуваат. Сепак, свикување на совет може да е потребно за интензивна и компулсивна употреба на порнографија што предизвикува значителна штета на бракот или семејството на членот (види 38.6.5). Потребно е свикување на совет на членство доколку некој член постојано создава, споделува, поседува или гледа порнографски слики на деца (види 38.6.6).
38.6.14
Предрасуди
Сите луѓе се Божји чеда. Сите се браќа и сестри кои се дел од Неговото божествено семејство (види „Семејството: проглас кон Светот“). Бог „од една крв го создаде сиот род човечки” (Дела 17:26). „Сите се исти“ за Него (2 Нефи 26:33). Секој човек е „ценет во неговите очи како и другиот“ (Јаков 2:21).
Предрасудите не се во согласност со откриеното Божјо слово. Наклонетост или Ненаклонетост на Бога зависи од посветеноста кон Него и Неговите заповеди, а не од бојата на кожа на човекот или од други особини.
Црковата упатува повик до сите луѓе да ги напуштат сите ставови и постапки на предрасуда кон која било група или поединец. Членовите на Црквата треба да бидат првите кои ќе промовираат почит кон сите Божји деца. Членовите ја следат заповедтта на Спасителот да ги сакаат другите (види Матеј 22:35–39). Тие се трудат да бидат луѓе со добра волја кон сите, отфрлајќи било какви предрасуди. Ова вклучува пристрасност врз основа на раса, етничка припадност, националност, племе, пол, возраст, попреченост, социо-економски статус, религијозно уверување или недостаток од него и сексуална орјентација.
38.6.15
Истополова Привлечност и Истополово Однесување
Црквата ги охрабрува семејствата и членовите да посегнат со чувствителност, љубов, и почит кон луѓето кои ги привлекуваат други луѓе од ист пол. Црквата, исто така, промовира разбирање во општеството најмногу поради тоа што тоа е одраз на нејзините учења за добрина, инклузивност, љубов кон другите и почит кон сите човечки суштества. Црквата не завзема став за причините за истополова привлечност.
Божјите заповеди забрануваат секакво нечисто сексуално однесување, било да е хетеросексуално или истополово. Црковните водачи ги советуваат членовите кои го прекршиле законот за чедност. Водачите им помагаат да имаат јасно разбирање за верата во Исус Христос и Неговото Помирување, процесот на покајание и целта на животот на земјата.
Доколку членовите кои чувствуваат исто-полова привлечност се трудат да живеат според законот за чедност, водачите ги поддржуваат и охрабруваат во нивната решителност. Овие членови можат да добијат повик во Црквата, да имаат храмски препораки и да добиваат храмски обреди доколку се достојни. Машките членови на Црквата може да примаат и да вршат свештенство.
Сите членови кои се држат до своите завети ќе ги добијат сите ветени благослови во вечноста без разлика дали нивните околности им дозволуваат да ги примат благословите за вечен брак и родителство во овој живот (види Мосија 2:41).
38.6.16
Исто-полови Бракови
Како доктринален принцип, заснован на светите писма, Црквата потврдува дека бракот меѓу маж и жена е суштински за планот на Создателот за вечната судбина на Неговите чеда. Црквата исто така потврдува дека Божиот закон го дефинира бракот како правен и законски сојуз помеѓу маж и жена.
38.6.17
Сексуално Образование
Родителите ја имаат осовната одговорност за сексуална едукација на своите деца. Родителите треба да имаат искрени, јасни и постојани разговори со своите деца за здрава, праведна сексуаност.
38.6.18
Сексуална Злоупотреба, Силување и Други Форми на Сексуален Напад
Црквата ја осудува сексуалната злоупотреба. Како што се користи овде, сексуалната злоупотреба се дефинира како наметнување на каква било несакана сексуална активност на друго лице. Сексуалната активност со некој што не дава или не може да даде законска согласност се смета за сексуална злоупотреба. Сексуалната злоупотреба може исто така да се случи со сопружник или во романтична врска. За информации за сексуална злоупотреба на дете или млад човек, види 38.6.2.3.
