Наставни Памфлети
Листа на поими


Листа на поими

БлагодатБожествена помош и сила дадени преку милоста и љубовта на Исус Христос. Преку Неговата благодат, овозможена со Неговото Помирување, целото човештво ќе воскресне. Преку Неговата благодат, оние кои постојано се покајуваат и живеат според Неговото евангелие ќе почувствуваат трајна блискост со нивниот Небесен Отец во овој живот и животот во Негово присуство после овој живот.

ЗаветДоговор помеѓу Бог и Неговите деца. Бог ги поставува условите за заветот, а ние се согласуваме да му се покориме на Него. Бог ветува одредени благослови за нашата покорност.

КрштавањеСуштински чекор во добивање простување за гревови. Преку крштавање и потврдување од свештенска власт, стануваме членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Крштавањето е преку потопување, што значи дека личноста која е крстена е кратко потопена во вода. Крштавањето ја покажува нашата спремност да го следиме примерот на Христос и да склучуваме завети со Бог.

ОбредСвет, формален чин изведен со власта на свештенството. Примерите вклучуваат крштавање, примање на Светиот Дух, и сакраментот. Обредите се често начин да се влезе во завети со Бог.

ПомирувањеНастанот кој ни овозможува да бидеме помирени со Бог. Да се помири е да се страда од казната за грев, така што се отстрануваат ефектите на грев од покајничките грешници. Исус Христос беше единствениот способен да направи едно совршено Помирување за целото човештво. Неговото Помирување ги вклучуваше Неговото страдање за нашите гревови, пролевањето на Неговата крв, и Неговата смрт и Воскреснување. Поради Помирувањето, сите што живееле ќе бидат воскреснати. Помирувањето исто така ни овозможува начин да ни биде простено за нашите гревови и да живееме заедно со Бог засекогаш.

ПотврдаНачин на кој една личност го прима Светиот Дух. Во овој обред, кој вообичаено се одржува при средбата за сакрамент кратко после крштавањето, личноста е потврдена, односно прогласена, за член на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

СакраментОбред кој ги потсетува членовите на Црквата на Помирувањето на Исус Христос. Земајќи од сакраментот, ги обновуваме заветите кои ги правиме при крштавање. Лебот и водата се благословени и дадени на собранието. Лебот го претставува телото на Исус Христос, а водата ја претставува Неговата крв. Овој обред се случува секоја недела при богослужба наречена средба за сакрамент.

СпасениеИзбавување од грев и смрт. Спасението е овозможено со Помирувањето на Исус Христос. Преку Воскреснувањето на Исус Христос, сите ќе можат да ги надминат ефектите на смртта. Ние исто така можеме да бидеме спасени од ефектите за нашите гревови преку вера во Исус Христос. Оваа вера се прикажува во живот со покајание и покорување на законите и обредите на евангелието и службата на Христос.