Области за Служба во Црквата
Црквата е организирана да помогне во задоволување на специфичните потреби на мажите, жените, младите, и децата. Сите возрасни се членови или на свештенски кворуми (групи на мажи) или на Здружение за Помош (организацијата за жени). Свештенските кворуми и Здружение за Помош се состануваат редовно, вклучително и во недела, да го поучуваат евангелието, да се охрабруваат едни со други, и да планираат начини како да им служат и да им помагаат на другите. Вие може да примите повик да водите, поучувате, помагате со музиката, или да обезбедите служба во свештенски кворум или Здружение за Помош.
Голема одговорност на Црквата е да им помага на родителите во учењето и грижата за децата и младите во Црквата. Вие може да добиете повик да помагате во учењето или организацијата на активности за деца на возраст од 12 години во организацијата Основно, или за млади на возраст 12–18 год. во организациите Млади мажи (Ароново свештенство) или Млади жени . Младите и децата можат исто да бидат повикани или да добијат краткорочни задачи да водат, зборуваат, учат или служат. Во прилог, Неделното Училиште организира класови за учење за евангелието за сите млади и возрасни, и вие може да бидете повикани да поучувате или да ги организирате овие класови.
Здружението за Помош, Основно, Млади мажи, Млади жени, и Неделното Училиште како организации се нарекуваат помошни. Помошните организации работат со организацијата на свештенството при извршување на работата на Црквата.