Сексуална злоупотреба опфаќа широк опсег на дејствија, од вознемирување до силување и други форми на сексуална злоупотреба. Ова може да се случи физички, вербално и на други начини. За водство за како да се советуваат членовите кои биле жртви на сексуална злоупотреба, силување или други форми на сексуален напад, види 38.6.18.2.
Ако членовите се сомневаат или станат свесни за сексуална злоупотреба, тие преземаат акција за да ги заштитат жртвите и другите што е можно поскоро. Ова вклучува известување до граѓанските власи и предупредување на епископот или претседателот на кол. Ако е злоупотребено дете, членовите треба да ги следат упатствата во 38.6.2.
38.6.18.2
Советување за Жртвите од Сексуална Злоупотреба, Силување и Други Форми на Сексуален Напад
Жртвите на сексуална злупотреба, силување, или други форми на сексуален напад често доживуваат тешки трауми. Кога ќе му се доверат на епископ или претседател на кол, тој одговара со искрено сочувство и емпатија. Обезбедува духовно советување и поддршка за помош на жртвите при надминување на деструктивните ефекти на насилството. Тој ја повикува и црковната линија за помош при злоупотреба во државите каде што е достапна.
Понекогаш жртвите имаат чувство на срам или вина. Жртвите не се виновни за грев. Водачите не ја обвинуваат жртвата. Им помагаат на жртвите и нивните семејства да ја разберат Божјата љубов и исцелувањето што доаѓа преку Исус Христос и Неговото Помирување (види Алма 15:8; 3 Нефи 17:9).
Иако членовите може да изберат да споделуваат информации за злоупотреба или напад, водачите не треба да се фокусираат премногу на деталите. Ова може да им наштети на жртвите.
Освен што добиваат инспирирана помош од црковните водачи, на жртвите и нивните семејства можеби ќе им треба професионално советување. За информации, види 31.3.6.
38.6.18.3
Совети на Членство
Може да биде потребно свикување на совет на членство за некој кој сексуално нападнал или злоупотребил некого. Потрено е свикување на совет на членство ако некој член извршил силување или е осуден за друга форма на сексуален напад.
38.6.20
Самоубиство
Смртниот живот е скапоцен дар од Бога —дар во кој треба да се ужива и да се заштити. Црквата силно ја поддржува превенција од самоубиства.
Повеќето луѓе кои размислувале за самоубиство сакаат ослободување од физичка, ментална, емоционална или духовна болка. На овие луѓе им треба љубов, помош и поддршка од семејството, црковните водачи и обучени професионалци.
Епископот обезбедува црковна поддршка ако некој член размислува за самоубиство или се обидел да го стори тоа. Исто така, веднаш му помага на членот да добие стручна помош.
И покрај најдобрите намери на најблиските, водачите и професионалците, самоубиството не секогаш може да се спречи. Зад себе остава длабока тага, емоционален пресврт, и неодговорени прашања за саканите и другите. Водачите треба да се советуваат и да го утешат семејството. Тие обезбедуваат насоки и поддршка.
Не во ред еден човек да си го одземе животот. Меѓутоа, само Бог може да ги процени мислите, постапките и нивото на одговорност на една личност (види 1 Самуил 16:7; Учењата и Заветите 137:9).
Оние кои изгубиле близок поради самоубиство можат да најдат надеж и исцеление во Исус Христос и Неговото Помирување.
38.6.23
Трансродови Поединци
Трансродови поединци се соочуваат со комплексни предизвици. Членовите и оние кои не се членови а се идентификуваат како трансродови, нивното семејство и пријателите, треба да се третираат со чувствителност, љубезност, сочувство и изобилство на љубов слична на Христовата. Сите се добредојдени да присуствуваат на сакраменталните средби, на другите неделни средби, и друштвени настани на Црквата (види 38.1.1).
Полот е клучна карактеристика на планот за среќа на Небесниот Отец. Предвиденото значење за пол во семејниот проглас е билолошки пол при раѓање. Некои луѓе искусуваат чувства на неусогласеност помеѓу нивниот биолошки пол и нивниот родов идентитет. Како резултат, тие може да се идентификуваат како трансродови. Црквата не завзема став за причините поради кои луѓето се идентификуваат како трансродиви.
