„10. Кворуми на Ароново Свештенство,“ Извадоци од Општиот Прирачник (2023).
„10. Кворуми на Ароново Свештенство,“ Извадоци од Општиот Прирачник
10.
Кворуми на Ароново Свештенство
10.1
Цел и Организација
10.1.1
Цел
Целта на кворумот е да им помогне на носителите на свештенство да соработуваат за да го остварат делото за спасение и егзалтација.
10.1.2
Кворум на Ароново Свештенство Тема
„Јас сум сакан син Божји, и Тој има работа за мене.
„Со сето мое срце, сила, ум, ќе го сакам Бога, ќе се држам до моите завети и ќе го користам Неговото свештенство за да им служам на останатите, почнувајќи од мојот дом.
„Додека секојдневно се трудам да служам, да практикувам вера, да се покајам и да се подобрувам секој ден, ќе се квалификувам да ги примам благословите и трајната радост на евангелието.
„Ќе се подготвам да станам вреден мисионер, лојален сопруг и грижлив татко со тоа што ќе бидам верен следбеник на Исус Христос.
„Ќе го подготвам светот за Спасителовото враќање поканувајќи ги сите да дојдат кај Христос и да ги примат благословите од Неговото Помирување.“
10.1.3
Кворуми
10.1.3.1
Кворум на Ѓакони
Млад маж се придружува на кворумот ѓакони на почетокот на годината кога ќе наполни 12 години Во овој момент тие се подобни да бидат ракоположени за ѓакони ако се подготвени и достојни.
Должностите на ѓаконот се опишани во Учењата и Заветите 20:57–59; 84:111. Другите должности вклучуваат делење на сакраментот и асистирање на епископот во „служење во сѐ што е времено“ (Учењата и Заветите 107:68).
10.1.3.1
Кворум на Учители
Млади мажи се приклучуваат на кворумот на учители почнувајќи од јануари во годината кога ќе наполнат 14 години. Во овој момент тие се подобни да бидат ракоположени за ѓакони ако се подготвени и достојни.
Учителите ги имаат истите обврски како и ѓаконите. Тие исто така го подготвуваат сакраментот и служат како браќа на служба. Дополнителните обврски се опишани во Учењата и Заветите 20:53–59; 84:111.
10.1.3.3
Кворум на Учители
Млади мажи се приклучуваат на кворумот на свештеници почнувајќи од јануари во годината кога ќе наполнат 16 години. Во овој момент тие се подобни да бидат ракоположени за свештеници ако се подготвени и достојни.
Свештениците ги имаат истите обврски како ѓаконите и учителите. Дополнителните обврски се опишани во Учењата и Заветите 20:46–52, 73–79.
10.1.4
Клучеви на Свештенството
За дополнителни информации за овие клучеви, види 3.4.1.
10.1.5
Приспособување на Кворумите на Локалните Потреби
Во оддел или гранка со неколку млади мажи, Кворумите на Ароново Свештество може да се состануваат заедно за упатства и активности.
10.2
Учествување во Работата за Спасение и Егзалтација
10.2.1
Живеење на Евангелието на Исус Христос
10.2.1.2
Учење на Евангелието
Се одржуваат средби на Кворумот свешеници секоја втора и четврта недела од месецот. Тие траат 50 минути. Член на претседателство на кворум (или некој од асистентите на епископот од кворумот свештеници) ја води. Тој го води кворумот преку презентирање на темата и заеднички консултации за задачи, должности и други прашања.
Член на кворумот или возрасен водач ја води лекцијата за евангелието.
10.2.1.3
Служби и Активности
Службите и активностите треба да градат сведоштво, да зајакануваат семејства, да го негуваат единството во кворумот, и да обезбедат можности за благословување на другите.
Некои служби и активности треба да ги вклучат и младите мажи и младите жени, особено за постарите млади.
Годишни активности Освен редовните младински активности, младите мажи може исто така да учествуваат во следните активности секоја година:
-
Камп на Кворумот Ароново Свештество (види Водич за Кампување за Кворумот на Ароново Свештенство).
-
Младинска конференција за оддел и кол или Конференција За Силата на Младите (FSY).
10.2.1.4
Личен Развој
При нивните обиди да наликуваат сѐ повеќе на Спасителот, младите се покануваат да постават цели за духовен, општествен, физички и интелектуален раст (види Лука 2:52).
За повеќе информации, види ChildrenandYouth.ChurchofJesusChrist.org.
