Прирачници и Повици
4. Раководство и Совети во Црквата на Исус Христос


„4. Раководство и Совети во Црквата на Исус Христос,“ Извадоци од Општиот Прирачник (2023).

„4. Раководство и Совети во Црквата на Исус Христос,“ Извадоци од Општиот Прирачник

состанок на советот на оддел

4.

Раководство и Совети во Црквата на Исус Христос

4.0

Вовед

Како водач на Црквата, вие сте повикани по инспирација од Господовите овластени слуги. Ја имате привилегијата да помагате во делото на Небесниот Отец „да [се] донесе бесмртноста и вечниот живот на човекот“ (Мојсеј 1:39).

4.2

Принципи на Раководење во Црквата

Во текот на Неговата земна служба, Спасителот постави пример за раководење за Неговата Црква. Неговата главна цел беше да ја изврши волјата на Неговиот Небесен Отец и да им помогне на другите да го разберат и да го живеат Неговото евангелие (види Јован 5:30; Мосија 15:7).

Барајте Господовото водство да ви помогне да ги научите и исполните должностите за вашиот повик.

4.2.1

Подгответе се Духовно

Исус се подготвувал духовно за Неговата земна мисија (види Лука 4:1–2). Слично на тоа, подгответе се и вие духовно со тоа што ќе се приближите до Небесниот Отец преку молитва, проучување на светото писмо и покорување кон Неговите заповеди.

Барајте откровение со цел да ги разберете потребите на оние кои ги водите и како да го исполните делото за кое Бог ве повикал.

Господ исто така ветил дека ќе им даде духовни дарови на оние кои ги бараат (види Учењата и Заветите 46:8).

4.2.2

Служете им на сите Божји чеда

Сакајте ги луѓето на кои им служите како што го правел тоа Исус. Молете се „со сета енергија на срцето“ да бидете исполнети со Неговата љубов (Морони 7:48).

Помогнете им на поединци да го продлабочат своето преобраќање и да ја зајакнат својата вера во Небесниот Отец и Исус Христос. Помогнете им да се подготват да склучуваат завети кога ќе го добијат својот следен обред. Охрабрете ги да се држат до склучените завети и да учествуваат во благословите на покајанието.

4.2.3

Научете го Евангелието на Исус Христос

Сите водачи се учители. Настојувајте да го следите примерот на Спасителот како учител (види поглавје 17; Поучување на Начинот на Спасителот). Преку вашите зборови и дела, поучувајте за доктрината на Исус Христос и начелата на Неговото евангелие (види 3 Нефи 11:32–33; Учењата и Заветите 42:12–14).

Учете од светото писмо и зборовите на пророците од подоцнежните дни (види Учењата и Заветите 52:9).

Ако сте повикани или назначени да претседавате со некоја црковна средба или активност, погрижете се учењето да е воспитно и доктринарно точно (види Учењата и Заветите 50:21–23).

4.2.4

Претседавајте во праведност

Секој претседавач служи под водство на лице кое е носител на свештенички клучеви (види 3.4.1). Оваа стуктура обезбедува ред и јасни линии на одговорност и отчетност во вршење на Господовото дело.

Претседавачот може да делегира привремено претседавање на друго лице.

Водачот кој претседава со некоја црковна организација, средба, или активност, се грижи за тоа да бидат остварени целите на Господ. Притоа, водачот ги следи евангелските начела, црковните политики и водството на Светиот Дух.

Повикот или задачата да претседава не ја прави личноста која ја прима поважна или поценета од другите (види Учењата и Заветите 84:109–10).

Не е соодветно претседателот да се стреми да претседава во било која организација во Господовата Црква (види Учењата и Заветите 121:34–37).

4.2.5

Делегирајте одговорност и Обезбедете Отчетност

Спасителот им доверил на своите ученици осмислени задачи и одговорности (види Лука 10:1). Тој исто така, им дал можност да дадат отчет за сработеното за кое биле повикани да го извршат (види Лука 9:10).

Како водач, можете да им помогнете на другите да растат со делегирање задачи на нив. Потрудете се да ги вклучите сите членови во извршување на Божјото дело.