Повеќето црковни учества и некои свештенички обреди се родово неутрални. Трансродовите лица може да бидат крштавани и потврдени како што е наведено во 38.2.8.10. Тие може исто така да земат дел од сакраментот и да примаат свештенски благослови. Меѓутоа, ракополагањето за свештенство и храмските обреди се примаат според билолошкиот пол при раѓање.
Црковните водачи не советуваат изборната медицинска или хируршка интервенција со цел да се обидат да се трансформираат кон спротивниот пол од биолошкиот пол на личноста при раѓањето („промена на полот“). Водачите советуваат дека преземањето на ваквите дејствија ќе биде причина за ограничување на црковното членство.
Водачите советуваат и против социјална транзиција. Социјалната транзиција вклучува менување на облека или дотерување или менување име или заменки, за да се прикаже себе си како различен од билошкиот пол при раѓањето. Водачите советуваат дека оние што прават социјална транзиција ќе доживеат одредени ограничувања на црковно членство за времетраењето на оваа транзиција.
Ограничувањата вклучуваат примање или практикување свештенство, примање или користење на храмската препорака, и примање на одредени црковни повици. Иако одредени привилегии за членување во Црквата се ограничени, учеството на ваквите членови во Црквата е добредојдено.
Ако член одлучи да го промени свеото претпочитано име или заменки при обраќањето, претпочитаното име може да биде нотирано во полето за претпочитано име на членскиот запис. Лицето може да се ословува според претпочитаното име во одделот.
Околностите многу варираат од единица до едница и личност до личност. Членовите и водачите се советуваат заедно и со Господ. Обласните Претседателства ќе им помогнат на локалните водачи чувствително да се справат со Индивидуалните ситуации. Епископите се советуваат со претседателот на кол. Претседателите на кол и на мисија мора да бараат совет од Обласното Претседателство (види 32.6.3).
38.7
Медицински и Здравствени Политики
38.7.2
Погреб и Кремирање
Семејствата на починатото лице одлучува дали телото на починатиот треба да биде погребано или кремирано. Тие ги почитуваат желбите на поединецот.
Во некои земји, законот бара кремирање. Во други случаи, погребувањето не е практично ниту достапно за семејството. Во сите случаи, телото треба да се третира со длабока почит. Членовите треба да се уверат дека силата на Воскресението важи секогаш (види Алма 11:42–45).
Каде што е возможно, телото на починатиот член кој е обдарен мора да биде облечено во церемонијална храмска облека кога се погребува или кремира (види 38.5.8).
38.7.3
Деца Кои Умиреле пред Раѓањето (Мртвородени и абортирани деца)
Родителите може да одлучат дали да одржат комеморација или погребна служба.
Храмските ореди не се потребни ниту се спроведуваат за деца кои починале пред раѓање. Ова не ја отфрла можноста овие деца да бидат дел од семејството во вечноста. Родителите се охрабруваат да веруваат во Гсопод и да бараат од Него утеха.
38.7.4
Евтаназија
Смртниот живот е скапоцен дар од Бога. Евтаназијата намерно го завршува животот на личност која боледува од неизлечива болест или друга состојба. Личноста која учествува во евтаназаијата, вклучително и помагање некому да умре со самоубиство, ги прекршува Божјите заповеди и може да ги прекрши локалните закони.
Прекинување или откажување од екстремни мерки за одржување на животот на лице на крај од животот не се смета за евтаназија (види 38.7.11).
38.7.5
ХИВ инфекцијата и СИДА
Членовите кои се инфицирани со ХИВ (human immunodeficiency virus) или кои имаат СИДА (acquired immunodeficiency syndrome) треба да се добредојдени на црковните средби и активности. Нивното присуство не претставува ризик по здравјтето на другите.
38.7.8
Медицинска и Здравствена Грижа
Барање на соодветна медицинска помош, практикување вера и примање на свештеничи благослови придонесуваат за исцелување, според Господовата волја.
Членовите не треба да користат или да промовираат медицински или здравствени практики што се етички, духовно или правно сомнителни. Оние кои имале здравствени проблеми треба да се консултираат со соодветни медицински професионалци кои се лиценцирани во областа во која работат.
38.7.9
Медицинска марихуана
Црквата се противи на користење на марихуана за не-медицински цели. Види 38.7.14.
