Вера во Исус Христос
Верата е силно верување кое ја мотивира личноста да дејствува. Верата која води до простување на гревовите е во центарот на Исус Христос чие Помирување го овозможува простувањето. Верата во Исус Христосо е повеќе отколку пасивно верување во Него. Тоа значи да се верува дека Тој е Син на Бог и дека Тој страдаше за вашите гревови, маки, и слабости. Тоа значи да се дејствува врз тоа верување. Верата во Исус Христос ве води да го љубите Него, да му верувате, и да им се покорите на Неговите заповеди.