Како Можам да Продолжам да Учам во Црквата?
Учењето и живеењето според евангелието на Исус Христос се доживотни активности. Вие не мора да чувствувате дека треба да знаете сѐ за евангелието пред да бидете крстени или дури и по крштавањето. Вашето знаење и разбирање на евангелието ќе се зголемува со текот на времето и вложениот напор, сѐ додека се потпирате на Спасителот, се каете за сопствените гревови, и тежнеете да продолжите со учењето и служењето. Членовите на Црквата континуирано учат и созреваат заедно.
Вие ќе научите повеќе за евангелието и Божјата волја за вас кога Му оддавате почит преку молитва, учење на евангелието, и запазување на денот Сабат.
Лично и Семејно Учење за Евангелието
Ве охрабруваме да учите од светите писма секојдневно, индивидуално и со вашето семејство. Дневните молитви и yчење од светите писма ве носат поблиску до Бог и го зајакнуваат вашето сведоштво. Сведоштво е духовен сведок даден на поединец од Светиот Дух. Молењето и читањето на светите писма го канат Светиот Дух во вашиот живот. Советот даден од Светиот Дух е важен за вашето учење во Црквата, зашто „преку моќта на Светиот Дух вие може да ја знаете вистината за сите нешта“ (Морони 10:5). Молитва и учење на светите писма ви дозволува да стекнете понатамошно разбирање за евангелието преку лично откровение, или комуникација од Бог, што доаѓа од Светиот Дух.
Црквата ви помага во учењето на евангелието преку обезбедување на онлајн ресурси како што се светите писма, пораките од живите пророци, и други матерјали за подигање на духот (види ChurchofJesusChristof.org за повеќе дигитални ресурси за учење). Вие исто можете да купите ефтини примероци од светите писма, црковни магазини, и други црковни ресурси.
Додека Црквата обезбедува многу можности за учење на евангелието, домот е најважното место за оваа активност. Членовите на Семејството имаат одговорност меѓусебно да се зајакнуваат и духовно да се поддржуваат. Светиот Дух може да ви помогне да дознаете како да му служите на вашето семејство. Родителите имаат специјална задача да ги одгледуваат нивните деца во љубов и праведност. Тие треба да ги „научат [нивните деца] да се сакаат и да си служат меѓусебно, да ги почитуваат заповедите на Бог, и да бидат граѓани-почитувачи на законот каде и да живеат“ („Семејството: Проглас кон Светот,“ Енсајн или Лиахона, Ноем. 2010, 129).
Семејна Домашна Вечер
Црквата ги охрабрува семејствата да го резервираат понеделник навечер за семејна вечер. Ова е познато како Семејна домашна вечер. Семејна домашна вечер им дозволува на семејствата да го учат евангелието и уживаат во возбудливи активности заедно. Тоа е исто така време наменето за молење, пеење песни, читање од светите писма, и водење дискусии за теми поврзани со вашите семејни потреби. За дополнителни ресурси кои ќе ви помогнат да се подготвите за вашата семејна домашна вечер, посетете ја ChurchofJesusChrist.org/topics/family-home-evening.
Многу конгрегации нудат домашни вечерни активности за невенчани возрасни поединци кои немаат семејство во близина.