Наставни Памфлети
Каде Ќе Одам После Овој живот?


Каде Ќе Одам После Овој живот?

Од земна перспектива, физичката смрт може да изгледа како крај, но навистина тоа е почеток, еден чекор понапред во планот на Небесениот Отец. При смрт, вашиот дух ќе го напушти вашето тело и ќе оди во светот на духови, кое е место за учење и подготовка. Во светот на духови, вашите сеќавања од овој живот ќе останат со вас.

Смртта нема да ја промени вашата личност ниту вашата желба за добро или зло. Ако одберете да го следите Христос за време на вашиот живот на земјата, ќе имате мир во светот на духови и ќе одмарате од вашите грижи. Оние кои одбираат да не го следат Исус Христос и не се покајат ќе бидат несреќни.

Небесниот Отец знаеше дека многу од Неговите деца никогаш нема да имаат можност да научат за Исус Христос за време на нивните животи и дека други ќе одберат да не го следат Поради тоа, што ги љуби Неговите деца, Бог обезбеди начин на тие што се во светот на духови да научат за Неговиот план, да имаат вера во Исус Христос, и да се покајат. Оние што го прифаќаат и го следат Исус Христос, ќе имаат мир и одмор.

Христос и Марија на гробот

Воскреснување и Судење

Еден од големите дарови на Бог за сите кои доаѓаат на земјата е воскреснувањето, кое е овозможено преку Помирувањето на Исус Христос. Кога Исус умре на крстот, Неговиот дух замина во светот на духови. Три дена подоцна, Неговиот дух беше повторно соединет со Неговото прославено, совршено тело кое повеќе не можеше да умре. Ова повторно соединување на тело и дух се нарекува воскреснување. Сите што се родени на земјата ќе бидат воскреснати.

Откако сте воскреснати, ќе одите пред Бог да бидете судени според вашите дела и желби на вашето срце.

Степени на Слава

Откако ќе бидете судени, ќе живеете во состојба на слава. Поради тоа што делата и желбите на сите варираат, небесата вклучува различни царства, односно степени на слава.

Селестијално царство. Небесниот Отец и Исус Христос живеат во селестијалното царство. Ако живеете според евангелието на Исус Христос и сте исчистени од грев преку Помирувањето, ќе добиете место во ова, највисоко царство. Ќе живеете во присуството на Бог и ќе познавате комплетна радост.

Терестријално царство. Луѓе кои одбиваат да го прифатат евангелието на Исус Христос но кои живеат чесни животи ќе добијат место во терестријалното царство.

Телестијално царство. Оние кои продолжуваат со нивните гревови и не се покајуваат ќе добијат место во телестијалното царство.

plan of salvation diagram

Помирувањето на Исус Христос го овозможува спасението.

Предземен живот

Создавање и Пад

Земен Живот

Вера во Исус Христос

Покајание

Крштавање

Дар на Светиот Дух

Издржување до крај

Физичка смрт

Свет на Духови

Воскреснување и Судење

Телестијално

Терестријално

Селестијално