Прирачници и Повици
11. Млади Жени


„11. Млади Жени,” Извадоци од Општиот Прирачник (2023).

„11. Млади Жени,” Извадоци од Општиот Прирачник

млади жени надвор

11.

Млади Жени

11.1

Цел и Организација

11.1.1

Цел

Организацијата Млади Жени им помага на младите жени да склопат и да се држат до светите завети и да го продлабочат нивното преобратување кон Исус Христос и Неговото евангелие.

11.1.2

Теми за Млади Жени

„Јас сум сакана ќерка на небесни родители, со божествена природа и вечна судбина.

„Како следбеник на Исус Христос, се трудам на станам како Него. Барам и постапувам според лично откровение и им служам на другите во Неговото свето име.

„Ќе стојам како Божји сведок во секое време и за сите работи и на сите места.

„Додека се трудам да се квалификувам за егзалтација, го негувам дарот на покајание и се трудам да се подобрувам себе си секој ден. Со вера, ќе го зајакнам мојот дом и семејство, ќе склучувам и ќе се држам до светите завети, и ќе ги примам обредите и благословите на светиот храм.“

11.1.3

Класови

Млади жени стануваат членови на класот Млади Жени почнувајќи од јануари во годината кога ќе наполнат 12 години.

Претседателствата на епископија и водачите на повозрасни Млади Жени молитвено одлучуваат како да ги организираат класовите според возраста. Секој клас, без разлика на големината, треба да има претседател и онаму каде што е можно, еден или двајца советници и секретарка.

11.2

Учествување во Работата за Спасение и Егзалтација

11.2.1

Живеење на Евангелието на Исус Христос

11.2.1.2

Учење на Евангелието

Класните состаноци се одржуваат втората и четвртата недела од месецот Тие траат 50 минути. Член на претседателството на класот ги раководи. Тaa го води класот преку презентирање на темата и заеднички консултации за задачи и други прашања.

Член на клас или возрасен водач потоа ја води лекцијата за евангелието.

11.2.1.3

Служби и Активности

Службите и активностите треба да градат сведоштво, да зајакануваат семејства, да го негуваат единството во класот, и да обезбедат можности за благословување на другите.

Некои служби и активности треба да вклучуваат и млади мажи и млади жени, особено за повозрасните млади.

Годишни активности. Покрај редовните младински активности, младите жени можат да учествуваат и во следните активности секоја година:

  • Камп за Млади Жени (види Водич за Кампување Млади Жени).

  • Младинска конференција за оддел и кол или Конференција За Силата на Младите (FSY).

11.2.1.4

Личен Развој

При нивните обиди да наликуваат сѐ повеќе на Спасителот, младите се покануваат да постават цели за духовен, општествен, физички и интелектуален развој (види Лука 2:52).

За повеќе информации, види ChildrenandYouth.ChurchofJesusChrist.org.

11.2.2

Грижа за оние кои имаат потреба од тоа

Младите Жени треба да имаат редовни можности да им служат на другите во и со нивните семејства, за време на младинските активности, и сами.

11.2.2.1

Служење

Млади жени може да добиваат задачи за служба почнувајќи од јануари во годината кога ќе наполнат 14 години. За повеќе информации, види поглавје 21.

11.2.3

Покана до сите да го примат евангелието

Млади жени ги повикуваат сите да „стоите како сведоци на Божји во сите времиња и во сѐ“ (Мосија 18:9).

Родителите и водачите можат да им помогнат на младите жени да се подготват да го споделуваат евангелието во текот на нивниот живот.

11.2.4

Обединување на семејствата за вечност

Млади Жени може да помогнат да се обединат семејствата за вечност на многу начини.

  • Да ги почитуваат своите родители и да постават пример за Христолико живеење во нивниот дом.

  • Да се подготват да примат храмски обреди, вклучувајќи вечен брак.

  • Да ги идентификуваат предците на кои им се потребни храмски обреди (види FamilySearch.org).