Делегирањето ќе ја направи вашата служба поделотворна. Барајте водство од Духот за тоа што да делегирате за да можете да се фокусирате на вашите највисоки приоритети.

4.2.6

Подгответе ги Другите да Бидат Водачи и Учители

Додека размислувате кој би можел да служи во црковните повици или задачи, молете се. Запомнете дека Господ ќе ги квалификува оние што ги повикува. Што е најважно, тие се спремни да служат, понизно да бараат помош од Господа и да се трудат да бидат достојни.

4.2.7

Планирајте Средби, Лекции и Актиности со јасна Цел

Барајте водство од Духот при планирањето средби, лекции и активности што имаат јасна цели. Овие цели би требало да ги зајакнат поединците и семејствата, да ги приближат до Христос и да им помогнат да го остварат Божјето дело за спасение и егзалтација (види поглавје 1 и 2).

4.2.8

Оценете ги Вашите Напори

Како водач редовно прегледувајте ги вашите одговорности и духовен раст. Размислете и за растот на оние што ги водите.

Вашиот успех како водач се мери првенствено преку вашата посветеност да им помогнете на Божјите чеда да станат верни следбеници на Исус Христос. Ќе дознете дека Господ е задоволен од вашите напори кога ќе почувствувате дека Духот работи преку вас.

4.3

Советите во Црквата

Господ ги упатил Неговите црковни водачи меѓусебно да се советуваат исполнувајќи го Неговото дело (види Учењата и Заветите 41:2–3). Советите обезбедуваат можности за членовите на советот да добијат откровение додека се обидуваат да ги разберат потребите на Божјите чеда и планираат како да им помогнат.

4.4

Начелата на Делотворни Совети

4.4.1

Цели на Советот

Советите ставаат посебен акцент на помагање на членовите да примаат обреди и да се држат до поврзаните со нив завети.

4.4.2

Подготовка за Состанок на Совет

Претседателствата и советите треба да се состануваат редовно. Овие водачи бараат од Господа водство при планирање на состаноците на советот. Тие исто така бараат придонес од членовите на совет за да одлучат за што да разговараат.

Водачите дозволуваат членовите на совет да бидат однапред запознаени за прашањата што треба да се расправаат. Членовите на совет се подготвуваат да ги споделат своите идеи за овие прашања.

4.4.3

Дискусија и Одлуки

За време на состанокот на совет, водачот (или некој што водачот го назначил) го објаснува прашањето што се разгледува. Водачот потоа поттикнува расправа меѓу сите членови на советот, поставувајќи прашања и предлог идеи.

Членовите ги споделуваат своите предлози и се слушаат едни со други со почит. Додека се обидуваат да ја спознаат волјата на Господ, духот на инспирација и единство може да надвладее.

Во совет составен од мажи и жени, водачот бара мислење и идеи и од двете страни. Жените и мажите често имаат различни гледишта, кои обезбедуваат потребен баланс.

Водачот ги води дикусиите на советот. Сепак, тој или таа треба повеќе да слушаат отколку да зборуваат.

По расправата, водачот може или да одлучува за курсот на дејствување или да ја одложи одлуката додека бара дополнителни информации и водство.

4.4.4

Единство

Членовите на совет се трудат да станат едно по желба на Небесниот Отец и Исус Христос. Тежнеат кон единство во нивните дискусии и одлуки.

4.4.5

Дејствување и Отчетност

Членовите на совет го извршуваат најголемиот дел од својата работа пред или после состанокот на совет. За време на состаноците, бараат инспирација во развивањето планови за спроведување на одлуките. Водачите на советот ги канат членовите да ги исполнат задачите поврзани со овие планови.

Членовите на совет поднесуваат извештај за сработеното. Напредокот генерално бара постојано внимание и последователни задачи.

4.4.6

Доверливост

Водачите користат дискреција кога споделуваат лични податоци со советот. Тие обично бараат дозвола од членот да ги споделат овие информации.

Членовите на советот не треба да споделуваат лични податоци надвор од советот, освен ако не се бара да исполнат задача од водачот на советот.

Некои работи се премногу чувствителни за да се изнесат пред целиот совет.