Која Е Мојата Цел Во животот?
Создавањето и Падот
Земјата беше создадена како место за децата на Небесниот Отец да живеат и да стекнат искуство. Адам и Ева беа првите деца на Бог што дојдоа на земјата. Тие живееја на место кое се нарекува Едемската Градина, каде сè уште беа во присуство на Бог.
Нашиот Небесен Отец им даде на Адам и Ева слободен избор, односно слобода да одбираат. Им заповеда да нe јадат од овошјето од дрвото за познавање на доброто и злото. Покорувањето пред оваа заповед значеше дека тие би можеле да останат во градината, но тие не можеле да напредуваат со учење од искуства и предизвици. Сатаната ги искуши Адам и Ева да го јадат забранетото овошје, и тие одбраа да го сторат тоа. Ова беше дел од планот на Бог. Поради нивната одлука, беа одвоени од присуството на Бог физички и духовно. Станаа смртни, односно, подложени на грев и смрт. Не можеа да се вратат кај Него без Негова помош. Нивното физичко и духовно одвојување од Бог се нарекува Падот.
„Aко Адам не беше престапил не ќе паднеше, туку ќе останеше во Едемската градина. …
„И [Адам и Ева] ќе немаа деца; затоа ќе останеа во состојба на невиност, немајќи радост, зашто не знаеја беда; не правејќи добро, зашто не знаеја грев.
„Но ете, сите нешта биле направено во мудроста на оној кој ги знае сите нешта.
„Адам падна за да можат луѓе да постојат; а луѓе постојат, за да можат да имаат радост.“
Нашиот Небесен Отец испрати ангели и Светиот Дух да ги поучуваат Адам и Ева за планот за спасение. Централно за овој план е Помирувањето на Исус Христос, кое им овозможува на децата на Бог да ги надминат ефектите од Падот и да имаат радост во овој живот и во вечноста.
Вашиот Живот на Земјата
Поради Падот, вие сте одвоени од Бог физички и духовно. Ова одвојување е дел од планот на Бог за Неговите деца. Вашата цел при напуштањето на Неговото присуството за да дојдете на земјата вклучува добивање на тело, стекнување искуство и учење да се прават правилните избори.
Многу аспекти од животот носат среќа, а некои носат тага. Овие искуства ви помагаат да разликувате помеѓу добро и зло и да ги правите точните избори. Бог ви влијае да правите добро и да го следите, додека Сатаната ве искушува да го игнорирате Бог и да извршите грев. (Грев е свесно одбирање да се постапи погрешно односно да не се постапи правилно.) Кога одбирате да го следите Бог и да ги одржувате Неговите заповеди, вие растете во мудрост и сила на карактер. Можете да искусите радост дури и во времиња на испит, и можете да се соочите со животните предизвици со дух на мир.
Вие сте направиле многу добро избори во вашиот живот, но исто така сте направиле некои погрешни избори. Кога правите погрешни избори и вршите грев, се одвојувате себеси во одреден степен од Бог. Светите писма го нарекуваат ова одвојување духовна смрт. Како дополнително на вашето одвојување од Господ, гревот исто така предизвикува вина и срам. Не можете да го надминете гревот и неговите ефекти вие самите.
Помирувањето на Исус Христос
Поради тоа што Небесениот Отец ве љуби, Тој го испрати Неговиот Син, Исус Христос, да плати за вашите гревови. Оваa наплата е дел од помирувањето на Исус Христос. Христос доброволно страдаше за вашите гревови, болки, болести и тага. Преку Неговата благодат и милост, Тој може да ви помогне во вашите испити и да ве ослободи од вината и срамот кои резултираат од вашите гревови.
Плаќајќи за вашите гревови, Исус не го елиминираше вашиот слободен избор односно лична одговорност—Тој нема да ве направи чисти против ваша волја. Да ги добиете Неговата помош и сила, треба да практикувате вера во Него, да се покаете, да бидете крстени, да го примите Светиот Дух, и да одберете да ги следите Неговите учења до крајот на вашиот живот. Додека се потпирате на Помирувањето, ќе ја почувствувате љубовта на Бог, и Тој ќе ви помогне да ги издржите вашите предизвици Ќе искусите радост, мир и утеха. Се што изгледа неправедно во животот може да биде исправено преку Помирувањето на Исус Христос и милоста и љубовта на Небесниот Отец. Помирувањето е централна точка во планот за спасение.