10.2.2
Грижа за оние кои имаат потреба од тоа
Носителите на Ароново Свештенство му асистираат на епископот во „служење во сѐ што е времено“ (Учењата и Заветите 107:68). Тие мора да имаат редовни можности за служење на другите во и заедно со семејството, за време на младинските активности, и самостојно.
10.2.2.1
Служење
Носителите на Ароново Свештенство добиваат задачи за служење почнувајќи од јануари во годината кога ќе наполнат 14 години. За повеќе информации, види поглавје 21.
10.2.3
Покана до сите да го примат евангелието
Носителите на Ароново свештенство имаат задача да „ги поканат сите да дојдат при Христа“ (Учењата и Заветите 20:59).
Родителите и водачите ги охрабруваат младите мажи да се подготват за служба на полновремена мисија и да го споделуваат евангелието во текот на нивниот живот.
10.2.4
Обединување на семејствата за вечност
Носителите на Ароново Свештенство може да обединат семејства за вечност на многу начини.
-
Да ги почитуваат своите родители и да постават пример за Христолико живеење во нивниот дом.
-
Да се подготват да примат храмски обреди, вклучувајќи вечен брак.
-
Да ги идентификуваат предците на кои им се потребни храмски обреди (види FamilySearch.org).
-
Да учестуваат во крштевки и потврдувања за починати лица онолку често колку што околностите го дозволуваат тоа.
10.3
Претседателство на Епископија
Главна одоговорност на епископот е да се грижи за младите мажи и жени во неговиот оддел. Ги учи нивните имиња и ги разбира нивните домашни околности. Редовно присуствува на нивните актиности и неделни средби.
Епископот е претседателот на кворумот Свештеници.
Првиот советник во претседателството на епископија има одговорност за кворумот учители. Вториот советник ја има одговорноста за кворумот ѓакони.
Претседателството на епископија ги има следните дополнителни одговорности за кворумите на Ароново Свештенство.
-
Да се среќава со секој млад маж најмалку двапати годишно (види 31.3.1).
-
Да им помага на младите мажи да го примат Мелхиседековото Свештенство.
-
Да ги надгледува записите, извештаите и финансиите за кворумите на Ароново Свештенство.
Советниците и стручњаците од кворумот помагаат да се исполнат овие задачи по потреба.
10.4
Водачи на Кворумот Млади
10.4.1
Повикување, Поддржување и Издвојување
Епископт повикува еден или двајца свештеници да бидат негови асистенти во водењето на кворумот свештеници.
Член на претседателство на епископија го повикува ѓаконот и претседателот на кворумот учители. Кога постои доволен број носители на Ароново Свештенство за служба, овие млади мажи молитвено размислуваат кои членови на кворумот да добијат препорака за советници и секретари.
Откако ќе се упатат овие повици, член на претседателството на епископија ги претставува водачите на кворумот млади за поддржување на средбата на кворум. Епископот ги издвојува неговите асистенти и ѓаконите и претседателите на кворумот учители. Тој ги доделува клучевите на свештенство на кворумот на Претседатели. Може да назначи негови советници да издвојат други членови и секретари на претседателството.
10.4.2
Одговорности
-
Да ги води напорите на кворумот да учествува во работата за спасение и егзалтација (види поглавје 1).
-
Да го запознае и да му служи на секој член на кворумот, вклучувајќи ги и оние кои не присуствуваат на кворумските состаноци.
-
Да служи на советот на млади на оддел (види 10.4.4).
-
Да ги поучува членовите на кворум за нивните свештенски обврски (види Учењата и Заветите 107:85–88).
-
Да ги планира и да раководи со кворумските состаноци (види 10.2.1.2).
-
Да планира и да ја спроведува кворумската служба и активности (види 10.2.1.3).
10.4.3
Состаноци на Претседателство на Кворум
Претседателствата на Кворумот на Ароново Свештенство редовно се состануваат Претседателот на кворум ги води овие состаноци. Најмалку двајца возрасни—член на претседателството на епископија, советник, или стручњак.
10.4.4
Младинскиот Совет на Оддел
Види 29.2.6 за повеќе информации за младинскиот совет на оддел.
10.8
Дополнителни Упатства и политики
10.8.1
Заштита на Младите
Кога возрасните комуницираат со млади луѓе во црковен амбиент, треба да бидат присутни најмалку двајца одговорни возрасни лица.
Сите возрасни кои работат со млади мора да ја завршат обуката за заштита на деца и млади во рок од еден месец откако ќе бидат поддржани (ProtectingChildren.ChurchofJesusChrist.org).