Наставни Памфлети
Покајание


Покајание

Нежен Исцелител

Исус им нуди мир на сите што ќе се покајат.

Верата во Исус Христос ве тера да сакате да го промените животот на подобро. Додека го проучувате евангелието, признавате дека сте грешеле, односно дека сте дејствувале против волјата и учењата на Бог. Преку покајание, ги менувате тие мисли, желби, навики, и постапки кои не се во хармонија со Божјите учења. Тој ви ветува дека кога ќе се покаете, Тој ќе ви ги прости гревовите. Кога се покајувате вие:

престанувате дека сте грешеле и чувствувате искрена тага за тоа што сте го сториле.

Престанете да го правите тоа што е погрешно и стремете се никогаш повеќе да не го правите.

Ги исповедате вашите гревови на Господ и барате прошка. Правејќи го тоа се ослободува тежок товар. Ако сте грешеле против друга личност, тогаш исто така барате прошка од таа личност.

Направете надоместок Напревете се што можете да ги поправите проблемите кои вашите постапки можеби ги предизвикале.

Одржувајте ги заповедите. Покорувањето на Божјите заповеди ја носи моќта на евангелието во вашиот живот. Евангелието ќе ви даде сила да престанете со вашите гревови. Одржувањето на заповедите вклучува вршење служба, простување на другите, и присуствување на црковни средби.

Признајте го Спасителот. Најважниот дел од покајанието е сфаќањето дека простувањето доаѓа поради Исус Христос. Понекогаш можеби сте почувствувале дека Бог нема да прости сериозни гревови. Но Спасителот страдаше за нашите гревови за да можат да бидат оставени позади нас, дури и оние сериозните. Резултатот на вистинското покајание е простување, мир, утеха, и радост.

Покајанието секогаш не значи правење на големи промени. Честопати бара едноставно зголемена посветеност да се живее според Божјата волја. Вистинското покајание не секогаш се случува веднаш; бидете трпеливи со самите себеси додека се стремите да го правите тоа што е правилно и да ги исправите грешките кои ги правите. Додека се покајувате, ќе искусите промена на чувствата. Веќе нема да посакувате да грешите. Ќе сфатите дека сте Божјо дете и дека не треба да продолжите да ги правите истите грешки повторно и повторно. Вашата желба да го следите Бог ќе се засили и продлабочи.