Крштавање и Светиот Дух.
Вера во Исус Христос и покајание ве подготвуваат за крштавање и примање на Светиот Дух. Исус Христос поучуваше дека сите мора да бидат крстени со вода и со Духот (Светиот Дух) за простување, односно прошка за гревовите. Преку крштавање од оној што ја има свештенската власт и преку примање на Светиот Дух, ќе бидете духовно преродени.
Зошто Треба Да Бидам Крстен?
Исус Христос го постави примерот за нас со тоа што беше крстен да „ја исполни сета праведност“Матеј 3:15 Кога сте крстени, добивате опростување за вашите гревови Дела 2:38). Склучувате завет, односно ветување, со Бог: ветувате да го прифатите Исус Христос како ваш Спасител, да го следите, и да ги одржувате Неговите заповеди. Ако го исполните вашиот дел, Вашиот Небесен Отец ветува дека ќе ви ги прости гревовите. Кога сте крстени од соодветна власт, вашите гревови се измиени.
Крштавањето вклучува кратко потопување во вода. Така беше крстен Исус Христос. Крштавање со потопување е свет симбол на смртта, погребот, и Воскреснувањето на Исус Христос; го претставува крајот на вашиот стар живот и почетокот на еден нов живот како следбеник на Исус Христос.
Зошто треба да го примам Светиот Дух?
Додека крштавањето ве чисти од вашите гревови, Светиот Дух осветува, односно ве прочистува. Доколку останете верни на заветите за крштавање, можете секогаш да го имате Светиот Дух со вас…Сите добри луѓе можат да го почувствуваат влијанието на Светиот Дух, но само оние кои се крстени и кои го примат Светиот Дух го имаат правото на Неговата постојана придружба низ животот.
Светиот Дух ви помага да ја препознаете и разберете вистината. Тој овозможува духовна сила и инспирација. Тој ве утешува во тешки времиња и ве води при донесувањето одлуки. Можете да ја почувствувате љубовта и влијанието на Бог во вашите секојдневни животи преку Светиот Дух.
Вашата способност да уживате во овој божествен дар зависи од вашата послушност на Божјите заповеди. Светиот Дух не може да остане со оние кои не живеат според Божјите учења. Тие ја губат привилегијата за Неговото водство и инспирација. Секогаш стремете се да бидете достојни за придружбата и насоката од Светиот Дух.
Го примате Светиот Дух после крштавањето. Во еден обред наречен потврдување, еден или повеќе овластени носители на свештенството ги положуваат нивните раце врз вашата глава. Ве потврдуваат за член на Црквата и ве благословуваат да го примите Светиот Дух. Обредот вообичаено се одржува при богослужба после крштавањето. Кога сте крстени и потврдени, станувате член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.
Сакраментот
Откако ќе се крстите, можете да ги обновите вашите завети за крштавање секоја недела земајќи од сакраментот. За време на службата за сакрамент, леб и вода се благословени и дадени на собранието како потсетник на Помирувањето на Исус Христос. Лебот го претставува Неговото тело, а водата ја претставува Неговата крв. Додека ги обновувате заветите за крштавање, ви се ветува дека ќе го имате Духот, односно Светиот Дух, со вас секогаш.