38.7.11
Продолжување на Животот (Вклучувајќи Животна Поддршка)
Членовите не треба да се чувствуваат обврзани да го продолжат смртниот животот со екстремни средства. Овие одлуки најдобро е да ги донесе поединецот, ако е можно, или членовите на семејството. Тие треба да бараат соодветен медицински совет и божествено водство преку молитва.
38.7.13
Вакцинации
Вакцинациите спроведени од компетентни здравствени работници го штитат здравјето и зачувуваат животот. Членовите на Црквата се охрабруваат да се заштитат себе си, своите деца и својата заедица преку вакцинација.
На крај на краиштата, тие се одговорни за донесат сопствена одлука за вакцинација. Ако членовите имаат загриженост, треба да се советуваат со компетентни медицински професионалци и исто така да бараат водство од Светиот Дух
38.7.14
Словото на мудроста и Здрави Практики
Словото на мудроста е Божја заповед. Пророците појаснија дека учењата во Учењата и Заветите 89 вклучуваат воздржување од тутун, јаки пријалоци (алкохол), и топли пијалоци (чај и кафе).
Постојат и други штетни материи и практики кои не се наведени во Словото на мудроста или од црковните водачи. Членовите треба да покажат мудрост и молитвено да расудуваат при донесувањето на избори за да го промовираат своето физичко, духовно и емоционално здравје.
38.8
Административни Политики
38.8.1
Посвојување и Згрижување
Посвојувањето деца и нивното згрижување може да биде благослов за децата и семејствата. Преку посвојување, може да се создадат сакани и вечни семејства. Без разлика дали децата доаѓаат во семејство со посвојување или со раѓање, тие се подеднакво скапоцен благослов.
Членовите кои сакаат да посвојат или згрижуваат деца треба да ги почитуваат сите важечки закони на инволвираните земји и влади.
38.8.4
Автограми и фотографии од Генералните Власти, Генералните Службеници и Обласните Седумдесетмина
Црковните членови не треба да бараат автограми од Генералните Власти, генералните Службеници или Обласните Седумдесетмина. Тоа им штети на нивните свети повици и на духот на средбите. Тоа, исто така, може да ги одврати од поздравување со другите членови.
Членовите не треба да се фотографираат со Генералните Власти, Генералните Службеници или Обласните Седумдесетмина во капелите.
38.8.7
Црковни Списанија
Црковните списанија вклучуваат:
-
Списанието Friend за деца.
-
For the Strength of Youth за млади.
-
Списанието Liahona за возрасни.
Првото Претседателство ги охрабрува сите членови да ги читаат црковните списанија. Списанијата ќе им помогнат на членовите да го научат евангелието на Исус Христос, да ги проучуваат учењата за живите пророци, да се чувствуваат поврзани со глобалното црковно смемејство, да се соочат со предизвиците со вера, и да се приближат до Бога.
38.8.8
Црковно Име, Зборен Знак и Симбол
Црковното име, зборниот знак и симбол се клучните Црковни идентификатори.
Зборен знак и симбол. Црковниот зборен знак и симбол (види илустрацијата погоре) може да се користата само како што е одобрено од Првото Претседателство и Кворумот на Дванаесетте Апостоли. Тие не смее да се користат како украсни елементи. Ниту пак смеат да се користат за лични, комерцијални или промотивни цели.
38.8.10
Компјутери
Компјутерите и софтверот што се користат во црковните простории за средби ги обезбедува и одржува седиштето на Црквата или обласната канцеларија. Водачите и членовите ги користат овие ресурси за поддршка на црковните цели, вклучително и работата на семејна историја.
Целиот софтвер на овие компјутери мора да биде соодветно лиценциран за Црквата.
38.8.12
Настави Матерјали
Црквата обезбедува матерјали за да им помогне на членовите да го научат и живеат евангелието на Исус Христос. Ова вклучува свети писма, пораки од генералната конференција, списанија, прирачници, книги и други ресурси. Водачие ги советуваат членовите да ги користат светите писма и другите ресурси за проучување на евангелието дома.