  • Да учестуваат во крштевки и потврдувања за починати лица онолку често колку што околностите го дозволуваат тоа.

11.3

Раководство на оддел Млади Жени

11.3.1

Претседателство на Епископија

Најважна одговорност на епископот е да се грижи за младите жени и младите мажи во неговиот оддел. Тој и неговите советници ги учат нивните имиња и ги рабираат нивните домашни околности. Тие се среќаваат со секој млад маж најмалку двапати годишно (види 31.3.1).

Епископот има одговорност за организацијата Млади Жени за одделот. Тој редовно се среќава со претседателот на Млади Жени.

Епископот и неговите советници редовно учествуваат на состаноците, службата и активностите на Млади Жени.

11.3.2

Претседателство повозрасни Млади Жени

Епископот повикува и издвојува повозрасна жена да служи како претседател на организацијата Млади Жени за оддел. Ако единицата има доволен број жени, таа дава препорака една или две повозрасни жени да бидат повикани како нејзини советници (види поглавје 30).

Во помала единица, претседателот на Млади Жени може да биде единствениот повикан повозрасен водач во организацијата Млади Жени. Во овој случај, таа работи со родителите за да организира настава и активности за младите жени.

Ако гранката нема претседател на Млади Жени, претседателот на Здружение за помош може да организира настава за младите жени сѐ додека не биде повикан претседател на Млади Жени.

Претседателот на Млади Жени ги има следните одговорности. Нејзиниот советник да и помага.

  • Да служи на советот на оддел.

  • Да служи како член на советот на млади на оддел (види 29.2.6).

  • Да служи на поединечни млади жени.

  • Да ги поучи другите водачи на Млади Жени и претседателства на клас на одговорностите.

  • Да се советува со младите жени за предизвиците за кои не е потребен епископот или не вклучуваат злоупотреба (види 32.3, 31.3.1, и 38.6.2).

11.3.4

Претседателства на Клас и Секретари

11.3.4.1

Повикување, Поддржување и Издвојување

Секој клас на Млади Жени треба да има претседателство на клас.

Член на претседателство на епископија повикува млада жена да служи како претседател на клас Кога им доволен број на жени кои служат, таа молитвено размислува кој од членовите на класот да бидат препорачани за советници и секретар.

Откако ќе се упатат овие повици, член на претседателството на епископија ги претставува младите жени пред нивниот клас за поддржување. Епископ или назначен советник ги издвојува младите жени.

11.3.4.2

Одговорности

Претседателите на клас служат во советот на млади на оддел (види 11.3.4.4). Претседателствата на клас ги имаат и следните одговорности:

  • Ги водат напорите на класот за учество во работата за спасение и егзалтација (види поглавје 1).

  • Се запознаваат и ѝ служат на секоја млада жена, вклучувајќи ги и оние кои не присуствуваат на состаноците на клас.

  • Ги планираат и ги водат неделните класни средби (види 11.2.1.2).

  • Ги планираат и ги спроведуваат класните активности и служби (види 11.2.1.3).

11.3.4.3

Состаноци на Претседателство на Клас

Претседателствата на класот Млади Жени се среќаваат редовно. Претседателот на клас ги води овие средби Водачите на повозрасните Млади Жени назначени да ги поддржуваат претседателствата на клас исто така присуствуваат.

11.3.4.4

Совет за Млади на Оддел

Види 29.2.6 за повеќе информации за совет на млади за оддел.

11.6

Дополнителни Упатства и Политики

11.6.1

Заштита на Младите

Кога возрасни меѓусебно комуницираат со младите во црковен амбиент, треба да бидат присутни најмалку двајца одговорни возрасни. Може да биде неопходно да се комбинираат класови за да се овозможи ова.

Сите возрасни кои работат со млади мора да ја завршат обуката за заштита на деца и млади во рок од еден месец откако ќе бидат поддржани (ProtectingChildren.ChurchofJesusChrist.org).