Што е Евангелието на Исус Христос?
Евангелието на Исус Христос е планот на нашиот Небесен Отец за среќата и спасението* на Неговите деца. Се нарекува евенгелието на Исус Христос бидејќи Помирувањето на Исус Христос е во центарот за овој план. Според Неговиот план, нашиот Небесен Отец го испрати Неговиот Син, Исус Христос, во светот да ни покаже како да живееме значајни и среќни животи и да искусиме вечна радост после овој живот. Преку благодатта и милоста на Исус Христос, можете да се исчистите од грев и да уживате со мирна совест. Можете да станете достојни да живеете во присуството на Небесниот Отец после овој живот.
За да го добиете овој мир и сила, морате да учите и да ги следите принципите и обредите на евангелието. Принцип е вистина која може да биде применета во животот; обред е свет, формален чин изведен преку власта на свештенството и често е начин за да се влезе во завет со нашиот Небесен Отец. Првите принципи на евангелието се вера во Исус Христос и покајание. Првите обреди на евангелието се крштавање и примање на Светиот Дух.
Откако ќе ги научите и следите првите принципи и обреди на евангелието, барате да го следите примерот на Исус Христос низ остатокот од вашиот живот. Оваа постојана верност се нарекува „издржување до крај.“