Свети Писма
Копија 2


Копија од Книгата на Авраам

Бр. 2

Копија 2

Објаснување

Приказ 1. Колеб, означувајќи го првото создание, најблиску до селестијалното, односно до Бог. Прво по владеење, последно по сметање на времето. Сметањето на време според селестијално време, кое селестијално време означува еден ден лакат. Еден ден на Колеб е еднакво на илјада години според сметањето на оваа земја, кое е наречено од Египѓаните Јах-ох-ех.

Приказ 2. Стои до Колеб наречен до Египетските Олиблиш, кој е следно големо владеечко создание близу до селестијаното односно местото каде што Бог престојува; имајќи ги клучевите на моќ исто, што се однесува до други планети; како што е откриено од Господ за Авраам, додека тој принесуваше жртва врз алтарот, кој тој го изгради при Господ.

Приказ 3. Направено е да ги претставува Бог, седејќи врз тронот, облечен со моќ и власт; со една круна на вечна светлина врз неговата глава; претставувајќи ги големите Клучни зборови на Светото Свештенство, како што е откриено на Адам во Едемската Градина, исто како и на Сет, Ное, Мелхиседек, Авраам, и на сите на кои свештенството им беше откриено.

Приказ 4. Одговори на Еврејскиот збор Раукијанг, означувајќи проширување, односно небесниот свод; исто една нумеричка фигура, на Египетски означувајќи една илјада; одговарајќи на сметањето на времето од Олибиш, кое е еднакво на Колеб во неговото вртење и сметање на времето.

Приказ 5. Се нарекува на Египетски Ениш-го-он-дош; ова е една од владеечките планети исто, и се вели од Египќаните дека е Сонцето, и да ја позајми нејзнината светлина од Колеб преку медиум на Кај-е-варнаш, што е големиот Клуч, односно, со други зборови, владеечка моќ, која владее врз петнаесет други насочени планети односно ѕвезди, а исто и Флуес, односно месечина, Земјата и Сонцето во нивните годишни вртења. Оваа планета прима моќ преку медиум на Кли-флос-ис-ес, односно Хах-ко-кау-бим, ѕвездите се претставени со бројките 22 и 23, примајќи светлина од вртењата на Колеб.

Приказ 6. Претставувајќи ја оваа земја на четирите страни.

Приказ 7. Претставува Бог како седи врз неговиот трон, откривајќи преку небесата големите Клучни Зборови, на Свештенството; и, исто, знакот на Светиот Дух при Авраам, во форма на гулаб.

Приказ 8. Содржи пишувања кои не може да бидат откриени при светот; туку да се прочитаат во Светиот Храм на Бог.

Приказ 9. Не треба да биде откриено во денешно време.

Приказ 10. Исто.

Приказ 11. Исто. Ако светот може да принајде овие бројки, нека биде така. Амин.

Прикази 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20 и 21 ќе бидат дадени во свое време на Господ.

Горенаведениот превод е даден онолку колку што има право да се биде во дадено време.