38.8.14
Облекување и Изглед
Членовите на Црквата се охрабруваат да покажат почит кон телото при изборот на соодветна облека и изглед Она што е соодветно варира во различни култури и за различни прилики.
38.8.16
Прв Ден
Членовите може да постат во секое време. Меѓутоа, вообичаено го слават првиот ден Сабат во месецот како ден за пост.
Денот на постот обично вклучува молитва, останување без храна и вода за период од 24 часа (ако сте физички способни), и дарежлив посен прилог. Посен прилог е донација што ќе им помогне на оние кои имаат потреба од тоа (види 22.2.2).
Понекогаш средбите ширум Црквата или локалните средби се одржуваат на првиот ден Сабат од месецот. Кога ќе се случат, претседателството на кол одредува алтернатива за Сабат како ден за пост.
38.8.17
Коцкање и Лотарии
Црквата се противи и го обесхрабрува коцкањето во било која форма. Ова вклучува спортско обложување и лотарии спонзорирани од владата.
38.8.19
Имиграција
Членовите кои остануваат во своите татковини често имаат можност таму да ја градат и зајакнат Црквата. Меѓутоа, доселувањето во друга држава е личен избор.
Членовите кои се селат во друга држава треба да ги почитуваат сите постоечки закони (види Учењата и Заветите 58:21).
Мисионерите не треба да се нудат да спонзорираат нечија имиграција.
38.8.22
Законите на Земјата
Членовите треба да им се покоруваат, да ги почитуваат и поддржуваат законите во било која држава каде живеат или патуваат (види Учењата и Заветите 58:21–22; Поставки на Верата 1:12). Ова ги вклучува законите кои забрануваат преобраќање.
38.8.25
Комуникација на Членовите со Црковното Седиште
Не е препорачливо црковните членови да се јавуваат, да праќаат е-пораки или да пишуваат писма до Генералните Власти за прашања во врска со доктрината, личните предизвици или барања. Членовите се охрабруваат да контактираат со нивните локални водачи, вклучувајќи го и нивниот Претседател на Здружението за Помош или на кворумот на старешини, кога бараат духовно водство (види 31.3).
38.8.27
Членови со Посебни Потреби
Водачите и членовите се охрабруваат да ги задоволат потребите на сите што живеат во нивната единица. Членовите со попреченост се ценети и можат да придонесат на осмислени начини. Попреченостите може да бидат интелектуални, социјални, емоционални или физички.
38.8.29
Други Вери
Многу работи кои се инспиративни, благородни и достојни за најголема почит се наоѓаат во многу други религии. Мисионерите и другите членови мора да бидат осетливи и да ги почитуваат верувањата и традициите на другите.
38.8.30
Политичка и Граѓанска Активност
Црковните членови се охрабруваат за учество во политички и владини работи. Во многу земји, ова вклучува:
-
Гласање
-
Приклучување или служење во политички партии.
-
Обезбедување финансиска поддршка.
-
Комуникација со партиски претставници и кандидати.
-
Служење во избрани или именувани канцеларии во локалнта или националната власт.
Членовите, исто така, се охрабруваат за учество во достојни причини со цел да се направат нивните заедници здрави места за живот и подигање семејства.
Локалните црковни водачи не треба да ги организираат членовите ниту да учествуваат во политички работи. Тие не треба да се обидуваат да влијаат на тоа како членовите учествуваат.
Водачите и членовите, исто така, треба да избегнуваат изјави или однесување што може да се толкуваат како црковно одобрување на било која политичка партија, платформа, полтика или кандидат.
38.8.31
Приватноста на Членовите
Црковните водачи се обврзани да ја штитат приватноста на членовите. Црковните записи, папки или слични матерјали не смее да се користат за лични, комерцијални или политички цели.
38.8.35
Бегалци
Како дел од нивната одговорност за грижа за оние кои имаат потреба од тоа (види Мосија 4:26), членовите на Црквата доброволно го нудат своето време, таленти и пријателство за да ги пречекаат бегалците како членови на нивните заедници.
38.8.36
Барања за Црковна Финансиска Помош
Членовите кои имаат потреба се охрабруваат да разговараат со својот епископ наместо да стапат во контакт со Црковното седиште или да бараат пари од други црковни водачи или членови.