Свети Писма
Авраам 5


Глава 5

Боговите ги комплетираа Нивното планирање за создавање на сите нешта—Тие го остварија Создавањето според Нивните планови—Адам го именува секое живо битие.

1 И така ние ќе ги комлетираме небесата и земјата, и сите нивни војски.

2 И Боговите кажаа помеѓу себеси: На седмиот ден ќе завршиме со работа, која сме ја советувале; и ќе се одмориме на седмиот ден од сите наши работи кои сме ги советувале.

3 И Боговите го заклучија тоа седмиот пат, дека седмиот пат ќе одмараат од сите нивни дела кои тие (Боговите) се советувале себеси да ги основаат; и да го осветат тоа. И така беа нивните одлуки на времето кога се советуваа помеѓу себеси да ги создадат небесата и земјата.

4 И Боговите се спуштија долу и ги формираа сите овие поколенија од небесата и од земјата, кога беа формирани на денот кога Боговите ја создадоа земјата и небесата,

5 Според сето тоа што тие беа го кажале во врска со секое растение на полето пред да биде на земјата, и секоја билка од полето пред да порасне; зашто Боговите не направија да врне врз земјата кога ги советуваа нив, и не беа го создале човекот да ја обработува земјата.

6 Но се крена магла од земјата, и го навлажни сето лице на земјата.

7 И Боговите создадоа човек од правта на земјата, и го земаа неговиот дух (односно, човечкиот дух), и го ставија него; и вдишаа во неговите ноздри здив на животот, и човекот стана жива душа.

8 И Боговите насадија една градина на исток, во Едем, и таму го населија човекот чиј дух го ставија телото кое му се формираа.

9 И од земјата Боговите ги создадоа секое дрво кое е пријатно за глетка и добро за јадење; дрвото на животот, исто на среде градината, и исто дрвото за познавање на доброто и злото.

10 Постоеше една река која течеше од Еден, да ја наводнува градината, и од таму беше разделена и стана четири изливи.

11 И Боговите го одведоа човекот, и го населив во Едемската Градина, да ја обработува и чува.

12 И Боговите му заповедаа на човекот, велејќи: Од секое дрво во градината можеш слободно да јадеш,

13 Но од дрвото за познавање на доброто и злото, не смееш да јадеш; зашто тогаш кога ти ќе го вкусиш ти сигурно ќе умреш. Сега јас, Авраам, видов дека беше според Господовото време, кое беше според времето на Колеб; зашто допрва Боговите не беа назначиле при Адам негова пресметка.

14 И Боговите кажаа: Да направиме еден помошник соодветен за човекот, зашто не е добро човекот да биде сам, затоа ќе создадеме една помошничка соодветна за него.

15 И Боговите направија Адам да падне во длабок сон; и тој заспа, и тие земаа едно од неговите ребра и местото го пополнија со месо;

16 И од реброто кое Боговите беа го земале од човекот, Тие ја создадоа жената, и ја доведоа при човекот.

17 И Адам кажа: Ова е коска од моите коски, и плот од мојата плот; таа ќе биде наречена Жена, зашто таа беше земена од маж;

18 Затоа човек ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи при неговата жена, и тие ќе бидат едно тело.

19 И двајцата беа голи, мажот и неговата жена, и не се срамеа.

20 И од земјата Боговите го создадоа секој полски ѕвер, и секоја птица на небесата, и ги доведоа при Адам да види како ќе ги запознаат; и како Адам и да го нарече секое живо битие, тоа ќе биде неговото име.

21 И Адам им даде имиња на сиот добиток, и на птиците во воздухот, и на секој полски ѕвер; и за Адам имаше помошник соодветен на него.