Свети Писма
Авраам 3


Глава 3

Авраам учи за сонцето, месечината, и ѕвездите преку начинот на Урим и Тумим—Господ му открива нему за вечната природа на духовите—Тој учи за предземниот живот, предодредување, Создавањето, одбирањето на Искупител, и втората состојба на човекот.

1 И јас, Авраам, ги имав Урим и Тумим, кои Господ мојот Бог беше ми ги дал, во Ур на Халдеја;

2 И јас ги видов ѕвездите, дека беа многу големи, и дека една од нив беше најблиску до тронот на Бог; и имаше многу големи кои беа близу при него.

3 И Господ ми кажа на мене: Овие се главните; и името на големата е Колеб, зашто е близу до Мене, зашто Јас сум Господ твојот Бог: Јас ја поставив оваа да владее со сите тие кои припаѓаат на истиот ред како тој врз која стоиш.

4 И Господ ми кажа на мене, преку Уримот и Тумимот, дека Колеб беше според начинот на Господ, според нејзините времиња и сезони настанати по нејзините вртења; дека еден нејзин круг беше еден ден кај Господ, според Неговиот начин на пресметување, а тоа се илјада години според времето одредено на таа на која стоиш. Ова е пресметувањето на Божјото време, според пресметувањето на Колеб.

5 И Господ ми кажа на мене: Планетата која е со помала светлина, помала од таа која ќе владее со денот, дури и со ноќта, е над односно поголема од таа на која стоиш во поглед на пресметување, зашто се движи на побавен начин; ова е во еден ред бидејќи стои над земјата врз која ти стоиш, затоа според пресметувањето на нејзиното време нема толку денови, месеци, и години.

6 И Господ ми кажа на мене: Еве, Авраам, овие два факти постојат, ете твоите очи може да го видат; дадено ти е на тебе да знаеш за времето на пресметување, и одреденото време, да, одреденото време на земјата врз која стоиш, и одреденото време на поголемата светлина која е поставена да владее со денот, и одреденото време на помалата светлина која е поставена да вледее со ноќта.

7 Еве поставеното време на помалата светлина е подолго време во однос на нејзиното сметање отколку сметањето на времето на земјата врз која стоиш.

8 И штом постојат овие два факти, ќе постои уште еден факт над нив, а тоа е, ќе постои уште една планета чии пресметување на времето ќе биде сепак подолго.

9 И така ќе се одвива пресметувањето на времето на една планета врз друга, додека ти не дојдеш близу до Колеб, а Колеб е според пресметувањето на времето на Господ; кој Колеб е поставен близу до тронот на Бог, да ги владее сите тие планети кои припаѓаат на истиот ред како таа врз која стоиш.

10 И тебе ти е дадено да го знаеш поставеното време на сите ѕвезди кои се поставени да светат, додека не дојдеш близу до тронот на Бог.

11 Така јас, Авраам, зборував со Господ, лице во лице, како што еден човек зборува со друг; и Тој ми кажа за делата кои Неговите раце беа ги создале;

12 И Тој ми кажа на мене синко Мој, синко Мој (и Неговата рака беше испружена), ете Јас ќе ти ги покажам сите овие. И Тој ја стави Неговата рака врз моите очи, и јас ги видов тие нешта кои Неговите раце беа ги создале, кои беа многу; и тие се умножуваа пред моите очи, и не можев да им го видам крајот.

13 И Тој ми рече: Ова е Шинеха, а тоа е сонцето. И тој ми рече: Кокоб, а тоа е ѕвезда. И тој ми рече: Олеа, а тоа е месечината. И Тој ми рече: Кокаубим, што означува ѕвезди, односно сите големи светла, кои беа на небесниот свод.

14 И беше навечер кога Господ ги проговори овие зборови на мене: Јас ќе те умножам тебе, и твоето семе после тебе, како овие; и ако ти не можеш да ги изброиш песоците, толкав ќе биде бројот на твоето потомство.

15 И Господ ми кажа на мене: Авраам, Јас ти ги покажувам овие нешта на тебе пред да одиш во Египет, да можеш да ги објавиш овие зборови.

16 Ако две нешта постојат, и едното е над другото, ќе постојат поголеми нешта врз нив, затоа Колеб е најголемата од сите Кокаубим што ти си ги видел, зашто е најблиску до мене.

17 Сега, ако постојат две нешта, едно над друго, и месечината е над земјата, тогаш може една планета односно ѕвезда да постои над неа; и не постои ништо што Господ твојот Бог ќе одлучи во неговото срце да стори а да не го стори тоа.

18 И покрај тоа што ја создаде најголемата ѕвезда; така, исто, ако постојат двајца духови, и еден е поинтелигентен од другиот, сепак овие два духови, без оглед што едниот е поинтелигентен од другиот, немаат почеток; тие постоеја претходно, тие немаат крај, тие ќе постојат после тоа, зашто тие се нолум, односно вечни.

19 И Господ ми кажа на мене: Овие два факти постојат бидејќи има два духа, едниот кој е поинтелигентен од другиот; и ќе има уште еден поинтелигентен од нив; Јас сум Господ твојот Бог, Јас сум поинтелигентен отколку нив.

20 Господ твојот Бог го прати неговиот ангел да те избави тебе од рацете на свештеникот од Елкенан.

21 Јас живеам во присуство на сите нив; Јас сега, затоа, дојдов кај вас да објавам за делата кои моите раце ги создале, каде што Мојата мудрост ги надминува сите нив, зашто Јас владеам со небесата горе, и под земјата, со сета мудрост и разумност, врз сите знаења твоите очи виделе од почетокот; Јас се симнав на почетокот на среде сите знаења кои си ги видел.

22 Сега Господ беше ми ги покажал на мене, Авраам, знаењата кои беа организирани пред да се појави светот; и помеѓу сите тие кои беа многу од благородните и големите;

23 И Бог ги виде овие души дека беа добри, и Тој стоеше на среде нив, и Тој кажа: Јас ќе ги направам овие да бидат Мои владетели; зашто Тој стоеше помеѓу нив кои беа духови, и виде дека тие беа добри; и Тој ми кажа на мене: Авраам, ти си еден од нив; ти беше одбран пред да бидеш роден.

24 И таму стоеше еден помеѓу нив кој беше како Бог, и Тој кажа при нив кои беа со нив: Ние ќе се спуштиме, зашто сеуште има простор таму, и ќе земеме од овие материјали, ние ќе создадеме една земја на која може да живеат;

25 И Ние ќе им докажеме на нив одовде, да се погрижат да ги прават сите нешта кои Господ нивниот Бог ќе и ги заповеда;

26 И тие кои ја одржуваат нивната прва состојба ќе биде додадени; а тие кои не ја одржуваат нивната прва состојба нема да имаат слава во истото царство со оние кои ќе ја одржуваат нивната прва состојба; а тие кои ја одржуваат нивната втора состојба ќе имаат слава додадена врз нивните глави секогаш и засекогаш.

27 И Господ му кажа: Кого да испратам? И еден одговори како Синот Човечки: Еве сум Јас, испрати ме мене. И друг одговори и кажа: Еве сум јас, испрати ме. И Господ му кажа: Ќе го испратам првиот.

28 И вториот беше лут, и не ја одржа неговата прва состојба; и, на тој ден, многу го следеа него.