Наставни Памфлети
Листа на Поими


Листа на Поими:

Cлобода на избор Дарот од Бога да се избира помеѓу доброто и злото, помеѓу правилно и погрешно.

БлагодатБожествена помош и сила дадени преку милоста и љубовта на Исус Христос. Преку Оваа благодат, овозможена преку Неговото Помирување, целото човештво ќе биде воскреснато. Преку Неговата благодат, оние кои постојано се покајуваат и живеат според Неговото евангелие ќе почувствуваат долготрајна блискост до Небесниот Отец во овој живот и ќе живеат во Негово присуство после овој живот.

ВоскреснувањеПосле физичката смрт, повторното соединување на духот со совршеното физички тело од месо и коски. Исус беше првиот што воскресна. После воскреснувањето, духот и телото никогаш повеќе нема да бидат одвоени, и личноста живее заскогаш. Сите што живееле ќе бидат воскреснати поради Помирувањето.

ДухДелот од личноста кој живеел со Небесниот Отец пред раѓање. За време на животот на земјата, духот е споен со физичко тело. Духот продолжува да живее после смрт.

Духовен светТаму каде што нашите духови одат помеѓу смрт и воскреснување. За оние кои беа праведни за време на нивните животи, духовен свет ќе биде место на мир и радост.

Духовна смртОдвојување од Бог како резултат на непослушност пред Неговите заповеди. Ние сме спасени од духовна смрт преку Помирувањето нс Исус Христос додека се покајуваме и ги одржуваме Нивните заповеди.

ОбредСвет, формален чин изведен со власта на светштенството. Примерите вклучуваат крштавање, примање на Светиот Дух, и сакраментот. Обредите се често начин за влегување во завети со Бог.

ПадотНастанот преку кој човештвото стана смртно. Резултираше со духовно и физичко одвојување од Бог. Поради тоа што Адам и Ева, првите луѓе, не ги послушаа заповедите на Бог, беа одвоени од Неговото присуство (ова одвојување исто се нарекува духовна смрт) и станаа смртни ( подложени на физичка смрт). Како потомци на Адам и Ева, ние исто сме одвоени од Бог и подложени на физичка смрт. Помирувањето на Исус Христос ги надминува и физичката и духовната смрт.

План за спасениеПланот на Небесниот Отец кој ни овозможува да станеме како Него и да добиеме целина на радост. Овој план е центриран на Помирувањето на Исус Христос и ги вклучува сите заповеди, обреди, и учења на евангелието.

ПомирувањеНастанот кој ни овозможува да бидеме помирени со Бог. Да се помири е да се страда од казната за грев, така што се отстрануваат ефектите на грев од покајничките грешници. Исус Христос беше единствениот способен да направи едно совршено Помирување за целото човештво. Неговото Помирување ги вклучуваше Неговото страдање за нашите гревови, пролевањето на Неговата крв, и Неговата смрт и Воскреснување. Поради Помирувањето сите што живееле ќе бидат воскреснати. Помирувањето исто така ни овозможува начин да ни биде простено за гревовите и да живееме засекогаш со Бог.

Предземен животНашиот живот пред да бидеме родени на земјата. Во нашиот предземен живот, живеевме во присуство на нашиот Небесен Отец како Негови деца духови. Немавме физички тела.

СпасениеИзбавување од грев и смрт. Спасение е овозможено co Помирувањето на Исус Христос. Преку воскреснување на Исус Христос, сите ќе ги надминат ефектите од смртта. Ние исто така можеме да бидеме спасени од ефектите на грев преку вера во Исус Христос. Оваа вера се манифестира во живот со послушност и покорување пред законите и обредите на евангелието и служба за Христос.

Физичка смртОдвојувањето од духот од смртното тело. Кога физичкото тело ќе умре, духот продолжува да живее во светот на духови. Ја надминуваме физичката смрт преку воскреснувањето, кое беше овозможено преку Помирувањето на Исус Христос.