Наставни Памфлети
Служење


Служење

маж во посета на пар и две мали деца

Службениците споделуваат духовни пораки со семејството.

Членовите исто така им служат на други преку домашна посета или при посетување настава. Служење дома и Служење при Посета се програми кои помагаат да се обезбеди сите во Црквата да бидат згрижени. Мажите свештеници им служат на поединци и семејства. Жените во Здружение за Помош се службенички на други жени. Службениците служат во придружби.

Преку инспирација, придружници се назначуваат на поединци и фамилии кои ги посетуваат редовно. Кога вашите службеници учители ќе ве посетат, тие може да се молат со вас и да споделуваат духовни пораки. Тие може исто така да бараат други начини да ви служат и да ви помагаат. Cлужбениците кои имаат Мелхиседековото Свештенство по потреба може исто така да дадат свештенски благослови. Вие може да им се обратите на вашите службеници кога имате прашања или ви е потребна поддршка.

По крштавањето, вие може исто така да служите. Вашиот придружник службеник ќе ви помогне да дознаете што треба да правите. Додека им помагате и ги поддржувате оние кои имаат задача да поучуваат, вие можете да негувате пријателства, да им помагате на другите да се приближат кон Бог, и да ги благословувате животите на другите.