„9. Здружение за Помош,“ Извадоци од Општиот Прирачник (2023).
„9. Здружение за Помош,” Извадоци од Општиот Прирачник
9.
Здружение за Помош
9.1
Цел и Организација
9.1.1
Цел
Пророкот Џозеф Смит поучува дека целта на Здужение за Помош е да се спасат души и да се олесни страдањето
Мотото на Здружение за Помош е „Добротворноста никогаш не пропаѓа“ (1 Коринтјаните 13:8).
9.1.2
Членство во Здржение за Помош
Млади жена може да започне да присуствува во Здружението за Помош кога ќе наполни 18 години. На 19 годишна возраст, или кога ќе го напуштат домот, за да посетува универзитет или да служи мисија, таа треба да учествува во Здружение за Помош.
Мажени жени под 18 години се исто така членови на Здружение за Помош.
9.2
Учествување во Работата за Спасение и Егзалтација
9.2.1
Живеење на Евангелието на Исус Христос
9.2.1.2
Евангелско учење и Состаноци на Здружение за Помош
Состаноците се одржуваат секоја втора и четврта недела од месецот. Тие траат 50 минути. Претседателството на Здружение за Помош ги планира овие состаноци. Член на претседателството ги раководи.
Состаноците на Здружение за Помош се фокусираат на теми од еден или повеќе говори од најновата генерална конференција.
9.2.1.3
Активности
Претседателствата на Здружение за Помош може да планираат активности. Повеќето активности се одржуваат во други денови освен во неделите или понеделник навечер.
9.2.2
Грижа за оние кои имаат потреба од тоа
9.2.2.1
Служење
Сестрите ги примаат задачите за служба од претседателството на Здружението за Помош. За повеќе информации, види поглавје 21.
9.2.2.2
Краткорочни Потреби
Сестрите на служба се трудат да ги разберат и да одговорат на потребите на оние на кои им служат Членовите може да имаат потреба од краткорочна помош во време на болест, породување, губење на работното место, и други околности.
Кога има потреба, сестрите на служба параат помош од претседателството на Здружение за Помош.
9.2.2.3
Долгорочни потреби и Самостојност
Под координација на епископот, Здржението за Помош и кворумот на старешините им помагаат на членовите со долгорочни потреби и самостојност.
Претседателот на Здржението за Помош, претседателот на кворумот старешини, или други водачи му помагаат на лицето или семејството да развие План за Самостојност.
9.2.2.4
Кога Член на Оддел ќе Почине
Кога член на оддел ќе почине, претседателствата на Здржението за Помош и на кворумот старешини нудат утеха и помош. Под водство на епископот, тие можат да помогнат со погребот.
За повеќе информации, види 38.5.8.
9.2.3
Покана до сите да го примат евангелието
Претседателот на Здржението за Помош назначува член од претседателството да помогне при водење на мисионерската работа на членот од одделот. Таа работи со назначениот член на кворумот старешини за да ги координира ваквите напори (види 23.5.1).
9.2.4
Обединување на семејствата за вечност
Претседателот на Здржението за Помош назначува член од претседателството да помогне при водење на храмска и семејна историја на одделот. Таа работи со назначениот член на кворумот старешини за да ги координира ваквите напори (види 25.2.2).
9.3
Водачи на Здружението за Помош
9.3.1
Епископ
Епископот обично се среќава со Претседателот на Здржението за Помош еднаш месечно. Тие разговараат за делото за спасение и егзалтација, вклучувајќи ја и службата на сестрите на служба.
9.3.2
Претседателство на Здружение за Помош
9.3.2.1
Повикување на Претседателство на Здружението за Помош
Епископот повикува жена да служи како претседател на Здружението за Помош на оддел. Ако единицата е доволно голема, таа му препорачува на епископот една или две жени да служат како нејзини советнички.
Некои мали единици може да немаат претседател на Млади Жени или Основно. Во овие единици, претседателот на Здружението за Помош може да им помага на родителите да планираат упатства за млади и деца.
9.3.2.2
Одговорности
Претседателот на Здружението за Помош ги има следните одговорности Нејзините советници да ја придружуваат.
-
Да служи на советот на оддел.
-
Да ги води напорите на Здружението за Помош за учество во работата за спасение и егзалтација (види поглавје 1).
-
Да ја организира и да ја надгледува службата на сестрите на служба.
-
Под водство на епископот, се советува со повозрасните членови од одделот.
3:13 -
Да ги координира напорите на Здружението за Помош за да ги зајакне намажените и мажени млади возрасни сестри во одделот.
-
Да се сретне со секој член на Здружението за Помош поединечно најмалку еднаш годишно.
-
Да ја надгледува евиденцијата на Здружението за Помош, извештаите и финансиите (види LCR.ChurchofJesusChrist.org).
9.3.2.3
Состанок на Преседателството
Претседателството на Здружението за Помош и секретарот редовно се состануваат. Претседателот ги води овие состаноци. Дневниот ред би требало да ги вклучи следните точки:
-
План за тоа како да се зајакнат сестрите и нивните семејства.
-
Координирање на мисионерската работа и работата на храмска и семејна историја.
-
Одговарање на задачите од средбите на совет на оддел.
-
Разгледување на информациите добиени од интервјуата при служење.
-
Разгледување кои сестри треба да служат на повиците и задачите на Здружението за Помош.
-
Планирање на средбите и активностите на Задружението за Помош
9.3.3
Секретар
Претседателството на Здружението за Помош може да препорача сестра да служи на повикот секретар на Здружението за Помош.
9.4
Да им помага на Младите Жени да го примат Мелхиседековото Свештенство.
Претседателството на Здружението за Помош работи со млади жени, нивните родители и водачите на Млади Жени за да им помогне на младите жени да се подготват да учествуваат во Здружението за Помош.
Водачите исто така, обезбедуваат постојани можности за младите жени и сестри од Здружението за Помош за да развијат односи. Заедничко служење како сестри на служба е еден вреден начин за поврзување.
9.6
Дополнителни Упатства и Политики
9.6.2
Писменост
По потреба, претседателството на Здружението за Помош работи заедно со епископот, претседателството на кворумот старешини и советот на оддел за да им помогне на членовите да научат да читаат и да пишуваат.