Копија од Книгата на Авраам Бр. 3 Објаснување Приказ 1. Авраам седи врз тронот на Фараонот, со љубезноста на царот, со круна врз неговата глава, претставувајќи го Свештенството, како симболично за големото Претседателство на Небесата; со скиптар на правдата и пресуда на неговата рака. Приказ 2. Царот Фараон, чие име беше дадено во буквите над неговата глава. Приказ 3. Означува Авраам во Египет како што е дадено во Фигура 10 од Копија Бр. 1. Приказ 4. Принцот на Фараонот, царот на Египет, како што е напишано над раката. Приказ 5. Шулем, еден од царските главни келнери, како што е претставено преку знаците врз неговата глава. Приказ 6. Олимлах, еден роб поврзан со принцот. Авраам расудува врз принципите на Астрономијата, во дворецот на царот.