Како Можам да Служам во Црквата?
Бог ви дал посебни таленти и дарови што може да ги користите за поддршка на вашата локална конгрегација, за да и помогнете на вашата заедница, и да им служите на Божјите деца насекаде. Го следите примерот на Исус Христос како што настојувате да ги задоволите индивидуалните потреби на секоја личност одделно. Некои од најважните служења што ќе ги дадете ќе бидат неформални, едноставни чинови на љубезност и љубов кон поединци без некој да го побара тоа од вас или да ве задолжи тоа да го направите. Вие може да им помогнете на другите да ја почувствуваат љубовта на Бог и да го достигнат сопствениот потенцијал додека го споделувате вашето време, таленти и добра за задоволување на нивните потреби. Дел од вашата лична надградба и учење ќе дојде додека служите во Црквата и им помагате на другите да научат и созреат исто така. Како што ги запознавате другите во вашата локална конгрегација, ќе воочите дека имате многу што да им понудите.
Повици во Црквата
По крштавањето, вие може да добиете повик, или формална задача да служите во Црквата. Бог ги знае вашите јаки и слаби страни. Тој има личен план за да ви помогне да се развиете во личност за која Тој знае дека може да станете. Како дел од тој план, Бог им дава инспирација на лидерите од Црквата да ви доделуваат повици за кои Тој знае дека ќе ве благословат и ќе ви дозволат да благословувате други. Служењето при повици може да ви помогне да стекнете ново знаење, вештини, и пријателства. Црковните лидери ќе ви дадат упатства, насока и поддршка за да ви помогнат да уживате во вашиот повик и успешно да го исполните. Како што се молите за помош, Светиот Дух ќе ви даде инспирација, насока и утеха.
Господ вети, „ Доколку тие се понизат пред мене, и имаат вера во мене, тогаш ќе направам нивните слаби нешта да им станат јаки“ (Етер 12:27). Господ ќе ве зајакне при вашите напори да служите.
Процесот на Примање Повици
Цркватата е заедница на љубов и поддршка. Нема да бидете сами додека се стремите да служите во вашиот повик. Откако ќе прифатите повик, членовите на вашата конгрегација ќе укажат на сакрaменталниот состанок дека се согласни да ве прифатат, или поддржат, во вашиот повик. Членовите ја покажуваат оваа поддршка со кревање на нивната десна дланка кога ќе бидат поканети да го сторат тоа од член на епископијата или член на претседателството на гранка/огранок.
Како член на Црквата, вие можете исто да поддржите други во нивните повици на различни начини. На пример, може да учествувате на часови и активности подготвени од други, да се молите за нив, да волонтирате кога ќе побарат помош во нивните повици, или да ги зајакнете оние кои можеби се мачат. Може да ги поддржите вашите црковни лидери со следење на советите што ги даваат. Поддржување на други е еден начин на служење.
По примање на повик, вие исто така ќе бидете одвоени од свештенски лидер. Кога вие сте одвоени, примате посебен свештенски благослов. Овој благослов ви дава овластување од Бог да добивате инспирација и да ги извршите задачите од вашиот повик.
Сите повици се еднакво важни и помагаат при градење на Господовата Црква. Служење во Црквата е волонтерско и неплатено. Освен повикот мисионер со полно работно време, најголем број повици не бараат посветеност со полно работно време. Членовите продолжуваат да работат на нивните кариери или работни места додека служат во Црквата. Повиците не вклучуваат промоција или деградација, и членовите не треба да имаат аспирации кон одредени повици.
Промените во повиците дозволуваат многу луѓе да служат со различни капацитети. Црковните лидери може да добијат инспирација да ве повикаат на различни повици и да ве ослободат од постојаниот. Штом сте ослободени, вие повеќе немате одговорност за обврските од вашиот претходен повик и сте достапни да ги преземете одговорностите на новиот повик. Вашата конгрегација може да го потврди вашето ослободување и да ви заблагодари за вашето служење на сличен начин на кој бевте поддржани.